Економија
Херитиџ: Македонија на 31 место во светот по економска слобода

Македонија се искачи на 31 место на индексот на економски слободи на американската фондација Херитиџ и влезе во категоријата слободни држави.
Извештајот покажува значително искачување на Македонија во рок од една година, од 47 на 31 место, додека оценката е подобрена на 70,7 поени.
Со овие резултати, Македонија е единствена држава од Балканот која се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, во друштво со Германија, Чешка, Австрија и Ерменија.
Во претходните извештаи Македонија беше оценета како умерено слободна држава.
Водечката американска конзервативна Фондација Херитиџ секоја година ги рангира државите според критериуми кои означуваат слобода на економијата, која е клучна за просперитетот на државата. Извештајот ги оценува државите според четири категории владеење на правото, големина на државниот апарат и долгот, ефикасност на регулаторниот режим и слобода на трговијата.
Најдобрата оценка во извештајот Македонија ја добива за ниската даночна стапка 91,9 поени.
Оценките за владеењето на правото на Македонија и носат 67 поени за почитување на правото на сопственост, 52 поени за интегритет на Владата и 61,4 поени за ефикасност на судството.
Од соседните држави, Косово и Бугарија се најдобро пласирани, на 46 и 47 место во светот, Албанија е 65та, Србија е 99та, а Грција е дури 127ма. Извештајот е одбележан со тоа што САД паднаа на 17 место, и за првпат не се меѓу првите 15 држави, што според Фондацијата Херитиџ е резултат на високиот буџетски дефицит и долг, зголемената улога на државата во економијата и растечките регулаторни пречки за водење бизнис.
Економски најслободни држави според индексот се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, кои единствени се рангирани во највисоката категорија. На самото дно се комунистички држави како Северна Кореја, Венецуела и Куба, додека земји зафатени од војни како Ирак, Либија, Сирија и Сомалија не се рангирани./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.
Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.
🤪 Trump to Australia’s ambassador: “I don’t like you either.”
An awkward exchange took place between the U.S. president and the Australian ambassador🇦🇺
After signing an agreement on rare earth minerals, a journalist reminded Trump that Ambassador Kevin Rudd had once called him… pic.twitter.com/UEooOxvqYs
— NEXTA (@nexta_tv) October 20, 2025
„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.
Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.
„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.
Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.
Економија
Цените на нафтата паѓаат

Цените на нафтата паднаа под 61 долар на меѓународните пазари денес, поради мрачни проценки за вишок понуда и знаци за затоплување на односите меѓу САД и Русија што би можело да значи полесен пристап до руска нафта.
На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше за 72 центи пониска отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 60,57 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена за 66 центи пониска, на 56,88 долари.
Расположението на пазарите е намалено од проценките за вишок понуда на крајот на оваа година и почетокот на следната година.
Понудата брзо расте, додека побарувачката е пригушена, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) минатата недела.
Во такви услови, светските залихи достигнаа највисоко ниво за четири години во август, од 7,9 милиони барели, пресмета агенцијата, а вишокот на понуда треба нагло да се зголеми најдоцна од следната година.
Инвеститорите се загрижени и за затворањето на американската влада поради спор околу буџетските трошоци.
Демократите го условуваат прифаќањето на предлогот за буџет за 2026 година со продолжено финансирање на програмата за здравствено осигурување за најранливите групи граѓани, додека републиканците ја отфрлаат оваа отстапка.
Дури 750.000 владини службеници би можеле да бидат испратени на неплатен одмор, што исто така ќе значи пониски трошоци, предупреди независниот институт CBO.
Економија
Инженерите на „Фероинвест“ го претставија на „МАКО CIGRE“ најновиот проект за батериски системи

Фероинвест учествуваше на годинешната конференција на МАКО CIGRE, каде беше презентиран трудот на тема „Интеграција на батериски систем од 1.6 MW / 3.73 MWh во постоечка фотоволтаична централа“.
Трудот, подготвен од инженерите Стефани Георгиевска, Сандра Цветанова, Сашо Милевски и Војдан Андонов, претставува практичен пример за примена на домашно знаење и технологија во проектирање и изведба на современи системи за складирање електрична енергија (BESS).
Со овој проект, ФЕРОИНВЕСТ ја демонстрира својата инженерска подготвеност за интеграција на батериски системи, кои се клучен дел од енергетската транзиција и овозможуваат поголема ефикасност, стабилност и исплатливост на инвестициите во обновливи извори на енергија.
„ Македонија располага со знаење и експерти кои можат да реализираат високотехнолошки енергетски решенија според европски стандарди, што се покажа со тоа што нашите инженери ја инсталираа првата лиценцирана батерија за складирање електрична енергија во земјава“ изјавија од Фероинвест.
Анализите прикажани во трудот потврдуваат дека ваквите системи се профитабилни и економски оправдани, со период на поврат на инвестицијата од околу 4 години и значителна добивка во текот на работниот век на батеријата.
Тоа ги прави батериските системи не само технолошка потреба, туку и одлична можност за инвеститорите кои сакаат да вложуваат во модерна, стабилна и исплатлива енергетика.
На советувањето на здружението на професионалци, инженери, универзитетски професори и компании од енергетскиот сектор во Македонија, МАКО CIGRE, ФЕРОИНВЕСТ одржа и посебна корпоративна презентација на која ги запозна присутните со сите проекти за кои компанијата нуди решенија ,,клуч на рака”, за батериски системи, фотонапонски електрани, мали хидроелектрани, биогасни електрани, производство на трафостаници, со комплетно вклучено проектирање, изведба, одржување и откуп на електричната енергија.
ПР