Економија
СДСМ: Се грижиме за земјоделците, 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година
И во време на светска економска криза СДСМ, преку Владата и надлежното министерство што ги предводи, продолжува со вистинска поддршка за сите земјоделци. Воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денара по килограм, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека оваа мерка ќе ја користат земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино или, пак, е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.
Низ инклузивен пристап и дијалог со лозарите и винарниците успеавме оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто, што е особено важно во кризна година.
Оваа година грозјето од сортата смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, додека вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.
Со дополнителните мерки на овие веќе договорени и гарантирани цени од 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус два денара, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15, односно 17 денари.
Преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, предвидена е и поддршка за винарииите, а корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино.
Финансиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува од два до четири денари по литар во зависност од видот и големината на амбалажата на виното.
Продолжуваме да реализираме мерки и политики кои овозможуваат директна помош за земјоделците и зголемено домашно земјоделско производство, се вели во соопштението од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика
РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар и најголем дел од стопанството добива електрична енергија од РЕС, објави Регулаторната комисија за енергетика.
РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а другиот дел го делат други 20 снабдувачи.
Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија или 28,84 % од вкупната енергија на слободниот пазар, а во снабдувањето на големите субјекти држи дури 34 % од пазарот.
Освен на големите потрошувачи, РЕС им дава исклучително поволни и поевтини понуди за снабдување и на малите потрошувачи и нивниот број во балансната група на РЕС постојано расте, особено од почетокот на 2024 година.
Компанијата во моментот бележи уште повисоки резултати и снабдува над 900 клиенти, со предвидена годишна количина од речиси 700.000 MWh електрична енергија.
РЕС е формиран 2022, а годинава се најде на листата на топ-100 компании со најголема добивка во 2023 година.
ПР