Економија
Тевдовски: Рамниот данок им оди во прилог само на богатите
Рамниот данок не даде ниту еден од очекуваните ефекти. Тој им оди во прилог само на најбогатите, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, на јавната дебата за даночната реформа во Собранието на Република Македонија, на која учествуваа пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис-секторот.
Министерот за финансии, Тевдовски, на дебатата ја истакна потребата од воведување праведен систем на даночење.
„Најдоховните 1 отсто граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на другите. Затоа, прагот за прогресивното даночење е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани. Рамниот данок им оди во прилог на богатите. Со воведување на рамниот данок само се зголемуваше учеството на богатите во вкупниот доход“, рече Тевдовски.
Даночната реформа предвидува воведување дополнителна стапка од 8 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно данокот би останал 10 отсто како и досега, а само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари би се плаќале дополнителни 8 отсто. Со ова за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.
Економија
Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина: фокус на новата трансатлантска соработка
Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти.
По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на свеченото отворање на форумот и потпишувањето на новиот договор за соработка меѓу САД и Грција.
Форумот, кој ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог за енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и стратешките инвестиции во регионот.
На настанот беше потпишан стратешки енергетски договор меѓу ExxonMobil, Energean и Helleniq Energy, кој предвидува 60% инвестициски удел во истражувањето на гасното подрачје „Block 2“во Јонското Море, северозападно од Крф.
Со овој потег, САД и Грција ја отворија новата фаза на билатерална енергетска соработка, вредна меѓу 50 и 100 милиони долари, насочена кон засилување на регионалната безбедност и диверзификација на европскиот пазар.
Во своето обраќање, грчкиот министер за енергетика Папастравру ја спомена Северна Македонија како пример за успешна и стабилна регионална соработка, истакнувајќи дека заедничките енергетски проекти со Македонија се модел за доверба и интеграција во југоисточна Европа.
Вчера вечер, министерката Божиновска по посебна покана на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Атина, Кимберли Гилфојл, присуствуваше и на приемот во чест на американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и секретарот за внатрешна безбедност Даг Бургам, организиран во Амбасадата на САД во Атина.
Настанот беше од висок дипломатски карактер, на кој присуствуваа американската делегација, европски министри и претставници на водечки енергетски компании, со цел зајакнување на трансатлантското партнерство и инвестициите во чиста енергија и инфраструктура.
Форумот P-TEC, кој се одржува во Zappeion Megaron, оваа година собра над 400 високи претставници од 25 држави, и потврди дека енергетската соработка меѓу Европа и САД станува стратешка оска на стабилност и развој во регионот.
Присуството на Македонија на вакви форуми е потврда дека нашата земја се движи рамноправно со европските и трансатлантските партнери во новата енергетска ера, соопштија од министерството.

