Економија
Финансиска поддршка за отворање нови и јакнење на капацитетите на постојните земјоделски задруги
Агенцијата за финансиска подддршка во земјоделството и рурален разво, денеска го објави повикот за поднесувања на барања за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“. Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рурален развој.
На овој повик може да се пријават сите земјоделски задруги кои се регистрирани во регистарот на земјоделски задруги при МЗШВ, согласно законот за земјоделски задруги.
Средствата од оваа мерка се неповратен грант, истите може да се користат за основање и функционирање на нови земјоделски задруги, како и за покривање на основните трошоци за постојните задуги.
„Новоформираните задруги може да поднесат барање за покривање трошоци за закуп на простории и објекти за задругата, набавка на канцелариски материјални, компјутери, набавка на компјутерски софтвери за планирање, управување, следење или контрола на работењето на задругата. Согласно критериумите за оваа мерка, новите и постојните задруги можат да аплицираат и за исплата на просечна плата за управителот на задругата, а задугите од голем обем може да добијат финансиска поддршка за ангажирање на стручен работник од областа на земјоделството или ветеринарство. Според Правилникот за мерката 131 ‘Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност’, првата година се покриваат 100 % од прифатливите трошоци што задругата ги направила за исплата на плати со намалување од 20 % во секоја наредна година во период не подолг од пет години“, информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
Задругите кои ќе аплицираат за добивање финансиска поддршка барањата треба да ги достават во оригинал заедно со целокупната пропратна документација наведена во барањето за финансиска поддршка. Проектите се одобруваат по принципот прв дојден прв услужен.
Еден корисник може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Обрасците Барање за исплата заедно со листата на потребни документи може да се симнат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk
Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 06/2021 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Краен рок за доставување на барање за исплата по овој јавен повик е 31 јули 2021 година.
Преку средствата од програмата за рурален развој го развиваме здружувањето и јакнењето на земјоделските задруги затоа што силата е во заедништвото. Клучот за опстанок на малите фарми, за раст и развој на руралните средини е во здружувањето и заедничкиот настап. Владата заедно со Агенција ќе продолжат и во иднина да креираат поволни мерки кои ќе помогнат за јакнење на капацитетите на здружувањето. Преку мерките за еконмско здружување во задруги, директно влијаеме и врз поквалитетно производство, посигурен пласман, профит и цената на домашно произведените земјоделски производи, велат од оваа институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Средба Муцунски – Aзески: Фокус на извозот и економската дипломатија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески.
На средбата беа разгледани иницијативи и конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организација на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва, како и промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор во државата.
Министерот Муцунски нагласи дека целта на овие средби е директно да се слушнат ставовите и размислувањата на коморите, како и да се добијат конкретни иницијативи за поддршка на компаниите, зајакнување на економската дипломатија и унапредување на извозот, што директно придонесува кон зајакнување на економијата и забрзување на економскиот развој.
Беше потврдена одличната досегашна соработка и изразено заемно задоволство од постигнатите резултати, при што се разговараше и за нејзино натамошно продлабочување, со цел обезбедување конкретни придобивки за компаниите и позитивно влијание врз вкупниот економски развој на државата.
Нагласувајќи ја важноста на дипломатско-конзуларните претставништва и на дипломатската мрежа во целост, претседателот на Стопанската комора истакна дека иницијативите за зајакнување на економската дипломатија доаѓаат во вистински момент, во насока на поддршка на стопанството и економското закрепнување.
На средбата беа разгледани и конкретни иницијативи и настани планирани за наредниот период, како можности за понатамошна соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора.
Економија
Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП
Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“.
„Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување“, велат од УЈП.
Во текот на 2025 година за редовна исплата исплатени се 3.458.885.995 денари, што е 56,2 милиони евра средства вратени на сметките на граѓаните по основ на „МојДДВ“.
Гледано по квартали, повратот на средства преку „МојДДВ“ во текот на 2025 година е следен:
•За К4 2024 година (исплата во февруари 2025) исплатени се 870.329.146 денари за 496.442 корисници;
•За К1 2025 година исплатени се 784.442.146 денари за 491.770 корисници;
•За К2 2025 година исплатени се 882.137.038 денари за 503.655 корисници;
•За К3 2025 година исплатени се 921.977.665 денари за 515.182 корисници;
•За К4 2025 година налозите се во обработка и согласно законските одредби исплатата на средства е предвидена за февруари 2026 година.
Во текот на 2025 година беа извршени и дополнителни исплати (од изминатите години) кон корисниците кои немале точни податоци во периодот кога биле редовните исплати:
•За скенирани сметки во 2020 година исплатени се 2.658.049 денари;
•За скенирани сметки во 2023 година исплатени се 7.552.401 денари;
•За сметки скенирани во 2024 година исплатени се 4.076.525 денари.
На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку „МојДДВ“, исплатени се вкупно 3.473.172.970 денари или 56,4 милиони евра.
УЈП ги известува граѓаните дека веќе ги подготвува налозите за исплата на средства за скенирани сметки во последниот квартал од 2025 година, која треба да се реализира во февруари 2026 година.
„Апелираме граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на Управата за јавни приходи. Истовремено, УЈП ја информира јавноста дека апликацијата „Мој ДДВ“ функционира редовно. Во рамки на тековните технички подобрувања на системот, можно е повремено забавување при најавување на апликацијата од страна на корисниците или при вчитување на фискалните сметки. Овие појави се привремени, а надлежните технички служби континуирано работат на нивно отстранување, со цел да се обезбеди подобро корисничко искуство. Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување“, се додава во соопштението на УЈП.
Економија
Малите и средни претпријатија се ’рбетот на економијата – претставена Националната стратегија за МСП 2025–2030
Министерството за економија и труд денес ја презентираше Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025–2030, стратешки документ кој ја дефинира насоката за развој, конкурентност и отпорност на малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија во наредните години.
Малите и средни претпријатија претставуваат ’рбет на националната економија, сочинувајќи околу 99 проценти од вкупниот број претпријатија и обезбедувајќи егзистенција за речиси три четвртини од вработените. Тие имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност на државата.
На настанот, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши истакна дека Стратегијата е повеќе од формален документ и дека таа претставува јасна определба за поддршка на домашните претприемачи.
„Малите и средни претпријатија не се само дел од нашата економија – тие се нашата економија. Секој нивен успех значи посигурна иднина за едно семејство и посилна држава. Со Стратегијата за МСП 2025–2030 создаваме услови тие да бидат лидери на промените, а не нивни следбеници,“ истакна министерот.

