Економија
Угостителите нема да ги користат владините мерки, дополнително ќе ги задолжеле
Угостителите од сите градови во земјата кои по стапувањето на сила на уредбата на државата и мерките за заштита од вирусната инфекција не работат соопштија дека нема да ги користат најавените мерки од Владата. Наместо тоа, одлучиле дека средствата можат да ги насочат директно кон сите кои остануваат без работа или во сектори каде мислат дека ќе се постигне ефект.
„За жал до сега добивме несоодветни, нејасни и нецелосни мерки и уредби, кои и покрај апелите не беше разбрано дека малите субјекти немаат капацитети да ги спроведат, а воедно ниту се доволни. Ова ни дава до знаење дека се игра со времето, кое моментално работи против нас, а ние како дејност немаме никакво чувство на сигурност. По долго исчекување и детална анализа на сите најавени мерки, а во правец на зачувување на дејноста, како субјекти од дејноста угостителство, преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе дозволиме директно за нив да покаже грижа државата. На овој начин институциите можат директно да им помогнат без притоа дополнително да нè задолжуваат со кредити за придонеси и другите натрупани трошоци“, изјави Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство.
Угостителите сметаат дека од исклучителна важност е јавноста да знае дека сите мерки кои се моментално донесени и предложени само ќе им ги зголемат долговите по кризата, за која не се знае кога ќе заврши.
„ Сè што ни е понудено во овој момент е во вид на заем од Владата и тоа недоволен само за нето-плата, ова никој од нас нема да може да го издржи. Наместо тоа, очекувавме директна, безусловна и правична помош од страна на институциите, но не ја добивме. Дополнително, мерките не ги опфаќаат сите погодени во угостителството и не е земено предвид дека ние не сме погоден сектор, туку со одлука затворен сектор. Се очекува од нас, како што слушаме секојдневно, да понесеме дел од товарот на кризата. Како да го направиме тоа кога сме затворени први, а ќе профункционираме последни, се работи за мали фирми кои немаат резерви. Исто така, месец март и покрај нашето барање е изоставен од мерките“, објасни Ангеловски и додаде дека ваков пристап со кој се претставуваат овие мерки е комплетно неоправдан, затоа што го фрла секторот на маргините и покрај тоа што вработува над 29.000 лица и се бори за задржување на секое работни место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

