Контакт

Економија

СДСМ со сомнеж за податоците за економски раст

Објавено пред

СДСМ изрази сомнеж на објавените резултати од страна на Државниот завод за статистика во врска со движењето на македонската економија во изминатата година.

СДСМ изрази сомнеж на објавените резултати од страна на Државниот завод за статистика во врска со движењето на македонската економија во изминатата година.

„Според Државниот завод за статистика и денешната “триумфална“ прес конференција на Министерот Ставрески, во 2009 година македонската економија имала пад од 0,7%. Дај боже да е така, дај боже да се точни податоците“, изјави на прес конференција партискиот потпретседател Зоран Јовановски.

Според него, сомнително е што министерот за надворешни работи Антонио Милошоски уште во саботата за странски медиум ги објавил резултатите, иако податоците не биле уште официјално објавени.

„Очигледно Владата однапред ги знае податоците на државниот завод за статистика. Вистинското прашање е всушност, кој на кого му ги кажува статистичките податоци? Државниот завод за статистика на Владата или Владата на Државниот завод за статистика?“, прашува Јовановски,

Тој го повика премиерот Груевски, штом Македонија излегла од рецесија, да престане да зборува за светската економска криза.

„Не може за немањето странски инвестиции, нови работни места, за сиромаштијата и нискиот животен стандард веќе да се оправдувате со било што“, се вели во реакцијата на СДСМ. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Стојаноски: Буџетот за 2021 година е неодржлив, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 390 амандмани

Објавено пред

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во денешната дискусија на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека планираниот буџет за 2021 година, само дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата во државата бидејќи, како што рече, тој е неодржлив и креиран без концепт.

„За животната средина намалени се средства од износ од 93 милиони денари помалку, односно 9,5 % од првично планираниот буџет за 2020 година. Земјоделците ќе се соочат со една од потешките години досега, намалени се доста средства од програмите на Министерстовто за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој“, вели претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на новите вработувања, Стојаноски истакна дека парите на граѓаните се трошат недомаќински и за удомување, како што рече, партиски активисти.

„Тоа што недомаќински се трошат парите и што се стеснува фискалниот простор ни го намалува маневарот за здравствени мерки што може да спасат животи. На Македонија ѝ е повеќе од потребен полициски час. Не е логично на 20 заболени дневно да имаме полициски час, а на илјадници не“, посочи тој.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во расправата и ќе поднесе 390 амандмани поделени во три групи.

„Секој од овие амандмани произлегува од комуникација со граѓаните и со стручната јавност и секој од овие амандмани преставува излез од здравствено-економската криза, во која е западната Република Македонија“, објасни Стојаноски.

Тој како дел од приоритетите ги издвои набавка на 50 амбулантни возила за потребите на медицинскиот персонал.
„Многу е поважно да ги направиме ПЦР-тестовите бесплатни од колку да се вработат партиски војници во Министерството за надворешни работи или во Министерството за транспорт и врски. Ајде охрабрете се и соберете сили за да обезбедиме средства преку амандмантската расправа за сите невработени медицински лица и тие веднаш да почнат со борбата со вирусот“, порача Стојаноски.

Прикажи повеќе...

Економија

Индустријата на игри на среќа поддржува речиси 70.000 работни места

Објавено пред

Иако претпреа огромни загуби за време на пандемијата на коронавирусот, приредувачите и понатаму имаат големо влијание на стабилноста на економијата на државата. Било какво ограничување на нивното право на работа, би оневозможило понатамошно континуирано полнење на државниот буџет кој на годишно ниво изнесува преку четвртина милијарди евра.

Индустријата на игри на среќа плаќа високи даноци и учествува со неверојатни 4% удел во бруто домашниот производ, а придонесот на индустријата на игри на среќа кон јавниот буџет годишно се зголемува околу 40 отсто! Легалните приредувачи и за време на кризата предизвикана од коронавирусот продолжија да ги исполнуваат своите редовни обврски кон државниот буџет и буџетите на локалната самоуправа, кои годишно изнесуваат повеќе од четвртина милијарди евра, а претходните месеци акцент во општествено одговорните активности дадоа на здравствениот систем.

Имено, само минатата година државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасирале рекордни 280 милиони евра. Од тие, 155 милиони евра од директни приходи и 125 милиони евра благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални даноци, придонеси и даноци на добивка, закуп на деловен простор… За плата на своите вработени, компаниите кои приредуваат игри на среќа издвоиле околу 50 милиони евра.

Сите директно вработени во оваа индустрија, кои ги има околу 10.000, обезбедуваат уште по седум работни места во други индустрии, па оваа индустрија на забава поддржува околу 70.000 работни места. Земајќи ги предвид членовите на семејствата, речиси 10% од жителите во Северна Македонија директно и индиректно живеат од оваа индустрија.

Од година во година, индустријата вработува се повеќе образовани кадри – што го отсликува позитивното влијание што го има оваа индустрија врз намалувањето на стапката на невработеност во земјата и стабилноста на пазарот на трудот. Во индустријата во главно се вработени студенти и дипломирани студенти кои претставуваат околу 15% од вкупниот број на вработени, а расте и трендот на вработување млади информатичари, математичари, програмери и електроинженери, за кои компаниите кои работат во оваа индустрија континуирано отвораат работни места.

Со своето работење приредувачите на игри на среќа поддржуваат и бројни други компании, нивните добавувачи, кои вработуваат, остваруваат приход, плаќаат даноци. На тој начин тие ја поттикнуваат работата на други економски активности кои се протегаат низ целиот синџир на вредности и со тоа директно и позитивно влијаат на домашната економија.

Индустријата има голем удел во развојот и зголемувањето на обемот на производство на добавувачите кои ја опслужуваат. Така на пример, при отворање на ново уплатно место, кои во земјата ги има околу 700, се вложува од 50.000 до 80.000 евра, а за одржување на постоечките уплатни места се издвојува од 10.000 до 15.000 евра. Овие средства во главно се влеваат во претпријатија за производство и продажба на мебел, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возен парк и слично.

Меѓу придобивките што заедницата ги има од индустријата за игри на среќа е фактот дека 3% од буџетските приходи се средства доделени на Агенцијата за млади и спорт, директни инвестиции за развој на спортот и младите во нашата земја.

И во услови на голема криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, компаниите од оваа стопанска гранка со добра реорганизација на работата некако успеаја да опстанат, а една од мерките која беше клучна е воведувањето на онлајн обложување. Нашата држава со тоа покажа дека ги следи европските процеси, и понатаму е овозможено континуирано полнење на државниот буџет и чување на десетина илјади работни места. Легалните приредувачи на игри на среќа очекуваат дека и идните законски решенија ќе го следат тој пример.

Еден од предизвиците со кои се соочуваше оваа индустрија во последно време се популистичките обиди на одредени интересни групи под изговор за заштита на населението од прекумерна изложеност на игрите на среќа, да се воведат некои рестриктивни одредби, како што се произволни, без никаква втемеленост одредување на растојание на кое би требало да се наоѓаат локалите, што е во спротивност со секоја европска практика. Се споменуваа дури и 500 метри?!

Сепак, истражувањата кои се правени на оваа тема го кажуваат токму спротивното. Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот Метрополитен во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и конзумирањето на игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенција се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.

Со постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот дека „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувалници и во автомат клубови“.

Со воведувањето на било какво минимално растојание на уплатно-исплатните места од основните и средните училишта, на приредувачите на игри на среќа директно би им се одземало правото на континуитет на работење и деловни активности стекнати врз основа на закон, односно правото на работа и остварување на приход од регистрирана дејност на местата на кои приредувачот со години работи и каде ја има стекнато довербата на своите клиенти и во кои места има вложено огромна сума на пари. Инвеститорите мора да уживаат целосна правна заштита и сигурност, што е едно од основните достигнувања на европската интеграција. Нивните права стекнати за време на инвестицијата не смеат да бидат одземени, поништени или ограничени со какво било следно изменување и дополнување на законите и подзаконските акти.

Уште еден аспект од вакво или слично ограничување на работата и функционирањето би значело и прекршување на уредбата за заштита на странски капитал и права на инвеститорот. Со оглед на тоа што во Македонија работат и странски компании во областа на игри на среќа, нивните вложени средства се заштитени со Уставот на Република Северна Македонија, но и со спогодби кои државите членки на Европската Унија ги донеле од крајот на 1960-тите до денес. Прекршувајќи ги нивните права и ограничувајќи го правото на работа преку некои бесмислени законски одредби, би значело и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.

Потоа, воведување на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, заради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.

Покрај тоа, кога се гледа Градот Скопје, земајќи ја предвид густината на населеност, површината на градот и изграденоста на истиот, посебно присуството на голем број образовни институции, неспорно е дека не постои простор во кој приредувачите на игри на среќа би можеле да отворат уплатно-исплатно место.

НЕЛЕГАЛНИОТ ПАЗАР НОСИ СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НАДВОР ОД ЗЕМЈАТА
Било какви лоши законски решенија можат да имаат несогледливи последици врз економијата и општеството, а една од нив е загубата на стотици милиони евра кои би се одливале од земјата преку нелегалниот пазар. Доколку заради ограничувањето на работа згасне легалното, игрите на среќа ќе се преселат на црниот пазар, што би отворило дополнителни проблеми за економијата и целокупната заедница.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Рокот за аплицирање за четвртиот сет мерки во туризмот и угостителството продолжен до 4 декември

Објавено пред

Министерството за економија ги известува заинтересираните дека рокот за аплицирање за објавените јавни повици од четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од кризата на Ковид-19  во секторите туризам и угостителство се продолжува до 4 декември годинава.

Се продолжува рокот за аплицирање за следните јавни повици објавени на веб-страницата на Министерството за економија на 16 ноември:

  1. Јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти;
    2. Јавен повик за издавање грантови за лиценцирани туристички агенции;
    3. Јавен повик за издавање грантови за лиценцирани туристички водичи;
    4. Јавен повик за издавање грантови за игротеки;
    5. Јавен повик за издавање грантови за ресторани за свадби.

Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“. Повеќе детали се достапни на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Свет4 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија5 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија5 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија6 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет6 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија7 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет7 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет21 час

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет21 час

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија23 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Досие