Контакт

Економија

„Хјундаи“ продава удел во фабрика во САД по скандалот со вработувања деца

Објавено пред

Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи мотор“ ги информира акционерите дека ќе продаде контролен пакет во фабриката за автоделови во американската сојузна држава Алабама поради вработување деца.

dobivaj vesti na viber

Истрагата на „Ројтерс“ откри дека деца работат во погоните во американската сојузна држава Алабама изложувајќи се на многубројни опасности.

Некои од нив имаат само 12 години, откри „Ројтерс“. И американските федерални закони и законите на Алабама ја ограничуваат работата во фабриките на лица помлади од 16 години. На работниците помлади од 18 години им е забрането да работат на повеќето работни места, вклучувајќи преси за метал, машини за сечење и виљушкари со голема брзина.

Во август властите извршија инспекција во доставувачот на „Хјундаи Сл Алабама“ и открија детски труд и во неговите капацитети. Регулаторите ги казниле компанијата и агенцијата за вработување.

Во декември „Ројтерс“ првпат објави дека деца работат во повеќе фабрики за автомобили во корејска сопственост во Алабама откривајќи дека државните и федералните власти истражуваат дури десет погони во државата што ги снабдуваат „Хјундаи“ и „Киа“.

Властите исто така истражуваат дали малолетните работници во синџирот на снабдување на „Хјундаи“ во Алабама можеби биле тргувани како детски труд, според двајца официјални лица запознаени со ова прашање.

„Хјундаи“ соопшти дека презела акција веднаш штом дознала за прекршувањата минатата година. Компанијата ангажира независна адвокатска канцеларија, која од август минатата година анализира документи и ја проверуваше состојбата на погоните.

Во писмо до акционерите, извршниот директор на „Хјундаи“, Џехун Чанг, наведува дека ревизијата на 29 директни доставувачи во Алабама потврдила дека тие „сега целосно се усогласени со законите за детскиот труд“.

Сепак, компанијата одлучи да го продаде својот мнозински удел во „Смарт Алабама ЛЛЦ“. Според финансискиот извештај, „Хјундаи“ контролирал 72 отсто од акциите во „Смарт“ минатата година.

Економија

Од полноќ намалување на цените на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 % во однос на одлуката од 9.5.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 14.5.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 86,50 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 44,007 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,602 денари/кг и сега ќе изнесува 44,007 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,519 %, кај дизелот 1,252 %, кај екстра-лесното масло 1,247 % и кај „мазутот“ намалувањето е 1,663 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,151 %.

Прикажи повеќе...

Економија

Развојот на првото Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Објавено пред

· Екстензивни тестирања во урбан сообраќај, на приградски патишта и на тркачки патеки

dobivaj vesti na viber

· Performance Hybrid за динамичен погон

· 8,7 секунди побрз од претходникот на Нирбургринг

· Светска премиера на 28 мај

 

Првиот Porsche 911 со хибриден погон е на стартната линија. По екстензивната програма за развој и тестирање, новиот 911 со хибриден погон фокусиран на перформансите е подготвен за сериско производство.

Повеќе од пет милиони километри тестирање

 

„За прв пат во 61-годишната историја на нашата икона, инсталираме хибриден погонски систем во 911. Овој иновативен Performance Hybrid го прави 911 уште подинамичен“, вели Френк Мозер, потпретседателот Моделската Линија 911 и 718. „Не оставивме ништо на случајноста за време на развојот и ги тестиравме новите 911 под секакви услови низ целиот свет. Од замрзнување до огромна жештина, како што беше случајот за време на последните фази на тестирање во Дубаи. Без разлика дали е со голема погонска тежина во услови на планинските премини или во сообраќајот на урбаната средина, новиот 911 ги совлада и најтешките предизвици. Сѐ на сѐ, нашите инженери и тест возачи реализираа повеќе од пет милиони тест километри.“

 

Побрз од претходникот на Нирбургринг за 8,7 секунди

Тестирањето и тјунингот на Нирбургринг Нордшлајфе отсекогаш имало посебно значење за време на развојот на 911. Во текот на тестирањето на перформансите, Бренд Амбасадорот на Porsche, Јорг Бергмајстер, го комплетираше кругот за 7:16.934 – 8,7 секунди побрзо од соодветната верзија на претходниот модел. Тест возилото беше опремено со стандардни гуми, плус аеро пакетот со фиксно задно крило кој е достапен како опција за неколку моделски генерации, и кој обезбедува зголемена надолжна сила при големи брзини.

 

„Новиот 911 стана значително побрз на патеката“, вели Бергмајстер. „Имаме повеќе downforce, значително повеќе моќ, а спонтаниот одговор Performance Hybrid претставува голема предност.“

 

Во живо на Porsche Newsroom

Светската премиера на новиот Porsche 911 ќе биде емитувана на 28 мај во 15:00 cEST во редакцијата на Porsche Newsroom – http://www.newsroom.porsche.com, и на Porsche каналите на YouTube и LinkedIn.

 

 

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Усвоен најновиот квартален извештај со пролетните макроекономски проекции на Народната банка

Објавено пред

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот.

dobivaj vesti na viber

Макроекономските проекции за периодот 2024 − 2026 година упатуваат главно на слична макроекономска слика како и во октомвриските проекции.

Во однос на економскиот раст, и натаму се очекува постепено забрзување во следниот период, но малку побавно во однос на октомвриските проекции. Овие оцени ги одразуваат послабите остварувања во 2023 година, како и оцените за малку понеповолно надворешно окружување и одложено влијание на домашните фактори, односно побавно спроведување на градежните активности поврзани со новите инфраструктурни проекти. Се очекува дека стапките на раст на БДП ќе изнесуваат 2,6% во 2024 година и 3,6% во 2025 година, наспроти октомвриските очекувања за 3% и 4% во 2024 и 2025 година, соодветно. За 2026 година се очекува умерено забрзување на растот, во услови на поповолно надворешно окружување, постабилен амбиент и поголема склоност за потрошувачка и инвестиции.

Инфлацијата и во овој циклус би ја задржала патеката на надолно приспособување до крајот на периодот на проекциите. Проекциите за 2024 година покажуваат забавување на ценовниот раст и просечна стапка на инфлација од 3,5%, што е на долната граница на интервалот очекуван во октомври (3,5 − 4%). На среден рок очекувањата се непроменети, односно во периодот 2025 − 2026 година инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од 2%.

Надворешната позиција на домашната економија и во рамките на најновите проекции се оценува како поволна, при подобри остварувања во 2023 година од очекувањата (остварен суфицит во тековната сметка), главно заради значителното намалување на увозот. Постепената нормализација на увозот на суровини и материјали, по падот во претходната година, во услови на стабилно енергетско салдо, ќе биде главниот фактор за остварување умерен дефицит на тековната сметка од 2,4% од БДП во 2024 година. Во наредниот период, посилното влијание од извозната побарувачка, во услови на стабилизација на цените на енергијата и на примарните производи, ќе придонесе за одредено намалување на дефицитот кај тековните трансакции на нивото од 2,1% од БДП во 2025 − 2026 година. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи на финансиската сметка, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се одржуваат на соодветното ниво, гарантирајќи ја стабилноста на девизниот курс.

По забавувањето во 2023 година, се очекува постепено забрзување на кредитната активност во следниот тригодишен период (2024 − 2026 година). Во услови на стабилен и сигурен банкарски систем и постепено ослабување на ризиците за економијата, се очекува дека кредитниот раст умерено ќе забрза во 2024 година, односно ќе изнесува 6,1%. Со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се очекува забрзување на активноста на кредитниот пазар во наредниот период, при што растот за периодот 2025 ‒ 2026 година би изнесувал 6,8%, во просек. Кредитната активност ќе биде поддржана и од растот на вкупните депозити, којшто на крајот на 2024 година би изнесувал 7,4% и би забрзал на 7,6% во периодот 2025 ‒ 2026 година.

Ризиците за основното макроекономско сценарио, и од надворешното, и од домашното окружување, опстојуваат и главно се слични со октомвриските проекции. Притоа, неопходно е следење и на политиките коишто влијаат врз агрегатната побарувачка во домашната економија и поголема претпазливост, вклучително и од аспект на пазарот на труд.

Во првото тримесечје на 2024 година, Народната банка ја задржа прудентноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија2 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија2 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет4 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија6 часа

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија6 часа

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија6 часа

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет7 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет7 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет7 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет7 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет7 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет7 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија19 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија22 часа

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија23 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ23 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија1 ден

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија1 ден

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...