Контакт

Економија

Светска банка:Русија со раст од 5,5 отсто годинава

Објавено пред

Руската економија годинава ќе се “радува“ на стабилно позиционирање на економијата, објави Светската банка, но овие резултати единствено може да ги помати високото ниво на невработеност.

Руската економија годинава ќе се “радува“ на стабилно позиционирање на економијата, објави Светската банка, но овие резултати единствено може да ги помати високото ниво на невработеност.

Според последниот извештај за Русија, банката предвидува раст на брутодомашниот производ (БДП) на земјата меѓу 5 и 5,5 отсто во 2010 година, главно поради порастот на побарувачката на домашниот пазар.

Во 2011 година, пак растот ќе се забави на 3,5 отсто, прогнозираат од Светската банка.

Прогнозата на Светската банка е повисока од официјалните податоци, но повисока и од претходната прогноза, за раст од 3,2 отсто.

Русија го забележа најголемиот економски пад на деценијата, откако БДП на земјата во минатата година се намали за 7,9 отсто како резултата на светската економска криза./крај/бгнес/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Завршни активности за модернизација на трафостаницата во Валандово

Објавено пред

Заменичката на престедателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, реализираа работна посета на трансформаторската станица во Валандово, кадешто се во тек низа на завршни инвестициски активности за модернизација на преносната енергетска мрежа.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска посочи дека во изминатиот период Владата навистина покажа дека вложувањето во енергетскиот сектор се приоритетно прашање.

„Тоа го покажавме и со носење на Закон за енергетика, нов, европски и усогласен со сите директиви. Ја воведовме евтината тарифа за струја, а со тоа укажуваме дека ги намалуваме трошоците за секое семејство. Од друга страна покажавме дека инвестираме со капитални инвестиции, со вложувања во енергетскиот сектор и во стабилна достава на енергија во нашата држава“, нагласи Царовска.

Вицепремиерката додаде дека државните енергетски компании, како што е МЕПСО, вложија многу труд и посветеност во реализација на капитални инфраструктурни проекти за стабилноста на електро-енергетскиот систем, при што се спроведуваат низа на проекти за модернизација и дополнителна сигурност на системот, што ќе биде од бенефит за сите граѓани, но и компании кои функционираат во земјата.

„Не е сето тоа е само политичка волја, доколку немаме оперативци, како што е директорката на МЕПСО, коишто сите овие финансиски средства и вложувања ги операционализирааат и ги внесуваат во системот и обезбедуваат да тие станат реалност и да постигнеме една стабилна мрежа на достава на електрична енергија во нашата држава. Со ваков тип на вложувања, како што денеска ги гледаме во трафостаницата во Валандово, се намалуваат трошоците за одржување, добиваме поголема доверба на граѓаните и на реалниот сектор за оваа мрежа на достава, односно во енергетскиот систем на нашата држава, но се исто така поттик да други инвеститори дојдат и да можат да ги искористат потенцијалите на нашата држава“, додаде вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева посочи дека основна стратешка мисија на компанијата е да обезбеди доверба во преносниот систем, намалување на оперативните трошоци, сведување на минимум ризици, испади, дефекти, овозможување и искористување на потенцијал за развој на регионите во делот на обновливи извори на енергија и последно, но не и по значење поддршка на македонски компании кои би добиле знаења и искуства во дел на енергетиката и тоа знаење би останало во нашата држава.

„Во оваа стара трафостаница во Валандово, која долги години ни служеше доверливо, извршивме замена на стара опрема која беше во функција скоро 40 години, со нова високонапонска опрема. Заменети се старите со нови прекинувачи и разделувачи во целата постројка, освен во полето ВЕЦ Богданци кои се нови и во целост, во сите полиња заменети се потпорни изолатори и мерни трансформатори. Инвестицијата од 770 илјади евра во нова опрема за АД МЕПСО, ќе значи намалување на трошоци за одржување и дефекти, а за стопанството сведување на минимум на ризици од испади. Покрај новата опрема на долг рок ќе овозможи зголемена доверба во работата на трансформаторската станица. Истата ќе овозможи зголемена сигурност во напојувањето на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа и тоа во Валандово, Богданци и Гевгелија. Со реконструкција на трафостаницата обезбедуваме стабилност на две врски кои се од круцијално значење. Првата е снабдување со квалитетна електрична енергија на железница, инфраструктура на македонски железници, а втората е прием на електрична енергија од производителот на ветерните централи Богданци“, потенцираше Шуклева.

Директорката Шуклева додаде дека АД МЕПСО со новата опрема е подготвен на овој енергетски јазол во иднина да приклучи и нови производители или потрошувачи на електрична енергија на преносната мрежа. Таа нагласи дека во транспаретна, јавна постапка на меѓународен тендер финансисран од Европската банка за обнова и развој, како изведувач на работите е за прв пат избрана домашна фирма, “Бенингсан“.

„Со тоа освен што го поддржуваме македонското стопанство ние како општествено одговорна компанија инвестираме и во знаење на македонски компании и македонски стручни кадри. АД МЕПСО ја заврши модернизацијата на ТС Валандово во пократок рок од првично планираното“, заврши генералната директорка на АД Мепсо Ева Шуклева.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, од името на сите граѓани на општина Валандово, изрази благодарност за реализација на овој значаен проект за енергетската стабилност на Валандово, но и целиот Југоисточен регион.

„Со реализација на овој проект, добиваме доверба и стабилност на електро-енергетскиот систем, при преносот и снабдувањето со електричната енергија. Оваа трафостаница која е изградена во 1973 година, сега е со нова опрема, комплетно реконструирана, и сите оние испади кои се случуваа на енергетскиот систем, со реализација на овој проект се веќе минато“, констатираше градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Објавено пред

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19 од Фондот за иновации, кој за оваа намена има буџет од 3,3 милиони денари, а аплицирањето почнува денес.

Компаниите ќе добијат државна помош во висина од 70 отсто од буџетот за планираните проекти, а преостанатите 30 отсто се обврзани сами да ги обезбедат. Микрокомпаниите може да побараат најмногу 750.000 денари, малите компании 1,5 милион денари и средните компании може да добијат поддршка, која не треба да го надмине износот од 3 милиони денари.

Новитет во овој повик од Фондот за иновации како инструмент за технолошки развој за брзо приспособување е на последиците од кризата е тоа што компаниите ќе имаат обврска да ги вратат парите што ќе ги добијат од државата доколку имаат добивка.

„Посебна новина за оваа мерка, која сакам да ја акцентирам, е дека Владата станува партнер за развојна мерка, ова не е мерка за ликвидност, ова не е поддршка за опстанување, ова е поддршка за побрзо заздравување. Воведуваме иновативен пристап во финансирањето. Не даваме кредити, не даваме грантови, значи нема подарок пари. Средствата што ги доделуваме подразбираат поврат, но не по цена на опстанокот на компанијата и опстанокот на работните места. Ако сме партнер во добивката, односно во остварените резултати, ќе бидеме партнер и во делењето на ризикот. Компаниите што ќе добијат средства за повратот, ќе имаат обврска овие средства да ги вратат, меѓутоа како процент од бруто-добивката во првите три години по завршување на инвестицијата“, вели Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации.

Во Фондот направиле симулација на новиот модел на финансирање во согласност со финансиските резултати што ги остваруваат компаниите кои во моментот ги финансира Фондот. Станува збор за финансиски резултати од 2018 и 2019 година.

„Тие покажуваат дека моделот што го предлагаме, а тоа е 15 проценти од бруто-добивката во првите три години по завршување на инвестицијата, гарантира дека средствата ќе бидат вратени. Ова гарантира секако релативна категорија бидејќи сепак сме во посткризен период и никој со сигурност не може да каже колку ова ќе трае, меѓутоа тоа не нè ослободува од обврската да се обидеме и да го забрзаме заздравувањето“, објасни директорот Деспотовски.

Рокот на реализација на проектите е 12 месеци. Аплицирањето за повикот почнува денес, а тој ќе биде отворен до 26 јуни.

Спецификата на оваа мерка и на овој инструмент, според директорот Деспотовски, е тоа што се фокусира на развојна поддршка на домашните компании што имаат потенцијал за успешно работење. Потенцијалот се базира и на тоа како компаниите работеле во периодот пред кризата.

Новина во овој повик е и тоа што со добиените средства може да се покриваат и платите за оние што ќе работат на реализација на проектите. Платите може да се предвидат како трошок.

Со буџетот од 3,3 милиони евра ќе се поддржи дигитализација во компаниите, воведување протоколи за заштита на вработените, подобрување на организационата структура и реорганизација на работните процеси, воведување нови производи и услуги или значително подобрување на постојните, особено на оној сегмент за кој постои зголемена побарувачка и во време на криза и за кој се очекува дека ќе постои побарувачка и во време на посткризниот период, обука за среднорочно планирање на бизнисот и обука за вработените, како и сите мерки што компаниите сметаат дека ќе им помогнат не само во подобро приспособување туку и во развој, ќе се сметаат за подобни за финансирање со овој инструмент.

Пари од Фондот може да се побараат и за набавка, изнајмување или изработка на опрема, со тоа што под опрема не се подразбира само информатичка технологија, туку може да биде сè што се смета за технологија.

Специфично за овој повик е и тоа што еден од критериумите е компанијата апликант во изминатите две години да нема регистрирано загуба.

Предност на овој повик ќе имаат компаниите од помалку развиените региони и компаниите управувани од жени или компании што во сопственичката структура имаат жени.

Прикажи повеќе...

Економија

Петров: Обезбедуваме домашна платежна картичка и ваучери за туризам и ИТ-обуки

Објавено пред

Обезбедуваме директна помош за граѓаните, домашна платежна картичка и ваучери до 150 евра и ваучери за обуки и тренинзи за млади до 29 години, изјави на прес-конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Тој рече дека третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна финансиска поддршка на граѓаните.

„Ова се мерки за нова развојна македонска економија, во вредност од 355 милиони евра наменети за 730.000 корисници, кои ќе ја трансформираат нашата економија и ќе ја направат поконкурентна, со тоа што ќе ја зголемат приватната потрошувачка и ќе стимулираат раст и промоција на домашните производи и услуги“, рече Петров.

Како што појасни, првиот столб од третиот пакет економски мерки усвоен од Владата предводена од СДСМ ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица. Со овие мерки, вели Петров, се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија. Но, пред сѐ, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.

Домашна платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги

Оваа картичка ќе ја добијат над 100.000 граѓани, односно сите невработени лица, активни баратели на работа, кои немаат над 15.000 месечни приходи според УЈП, како и примателите на гарантирана минимална помош. Со оваа картичка во период од 30 дена ќе може да се купуваат домашни производи и услуги, а платежната картичка ќе може да ја добијат и лицата што имаат блокирани сметки бидејќи се работи за посебна сметка.

Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра

Со оваа мерка се опфатени 100.000 граѓани, односно сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи, според УЈП.

Електронскиот ваучер ќе има посебен QR-код за секој индивидуален корисник, а ќе може да се користи во домашните хотели и други регистрирани сместувачки капацитети, а со платежната картица поттикнуваме купување домашни производи и услуги.

Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Парична поддршка за млади од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра

Оваа мерка опфаќа електронски ваучери од 100 евра за покривање на партиципација на универзитет, како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.

Младите ќе добијат и платежна картичка во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини

Оваа мерка ќе опфати од 7.000 до 10.000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјата за дигитални и ИТ-вештини.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани каде наместо почитување на препораките, се правеле забави без одржување дистанца, без маски...

Македонија53 минути

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија1 час

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2...

Македонија1 час

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија2 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија2 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија2 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија2 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет3 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет5 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион6 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет6 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа6 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет6 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија6 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија20 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион20 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ22 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија22 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија23 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Досие