Економија
„Фолксваген“ и „Континентал“ ќе инвестираат речиси една милијарда долари во производство во Мексико
Германскиот автомобилски гигант Фолксваген и добавувачот на делови Континентал најавија инвестиции од речиси 1 милијарда долари во производство на бензински автомобили, електроника и делови за сопирачки во Мексико. Компанијата ќе инвестира 763,5 милиони долари до 2025 година за да изгради нова фабрика за бои во комплексот во државата Пуебла и да ја подготви за производство на нови автомобили на бензин.
Производствениот комплекс во Мексико е една од најголемите фабрики на Фолксваген во светот. Фабриката за бои ќе користи електрична енергија од турбината на ветер и ќе биде прва во групата која работи исклучиво на чиста енергија, се посочува во соопштението.
Германскиот производител на автомобилски делови Континентал исто така најави инвестиција во Мексико. Планира да инвестира околу 210 милиони долари во нова фабрика за автомобилска електроника и проширување на капацитетот во фабрика за делови за сопирачки во државата Гуанахуато.
Двата проекта се речиси завршени, а отворањето се очекува на почетокот на следната година, велат од „Континентал“ и додаваат дека во следните три години очекуваат отворање на повеќе од 1.500 нови работни места.
Американски Џенерал Моторс минатата година објави дека ќе инвестира една милијарда долари во комплексот Рамос Аризпе, каде од 2023 година ќе произведува електрични возила.
Јапонскиот Нисан во мај објави дека ќе инвестира 700 милиони долари во производство во Мексико во следните три години. На групацијата и се придружува европскиот Стелантис, кој најави инвестиции од повеќе милијарди, а извори тврдат дека и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, размислува за слични планови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!
Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.
Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.
Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.
Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
(ПР текст)
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.