Контакт

Економија

Се зголемува цената на горивата

Објавено пред

Со одлуката денеска на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), од утремалопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар.

dobivaj vesti na viber

Новата малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,00 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит.

Одлуката ќе се применува од 00:01 часот на 17.12.2024 година.

Економија

Народната банка подготви насоки за банките и брошура за лицата со оштетен вид

Објавено пред

жжжНародната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и подобра информираност на овие корисници на банкарски услуги. Народната банка изработи и испечати и Брошура наменета за лицата со оштетен вид, којашто би придонесла за нивна поголема финансиска едукација и подобро информирање за нивните права.

dobivaj vesti na viber

На презентацијата на Насоките и Брошурата во Народната банка којашто се одржа пред претставниците на банките и надлежните институции, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска упати порака до институциите и банките заеднички да обезбедат интеграција и поддршка за лицата со попреченост во сите аспекти од животот, вклучително и во економската сфера и финансиите.

„Иако банките ја препознаваат потребата да ги приспособат начините на користење на услугите од страна на лицата со попреченост, сепак анкетата спроведена од Народната банка од почетокот на 2024 година, утврди дека се потребни поголем број шалтери и банкомати приспособени за лицата со попреченост, како и рампи за пристап до банкарските објекти. Потребно е да се унапредува и правната рамка во оваа област, односно да се подготват интерни акти со кои ќе се обезбеди подобра пристапност до финансиските услуги за лицата со попреченост. Според доставените одговори на анкетата, банките многу ретко обезбедуваат рекламни материјали за лицата со попреченост, специфично кредитирање осмислено за оваа група граѓани, како и специјални програми за финансиска едукација на лицата со попреченост. Овие податоци покажуваат дека ова претставува област во која мораме да работиме заедно“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска, повикувајќи ги банките да ги земат предвид Насоките и активно да работат на подобрување на пристапноста на своите услуги за лицата со попреченост.

Презентирајќи ги Насоките и Брошурата, директорката на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација во Народната банка, Елизабета Недановска, нагласи дека со олеснување на пристапот на лицата со попреченост до финансиски услуги значително ќе се зголеми нивниот потенцијал за економска независност и социјална интеграција.

„Во рамките на МБА, спроведовме анкета за пристапноста до финансиските услуги за лицата со попреченост од која добивме увид во состојбата во секторот и оттука произлегоа препораките и насоките за делување коишто секоја од институциите индивидуално ќе ги спроведува. Покрај тоа, во МБА е формиран и Комитетот за едукација, којшто предвидува обуки за вработените за примена на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и зајакнување на нивните комуникациски вештини“, истакна заменик-претседателот на Македонската банкарска асоцијација, Бојан Стојаноски.

„Вклучувањето на лицата со попреченост во банкарскиот сектор не е само обврска, туку и можност за банкарските институции да покажат дека се предводници во иновациите и општествената одговорност и вклученост. Преку ваквите чекори, можеме да создадеме поинклузивно општество каде што секој ќе има еднаков пристап до финансиски услуги. Да ги направиме нашите банки достапни за сите – затоа што сите заслужуваат да бидат дел од економскиот живот“, нагласи претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Лимко Бејзароски.

Според податоците од Светската здравствена организација, околу 15% од светската популација страдаат од одреден вид попреченост и овие луѓе често се борат со сиромаштија и невработеност. Оттаму, Народната банка во изминативе години презема активности за подобрување на пристапноста до финансиските услуги на лицата со попреченост, што како потреба е предвидено и во документите донесени од Народната банка, и тоа Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и Циркуларот за заштита на потрошувачите корисници на финансиски услуги. Заложбите се однесуваат на вклученост на лицата со попреченост, следејќи ги меѓународните стандарди и регулативи, како Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Економија

Power Talk Conference 2024: Дводневен настан, кој ги постави темелите за идни иновации во областа на енергетиката

Објавено пред

Неодамна заврши Power Talk Energy Conference, одржана на 4-5 декември 2024 година.

dobivaj vesti na viber

На факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ Скопје се оддржа конференцијата за енергетика „PowerTalk 2024“, а на едно место беа собрани водечки енергетски експерти и професионалци од Македонија, Шведска, Финска, Канада, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Конференцијата беше отворена од страна на деканот на универзитетот, а модерирана од универзитетски професори и се осврна на итни предизвици во управувањето со средствата со висок напон и доверливоста на мрежата.

Организирана од Меѓународната организација за развој на дигитални постројки, PowerTalk Energy Conference 2024 имаше за цел да создаде средина за соработка за унапредување на знаењето, споделување на најдобрите практики и поттикнување иновации во одржливото управување со енергијата.

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

45 години „Пекабеско“ се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника

Објавено пред

Македонскиот бренд Пекабеско годинава слави значаен јубилеј – 45 години од своето основање. Компанијата која преку успешна работа, препознатлив квалитет, инвестиции и иновации во производството, но и вистинска грижа за заедницата уште еднаш покажа дека ја заслужува лидерската позиција во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност.

dobivaj vesti na viber

„Децата се нашето најголемо богатство. Како општествено одговорна компанија, одлучивме финансиските средства во висина од 20 илјади евра наменети за прослава на 45годишниот јубилеј да ги пренамениме за набавка на медицински апарати за потребите на Детската клиника во Скопје. Би сакал да се заблагодарам за партнерството и професионалноста во овој процес на Министерството за здравство кое ги одреди приоритетните потреби со цел обезбедување поквалитетни услуги за новороденчињата и побезгрижно родителство за семејствата.“, изјави Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско по средбата со министерот за здравство, Арбен Таравари.

Со оваа донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника.

Дополнително, во соработка со Општина Илинден, Пекабеско обезбеди и донација од 10 илјади евра која ќе се намени за изградба на детско игралиште во Илинден, Општината во која во 2012 година Пекабеско отвори најсовремен производствено – логистичкиот центар, а во кој компанијата последниве 13 години инвестираше сопствени 28,3 милиони евра.

Овие активности се само дел од постојана грижа за заедницата на Пекабеско покажувајќи општествена свесност, но и колку високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари. Оваа македонска компанија перманентно ја зајакнува и својата општествено-одговорна компонента, гради партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и хуманистички активности.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба до Министерството за внатрешни работи да распише потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена за Артан Груби и за Прпарим Бајрами

Скопскиот кривичен суд им одреди мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Прпарим Бајрами. „По добиено известие од...

Македонија13 часа

Секој што згрешил мора да одговара, никој не е над законот: Meџити за случајот со Државна лотарија

Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, запрашан за коментар за...

Македонија13 часа

Арсовска за проблемите во градот : Кризите се политички мотивирани

Кризите се политички мотивирани, одговори градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прашањето кај кого е вината за проблемот со јавниот...

Македонија14 часа

МВР ја образложи кривичната пријава за Ковачевски – овозможил Лотарија да приредува игри на среќа без лиценца

МВР образложи зошто поднело кривична пријава и за експремиерот Димитар Ковачевски, како и за генералниот секкретар во Владата, Методија Димовски,...

Македонија17 часа

Терористичката организација oд Гостивар планирала напади во Македонија за новогодишните празници, соопшти МВР

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица, од кои три од Гостивар и едно од Струга, за терористичката организација по...

Македонија18 часа

Инспекции го тресат Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, се истражува смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денес е во вонредна контрола на работењето на Клиниката за детски болести во Скопје...

Регион19 часа

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за...

Македонија19 часа

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје. Потресот се случи во 11.41 часот, а епицентарот е...

Македонија21 час

Одземени пасошите на четворица осомничени за „Лотарија“, се одлучува за притвор за Груби и Бајрами

На четворица од осомничените во случајот поврзан со „Државна лотарија на РСМ“ им се одземени пасошите, а во текот на...

Македонија21 час

ДУИ го завршува својот режим на најлош можен начин, нулта толеранција за криминалот и корупцијата, велат од „Влен“

„Полициските акции за борба против корупцијата и организираниот криминал се доказ дека борбата против криминализираните лица ќе биде безкомпромисна и...

Македонија22 часа

Спречени обиди за шверцување компјутерска опрема за рударење крипто-средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки

Во текот на минатата недела царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за шверцување разна стока, при што е запленета...

Свет23 часа

Трамп: Турција е многу паметна, изврши непријателско преземање без многу жртви

Турција ги контролира бунтовниците кои го соборија поранешниот сириски диктатор Башар ал Асад, изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за...

Европа23 часа

(Видео) Зеленски: Москва користи екстремни тактики за да го прикрие идентитетот на севернокорејските војници

Руската армија се обидува да ги прикрие загубите на севернокорејските војници кои учествуваат во војната против Украина, изјави вчера претседателот...

Европа23 часа

Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Генерал на руските вооружени сили и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва. Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите...

Свет23 часа

(Видео) Урнати згради, уништени автомобили, нарушени комуникациски врски: земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди Вануату

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди Вануату, при што беа оштетени згради и друга инфраструктура....

Регион1 ден

Црна Гора затвори три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора вчера вечер затвори три преговарачки поглавја, со што двојно го зголеми бројот на затворени поглавја во пристапните преговори...

Европа1 ден

Трамп: Ќе разговарам со Путин за крајот на војната во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави на прес-конференција во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида дека има намера да стапи во...

Свет1 ден

(Видео) Нови детали за пукањето во САД: тинејџерка уби наставник и ученик, а потоа се самоуби

Во христијанското училиште Абндант Лајф во Медисон во американската држава Висконсин дошло до пукање во кое загинаа три лица, наставник,...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Груби и Бајрами поради проневера во Државна лотарија, двајцата не се во државата

Обвинителството бара притвор за директорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, поради проневера во Државна лотарија....