Економија
Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор
Сопственикот и управител на ЕМС (Energy Maintenance Solution), Тодор Анѓушев, учествуваше на Конференција на тема „Модернизација на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Северна Македонија“, каде говореше на панелот „Складирање на енергија – предизвици и можности за македонскиот, албанскиот и косовскиот енергетски сектор“. Конференцијата ја организираше Македонско-германското стопанско здружение, а под покровителство на германското министерство за економија.

Фероинвест, ЕМС, Аквават и другите фирми од групацијата имаат долгогодишно исуство во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, и од страна на Тодор Анѓушев на панелот беа споделени корисни искуства и увиди од процесите преку кои се граделе електраните на групацијата, како и предизвиците кои стојат пред државата како дел од енергетската транзиција, при што акцентот се стави на имплементација на батериските системи.
По конференцијата, остварени беа и посети од германски компании во седиштето на Фероинвест и ЕМС, каде тие се запознаа, пред се’, со управувањето на електраните од еден центар, нивното мониторирање 24 часа и организирано одржување на терен, без оглед дали станува збор за сопствени или за електрани на клиенти.
Со германските компании беше разговарано за помошта која можат да ја понудат, преку имплементирање на модерни софтверски решенија од последната генерација, а кои ќе ја подобрат предвидливоста во производството на електрична енергија од обновливи извори. Производството од овие електрани зависи од временските прилики: сонце, ветер, врнежи итн., што го прави тешко за прецизно предвидување, а со тоа и за максимално искористување на нивната енергија.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

