Економија
Ѕвездите на брендот Opel од луксузната класа, на врвниот меѓународен Concours d’Élégance (изложба на елегантни возила)
• „Големата тројка“ на Opel: Kapitän, Admiral и Diplomat го прикажуват стилот на 60-тите
• Пионер: Opel 4/8 PS „Doktorwagen“ од 1909 година го отвори патот за моторизирана мобилност за сите
• Уникатен амбиент: барокната градина на Schloss Schwetzingen има 180 класични автомобили
• Електрифициран: новата Astra plug-in hybrid претставена на „ECOmobil Gala“

Меѓународната Classic Gala (изложба на класици) во Schwetzingen (2-4 септември) е една од најпрестижните concours d’élégance (изложби на елегантни возила) во Светот. Достојно, Opel ќе ја претстави својата луксузна класа од 1960 – серијата „KAD“, составена од Opel Kapitän, Admiral и Diplomat – на овогодинешниот настан. 180 избрани класични автомобили од сите децении ќе бидат изложени во барокната градина на палатата Schwetzingen во Германија. Автомобил од раните денови на моторизираната мобилност и 160-годишната историја на Opel е „задолжително“: токму затоа Opel 4/8 PS „Doktorwagen“ од 1909 година исто така ќе биде меѓу ѕвездите атракции, покрај Admiral V8 и Diplomat V8 Coupé.
Палетата историски автомобили во Schwetzingen ќе биде надополнета со „7. ECOmobil-Gala“, изложба на концепти за одржлива мобилност под мотото „Иднината се среќава со класиката“. Opel ќе учествува
со plug-in хибридната верзија на новата Astra Sports Tourer (комбинирана потрошувачка на гориво WLTP: 1,2-1,1 l/100 km, емисија на CO2 26-24 g/km).
„Шармантниот амбиент и прекрасните автомобили ја прават Classic Gala (изложбата на класици) во Schwetzingen уникатно искуство за изложувачите и посетителите“, изјави менаџерот на Opel Classic, Leif Rohwedder. „Тешко дека може да има подобра прилика да се восхитуваме на луксузната линија на Opel од 1960, автомобили кои се истакнуваа со нивниот едноставен дизајн и нудат највисока удобност за своето време.
“KAD”: “Големата тројка” од Rüsselsheim
Kapitän, Admiral и Diplomat – познати како „KAD“ или „Големата тројка“ – ја претставуваа луксузната класа на Opel во 1960 и 70-тите години. Сите три беа целосно опремени, исклучително пространи и под влијание на современиот американски дизајн. Со должина од 4,95 m и ширина од 1,90 m, луксузната класа на Opel исто така достигна нови димензии.
Додека Kapitän стана најпродаваниот германски патнички автомобил со шест цилиндри, а Admiral дизајниран на успехот на истоимениот предвоен модел, Diplomat го претставуваше врвот на линијата. Opel – кој отсекогаш се залагаше за демократизација на иновациите – беше единствениот германски производител кој понуди комплетна палета на производи во тоа време; од Kadett и Rekord, до Kapitän, Admiral и Diplomat, Opel имаше автомобил за секого.

На овогодинешната Classic Gala во Schwetzingen, Opel ќе го прикаже Diplomat V8 Coupé од 1966 година, како и Admiral V8 од 1965 година. 5,4-литарскиот V8 кај Diplomat со моќност од 169 kW/230 КС го придвижуваше четириседот од нула до 100 km/h за 9.5 секунди додека максималната брзина надмина 200 km/h. Ретко кој друг автомобил од германско производство бил побрз.
Admiral со својот врвен мотор од 140 kW/190 КС беше познат и по дво-степениот автоматски менувач „Powerglide“. Произведен од 1964 до 1968 година, вкупно 55,876 возила Admiral А ја напуштија фабриката, од кои само 623 имаа осумцилиндрични мотори. Ова го прави Admiral V8 редок колекционерски предмет денес. Триото KAD во Schwetzingen го комплетира Kapitän од приватен колекционер.
4/8 РЅ „Doktorwagen“: Opel го направи прв автомобил достапен за сите
Посетителите на Classic Gala можат да му се восхитуваат и на првиот автомобил што ја овозможи моторизираната мобилност за сите: Opel 4/8 PS. Во рекламирањето, Opel го прогласи автомобилот како идеален за „лекари, ветеринари и адвокати“, поради што го доби прекарот „Doktorwagen“ (автомобил за лекар). Пионерското возило беше достапно за поволна цена од само 3.950 марки, отворајќи го патот за поширок дел од населението да поседува сопствен автомобил за прв пат. Техничкиот врв беше четирицилиндричниот „моно-блок“ мотор излеан во едно парче.
Паркот на палатата Schwetzingen ќе ги отвори своите порти за посетителите на Classic Gala (изложбата на класици) од петок, 2 септември до недела, 4 септември 2022 година, од 9:00 до 18:00 часот.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

