Економија
Македонија ќе и предложи на Русија бесцарински режим
Македонија и Русија имаат традиционално пријателски односи на политичко, културно и научно поле, но на економски план постои голем нереализирани потенцијал, кој треба да се искористи од двете страни
Македонија и Русија имаат традиционално пријателски односи на политичко, културно и научно поле, но на економски план постои голем нереализирани потенцијал, кој треба да се искористи од двете страниОва беше констатирано на денешниот форум на Македонско-руската стопанска комора, која одбележа јубилеј од пет години од своето постоење.Воедно беше истакнато дека најважни задачи во трговските односи помеѓу двете држави е зголемување на трговската размена, која во изминатата години забележа драстичен пад од 46 отсто и исправување на огромниот трговски дисбаланс.Трговската размена помеѓу двете држави во 2008 година достигна милијарда долари, но лани поради економската криза се намали на 517 милиони долари, при што македонскиот извоз изнесува скромни 22,5 милиони долари, наспроти увозот од 495 милиони долари.Македонскиот министер за финансии Зоран Ставрески најави дека во интерес на зголемување на обемот и пред се намалувањето на македонскиот дефицит потребно е да се прошират контактите и да се либерализира трговската размена.„Од таа причина македонската влада ќе иницира потпишување на договор за слободна трговија, односно за трговија без царини, со Руската федерација“, рече Ставрески, изразувајќи надеж дека иницијативата ќе биде прифатена и од другата страна.Потенцирајќи дека македонските компании во Русија се присутни само во фармацијата, автомобилската индустрија и делумно градежништвото, Ставрески изрази надеж дека наскоро македонски компании ќе бидат присутни и во металопреработувачкиот комплекс, градежништвото, земјоделството и туризмот.„Место за нашите земјоделски производи има, посебно за виното, свежиот зеленчук, овошје и други производи, кои ќе бидат многу поконкурентни, ако се укинат увозните давачки“, рече Ставрески.Рускиот амбасадор во Македонија Владимир Солоцински уште еднаш ги повика македонскиот компании да не бараат партнери само во Московската област, туку во регионите на Русија каде што македонските производители ќе бидат повеќе барани.„Убеден сум дека главните фактори за зајакнување на трговската размена е воспоставувањето и развојот на директните деловни врски помеѓу стопанските субјекти на двете земји“, изјави Солоцински.Тој информираше дека според оптимистичките прогнози при постоечките цени на нафтата, растот на руската економија годинава би можел да достигне шест отсто, а до 2012 година тој да изнесува 11 отсто.Претседателот на Македонско-руската стопанска Ѓорѓи Дика комора истакна дека за зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави потребно е воведување на директна авионска и железничка линија.Тој укажа на појавата дека македонски производи на рускиот пазар се продаваат под знаме на туѓа држава, што меѓудругото се должи на немањето на договор за трговската либерализација. /крај/ап/
Затворањето на клириншкиот долг со Русија пролонгирано за мај
Ставрески: Опозицијата да биде конструктивна, а не малодушна
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

