Економија
Туристичко-угостителската комора ја поздрави одлуката за овозможување работа на угостителските објeкти
Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори ја поздрави одлуката на Владата од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти, вклучително и за организирање прослави и настани, што беше донесена на иницијатива на ТУК, а во соработка со поддршка на Министерството за економија, кое во изминатиот период покажа капацитет за конструктивна соработка во интерес на секторот, соопштија од ТУК.
Потсетуваат дека на истиот начин беше донесена и мерката за еднократна финансиска помош за регистрираните претпријатија при што ТУК во соработка со Министерството за економија дејствуваше за креирање помош која во време на криза им е неопходна на претпријатијата.
„Во изминатиот период се постигна значајно подобрување на епидемиолошката состојба во земјата, што сметаме дека дозволи да се отстранат рестриктивните мерки кои постоеја повеќе од една година со цел да се спречи ширење на Ковид-19. Угостителските објекти ги усвоија новите протоколи за работа и се подготвени за пружање на своите услуги во безбедни услови со што повторно ќе се постигне воспоставување на деловната активност која порано постоеше со цел нормализирање на социјалната интеракција во општеството“, истакна Владимир Граматиков, претседател на ТУК.
Туристичко-угостителската комора и понатаму продолжува да биде активен учесник и партнер на надлежните институции во справување во сите предизвици, како и во креирање мерки, активности и политики кои ќе креираат подобро деловно окружување за туристичко-угостителскиот сектор. Тесната соработка на институциите и коморите се покажа како еден од главните фактори за креирање одржливи решенија на проблемите, велат од оваа институција.
Туристичко-угостителскиот сектор беше еден од најпогодените сектори од здравствено-економската криза, а за надминување на последиците со кои се соочува ќе треба подолг временски период и поголема ангажираност од надлежните институции. Ова е сектор кој има голем потенцијал за развој, што треба да се стави во функција за постигнување на побрз раст во постпандемискиот период, потенцираат од ТУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

