Економија
Цените на горивата ќе се намалат ако Собранието ги прифати новите законски измени

Цените на горивата ќе се намалат, ама откако измените на законските решенија ќе се изгласаат во Собранието од страна на пратениците. Дотогаш, останува на Регулаторна дали ќе ја прифати препораката за на дневно ниво да се утврдуваат цени на горивата. Доколку Собранието ги прифати овие измени, тогаш дизелот ќе чини 75 денари, односно 10 денари помалку, а бензинот ќе се намали за 11 денари.
„Измени на законот за акциза и законот за ДДВ ќе бидат испратени до Собранието. Сите пратеници имаат одговорност пред сите граѓани на оваа држава. Се наоѓаме во најголемата економска криза. Најголемите извозници на гас и метал се во војна. Одговорноста на сите партии е да го поддржат овој пакет мерки кој чини 400 милиони евра“, кажа Ковачевски.
Новите цени на горивата, кои се пониски од постојните доаѓа со намалување на ДДВ-то од 18 проценти на 5 проценти, како и со намалување на акцизата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 11,3 на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити остварија раст од 11,0 отсто, во поголем дел поради растот на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,3 проценти како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на ЛИНКОТ.
Економија
Божиновска во посета на Бирото за метрологија: Точните и доверливи мерења се основа за економскиот развој и заштитата на потрошувачите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска го посети Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството, со цел да се запознае со тековните активности и предизвици на оваа институција. За време на посетата, министерката Божиновска се сретна со директорот на Бирото, Седат Рушани, и вработените во лабораториите.
Една од главните теми на разговор беше одржувањето и развојот на националните еталони и сертифицираните референтни материјали, кои се од суштинско значење за обезбедување на мерната точност во различни индустрии и научни истражувања.
Министерката истакна дека Министерството ќе продолжи да ја поддржува модернизацијата на лабораториите и опремата на Бирото, со цел да се обезбеди усогласеност со меѓународните стандарди и конкурентност на македонските производи на глобалниот пазар.
Ова Биро е задолжено за испитување на квалитетот на горивото, златото, верификација на мерила водомери, мерила на електрична и топлотна енергија, хомологација на возила и друго.
Беше дискутирано за важноста на инспекцискиот надзор над употребата на законските мерни единици и калибрацијата на мерилата, како и за потребата од континуирана едукација и обука на кадарот во Бирото. Министерката Божиновска нагласи дека точните и доверливи мерења се основа за економскиот развој и заштитата на потрошувачите, и дека Министерството ќе вложи напори за зајакнување на капацитетите на Бирото за метрологија.
Во текот на разговорите, министерката побара детален извештај за досегашните активности на Бирото, вклучувајќи ги и предизвиците со кои се соочува институцијата. Таа истакна дека е неопходно да се идентификуваат и адресираат сите потенцијални неправилности или пречки кои можат да влијаат на ефикасноста на работата на Бирото.
Министерката Божиновска ја потенцираше важноста на транспарентноста и отчетноста во работата на сите институции под надлежност на Министерството. Таа изрази очекување дека Бирото за метрологија ќе продолжи со својата посветеност кон одржување на високите стандарди во своето работење и ќе преземе соодветни мерки за надминување на сите идентификувани предизвици.
Економија
Се намалува цената на мазутот, бензините и дизелот остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 17.02.2025 година.
Од 21.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,190 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,019 ден/кг и сега ќе изнесува 46,190 ден/кг
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,898%, кај дизелот за 0,788%, кај екстра лесното масло е за 0,720% и кај мазутот намалувањето е за 2,060%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7247%.