Контакт

Економија

Спасовски: Американската компанија „ДУРА аутомотив системс“ ќе изгради уште две фабрики во нашата држава

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски ги посети производствените капацитети на американската компанија „ДУРА аутомотив системс“, која веќе го почна производството во својата прва фабрика и ги почна работите на изградбата на две нови фабрики во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

dobivaj vesti na viber

Спасовски истакна дека станува збор за една од најмоќните компании во автомобилската индустрија со над 30 фабрики и инженерски центри во 12 земји во светот. Тој рече дека компанијата во првата фабрика со најнова технологија веќе произведува компоненти за водечките светски автомобилски компании, во втората фабрика ќе произведува алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила, а во третата ќе прави алуминиумски ултралесни профили за електрични возила.

„Трите фабрики на ‘ДУРА Аутомотив системс’ ќе вработуваат околу 1.000 наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високотехнолошки процеси. За истакнување е и намерата на компанијата за поддршка на нејзините фабрики да изгради и центар за истражување и развој, кој ќе вработи висококвалификувани и искусни инженери, вклучувајќи и инженери за компјутерски дизајн, експерти за машини, механички и електроинженери и во кој ќе се врши обука за вработените“, посочи Спасовски.

Во своето обраќање директорот на компанијата „ДУРА аутомотив“, Мајк Бекет, истакна дека производствените капацитети во нашата земја ќе интегрираат врвна и иновативна технологија.

„Раководниот тим на ДУРА високо ја цени извонредната соработка што ја добивме од Владата на Република Северна Македонија. Нивната силната поддршка му овозможи на нашиот тим за европски операции исклучително бргу да премине кон финализирање на ова стратешко дополнување во нашето работење“, истакна Бекет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност

Објавено пред

Кризите во изминатите неколку години, како пандемијата, енергетската криза и геополитичките тензии претставуваа вистински тест за централните банки. Овие кризи предизвикаа силна инфлациска промена во светски рамки, невидена во изминатите триесетина години. Исто така, економиите со стратегија на стабилен курс на домашната валута, како нашата, се справуваа и со големи притисоци за задржување на стабилноста на домашната валута. Сепак, од крајот на 2022 година се забележуваат поповолни трендови и кај инфлацијата, и на девизниот пазар. Така, просечната инфлација во регионот на Западен Балкан од 16% во октомври 2022 година во првиот квартал оваа година е намалена на околу 3,5%. Исто и кај нас дојде до позначително забавување на инфлациски трендови, а стабилноста на девизниот курс беше задржана, при што нивото на девизните резерви беше зголемено за 40% во споредба со претпандемичниот период. Сепак, потребна е внимателност. Ова беше истакнато од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на 11-тиот регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночната администрација, „Финансиската стабилност во услови на слаб економски раст во еврозоната“, што се одржа во Бечиќи, Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Според среднорочните проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се очекува дека инфлацијата во глобални рамки и во регионот на Западен Балкан, вклучително и кај нас, и натаму ќе се намалува, но малку побавно во споредба со претходно. За оваа година, ММФ предвидува дека просечната инфлацијата на Западен Балкан ќе забави сведувајќи се на 3,8%, а за наредната година на 2,7%. Сепак, иако се намалени, ризиците сѐ уште постојат и затоа е потребно натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествуваше на панел-дискусијата „Одржување на стабилноста на цените и на банкарскиот систем во неизвесни времиња“, заедно со гувернерите на Црна Гора, Ирена Радовиќ, на БиХ, Јасмина Селимовиќ, на Косово, Ахмет Исмаили, вицегувернерите на српската, хрватската и албанската централна банка, Жељко Јовиќ, Мајкл Фауленд и Лулета Минџози, како и Петар Јовиќ, претседател на Извршниот одбор на „АИК банка“.

Прикажи повеќе...

Економија

Величковски очекува раст на конкуренцијата на пазарот на платежни услуги

Објавено пред

Се очекува засилување на конкуренцијата на домашниот пазар на платежни услуги. Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата законска рамка, преку кои граѓаните ќе може да извршуваат плаќања во земјата и прекугранично, истакна директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски во гостување на „Блумберг Адрија“.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека една од значајните придобивки на новата правна рамка во платежната сфера е отворањето на пазарот за влез на нови даватели на платежни услуги, односно покрај банките, платежни услуги може да даваат и штедилниците, а како нови учесници на пазарот може да се јават и платежните институции и институциите за електронски пари.

Како што соопшти од центраната банка, новите институции треба да добијат дозвола за давање платежни услуги и/или издавање електронски пари од Народната банка, за што треба да исполнат соодветни услови коишто се јасно пропишани со новата правна рамка. Во изминатиот период, поголем број субјекти се обратиле до Народната банка со цел да го почнат процесот за добивање дозвола за давање платежни услуги, при што пет трговски друштва коишто даваа одредени видови платежни услуги (брз трансфер на пари или издавање кредитни картички), во согласност со претходната правна рамка, поднесоа официјално барање со потребната документација во согласност со новата правна рамка и беа позитивно оценети. Покрај тоа, Народната банка му издала дозвола на постоечкиот оператор на платниот систем-КИБС, којшто овозможува порамнување трансакции со кредитни трансфери, при што е лиценциран првпат во согласност со новите законски барања коишто ги следат практиките во земјите од Европската Унија.

Во однос на интересот на новите небанкарски даватели на поширока лепеза платежни услуги, Величковски истакнува дека во моментов Народната банка е во активна комуникација со повеќе субјекти, од кои еден дел веќе даваат платежни услуги на пазарот во Европската Унија и во регионот.

„Очекуваме дека овие субјекти, доколку ги исполнат пропишаните услови, ќе донесат иновативни решенија за плаќања на македонскиот пазар во согласност со глобалниот тренд поврзан со финтек-услугите“, рече Величковски.

Покрај зајакнувањето на конкуренцијата преку навлегувањето на нови даватели на платежни услуги на домашниот пазар, коишто би обезбедиле поевтини, побрзи и поудобни плаќања за граѓаните и компаниите, НБ укажува дека новата правна рамка создаде основа за поедноставување и поевтинување и на прекуграничните плаќања.

„Ова би го постигнале со пристапувањето во СЕПА (Единствена област за плаќања во евра). Народната банка и релевантните државни институции со заеднички напори ја пополнија апликацијата за пристапување на нашата земја во СЕПА и на крајот на април годинава, Народната банка ја достави апликацијата до Европската комисија за добивање неформално мислење. Откако ќе го добиеме неформалното мислење и откако соодветно ќе постапиме според него, апликацијата ќе биде формално поднесена до Европскиот совет за плаќања за добивање формална оцена и одлучување за пристапот во СЕПА“, посочи Величковски.

Прикажи повеќе...

Економија

Поскапува дизел горивото

Објавено пред

Од вечерва по полноќ за 2 денари ќе се зголеми цената на дизел горивото и нафтата за домаќинствата, додека цените на бензинот и на мазутот не се менуваат.

dobivaj vesti na viber

Максималните цени на горивата ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,639 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Најново

Култура1 час

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија1 час

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија2 часа

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Свет2 часа

Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија

Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата....

Македонија3 часа

Николоски по предложувањето за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион3 часа

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија3 часа

Мицкоски за предлог-составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти, чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет3 часа

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија14 часа

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија15 часа

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија16 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа20 часа

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија20 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа22 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион23 часа

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет23 часа

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет24 часа

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија24 часа

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија1 ден

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија1 ден

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....