Економија
На седница на КОМП намален понудениот износ на благајнички записи
На седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) е одлучено да се намали износот на благајничките записи што банките може да ги запишат кај централната банка при задржување на основната каматна стапка на непроменето ниво. На седницата беа разгледани најновите показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Притоа беше одлучено на аукцијата што ќе се одржи на 15 април 2020 година понудата на благајничките записи да се намали 8.000 милиони денари во однос на достасаниот износ. Следствено, на аукцијата ќе бидат понудени 17.000 милиони денари по непроменета каматна стапка од 1,75 отсто. Средствата ослободени со намалената понуда кај благајничките записи се очекува да придонесат за натамошна поддршка на македонската економија преку одржување на кредитните текови и на кредитниот циклус од страна на банкарскиот систем. Ваквите мерки следуваат по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со кои се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со кои се ослободува дополнителна ликвидност и се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата. Обезбедувањето дополнителна ликвидност е особено важно имајќи ја предвид специфичноста на шокот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.
По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во два наврата оваа година, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,75 отсто. Појавата на новата вирусна инфекција Ковид-19 како неочекуван надворешен шок се очекува привремено неповолно да се одрази и врз глобалната и врз домашната економија. Во вакви околности, а во услови на солидни девизни резерви и ниска инфлација, монетарната политика на Народната банка од почетокот на годината го задржа приспособливиот карактер, при што основната каматна стапка беше намалена вкупно 0,5-процентни поени и се сведе на нивото од 1,75 отсто. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво како соодветно на тековните економски и финансиски услови.
На седницата беа разгледани и движењата на меѓународните финансиски пазари, кои се одликуваа со исклучително висока променливост и насоченост на инвеститорите кон безбедни вложувања. Следствено, забележан е изразен пад на цените на акциите со истовремено зголемување на цените на безбедните инструменти на историски највисоки нивоа. Валутниот пар евро/САД-долар има значително променливи движења, а падот на цената на нафтата продолжи во услови на висока глобална понуда на овој енергент при намалување на побарувачката. Со цел да се поддржи економската активност во условите што се поврзани со вонредните мерки за справување со коронавирусот поради што на глобално ниво има прекин на синџирите на понуда, застој во трговијата и предизвици во функционирањето на повеќето економски дејности, централните банки на најголемите економии пристапија кон значително олабавување на монетарните политики, а владите кон зголемување на фискалниот поттик.
Комитетот ги разгледа и најновите економски показатели во домашната економија. Последно расположливите податоци упатуваат на стабилни текови, но неизвесноста од идните макроекономски ефекти од пандемијата на Ковид-19 е голема. Расположливите високофреквентни податоци за економската активност за периодот јануари-февруари 2020 година засега упатуваат на продолжување на растот на економијата и во првиот квартал од годината, но ризиците за следниот период се неповолни. Во однос на инфлациските движења, заклучно со крајот на март, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 0,6 отсто, што и натаму е пониско остварување во однос на октомвриската проекција. Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, при што остварувањата во првото тримесечје од оваа година, генерално, се во согласност со очекувањата. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за март покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, без поголеми отстапувања од проекцијата за првиот квартал од годината.
И покрај засега стабилните текови, појавата на новата вирусна инфекција како неочекуван надворешен шок се очекува да се одрази врз домашната економија во повеќе сегменти, што ќе значи и поголемо отстапување од октомвриските проекции. Влошувањето на глобалното окружување и мерките преземени за спречување на ширењето на вирусот, ќе доведат до влошување на деловната активност кај дел од економските дејности и ќе влијаат врз очекувањата на економските субјекти за следниот период. Сепак, се оценува дека овие отстапувања не се предизвикани од поместувања во економските фундаменти и засега се очекува да бидат од привремен карактер.
Народната банка останува доследна на успешното спроведување на своите цели – одржување стабилни цени, стабилен девизен курс и одржување на финансиската стабилност, притоа давајќи поддршка на реалниот сектор преку обезбедување поволни финансиски услови. Како и досега, се продолжува со внимателно следење на развојот на настаните, како и на потенцијалните ризици од окружувањето и на нивните ефекти врз домашната економија заради соодветна и навремена реакција преку приспособување на политиките и преземање други дополнителни мерки доколку тоа е потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

