Економија
„Фиат“ негира дека ќе отпушта 5.000 работници
Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ нема во план да отпушти 5.000 работници од компанијата, соопшти денеска раководството на компанијата.
Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ нема во план да отпушти 5.000 работници од компанијата, соопшти денеска раководството на компанијата.
„Неосновани и предвремени“ се шпекулациите италијанските гласила дека „Фиат“ има стратешки план да отпушти над 5.000 работници.
Раководството нагласи дека компанијата во наредните две години има за цел да го развие, а не да го намалува производството.
Весникот „Република“ во денешниот број објави дека „Фиат“ има стратешки план да ја намали работната сила во компанијата за дури 5.000 работници како и да го смали бројот на модели од 12 на 8./крај/бе/рќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување
На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати.
„Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи.
Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот.
„Од проектираните даночни приходи од околу 200 милијарди денари, наместо да завршат во училници, операциони сали, лаборатории, патишта и железници, тие ќе исчезнат во јазот на дефицитот и во каматите“, рече Битиќи.
Тој укажа и на сериозно кратење на капитални проекти. Капиталните расходи се планирани на 40,2 милијарди денари, значително помалку од 47,3 милијарди во ребалансот за 2025.
Битиќи предупреди и на падот на странските директни инвестиции кои паѓаат од 570 милиони евра на 220 милиони евра.
„Средствата за општински инфраструктурни проекти се кратат од 6,3 милијарди на 2,6 милијарди денари, а во технолошко-индустриските зони има само 273 милиони денари. Исто така и евроинтегративните програми се кратат од 4,45 на 3,2 милијарди денари, што е јасен сигнал за оддалечување од ЕУ“ потенцираше Битиќи.
Тој оцени дека 2026 година е подготвена како популистичка или изборна година, со раст на тековните расходи и кратење на капиталните инвестиции.
„Пред нас имаме октроиран буџет на влада која абдицира од фискална дисциплина, транспарентност, инклузивен дијалог и развојна одговорност. Граѓаните заслужуваат да ја видат вистината. СДСМ ја повикува Владата да повлече ваков модел на волунтаризам и да изготви буџет кој ќе биде легитимен по постапката и развоен по суштината.“, посочи Битиќи.
Економија
Content Positive 2025: Дигиталниот простор нуди вредност само ако го користиме свесно
Oдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор.
Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На панелот 3 од конференцијата насловен „Подобри онлајн-практики“ учество земаа и Кики Мукаетова – креаторка на содржина, Ана Попризова – психолог и гешталт-терапевт, д-р Димитар Јовевски – редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ и Елеонора Венинова – режисерка и сценаристка.

Во својство на родител на контент-креатор и раководител на компанија со повеќе од 3.000 вработени, чијашто работа се потпира на најсовремените технологии, Мукаетов направи паралела меѓу личното и професионалното искуство во однос на предностите и предизвиците на дигиталната ера: „Како човек роден во аналогна ера, во семејство со четири деца – еден миленијал, две припаднички на Gen Z и најмладиот член од генерацијата алфа – разликата меѓу времето во кое јас растев и она во кое растат новите генерации е драстична. Ако јас на нивна возраст наутро прво одев во трафика по најновиот број на тогашниот дневен весник ’Македонски спорт’, моите деца денот го започнуваат со мобилните телефони. Ако порано одредени производствено-аналитички техники бараа подлабинско внимателно следење од страна на повеќе искусни стручњаци, денес – поради високата автоматизација – поголемиот дел од работата е пренесена на технологијата, но улогата на човечкиот фактор останува клучна“, истакна Мукаетов.

Кога станува збор за напливот на информации, Мукаетов ја изрази својата загриженост од растечката склоност кон површност, посочувајќи: „Фармацевтската индустрија се потпира на прецизна наука, строги протоколи и длабинско разбирање на секој процес. Во овој сектор нема простор за брзи, површни заклучоци или, пак, импровизации. Секој чекор – од истражување и развој, преку контролата на квалитет, до производството и безбедноста на лековите – бара максимална точност и одговорност.“
Во ерата на брза размена на информации, социјалните мрежи, вештачката интелигенција и интернетот претставуваат клучни алатки за учење, информирање и креативен развој, но како можности истите носат и одредени ризици како прекумерна изложеност, зависност од екрани и дезинформации. На овие аспекти се осврна и Кики Мукаетова:

„Моето регистрирано време поминато пред екран во просек е околу 10 часа дневно, од кои значителен дел се поврзани со училишните обврски. Таквата статистика дури и мене ми изгледа премногу и се обидувам да креирам рутини кои реално функционираат, но треба да се има волја за тоа. Голем предизвик за нас тинејџерите е притисокот од социјалните мрежи, како и, најчесто, неоправданите критики. Според мене, клучниот збор е одговорност. Има однесувања и норми кои се прифатливи и до кои треба да се придржуваме. Ние тинејџерите не можеме да делуваме институционално, но лично би сакала да има некоја законска рамка за тоа што и колку е дозволено во тој онлајн-простор. Накратко, ни треба онлајн-простор каде младите ќе се чувствуваат прифатено, а не осудувано“, истакна Мукаетова.
Учесниците на панелот заклучија дека дигиталниот простор треба да остане место што поттикнува креативност, учење, поврзување и размена на идеи, но истовремено мора да биде ослободен од токсичност, дезинформации и притисок од нереални стандарди. Остварувањето на ваква здрава и конструктивна онлајн-средина бара усогласена и одговорна соработка меѓу сите чинители – поединците, образовните институции, дигиталните платформи, бизнис-секторот и надлежните институции.
(ПР)
Економија
Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра, објави ССМ
Минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикатите на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.
Анкетата, како што појаснуваат од таму, е спроведена за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија.
Целта на оваа анкета, велат, е да се утврди мислењето на работниците за тоа дали постои потреба од зголемување на минималната плата и кои активности треба да ги преземе ССМ во наредниот период.
„Со репрезентативен примерок од 1.613 испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) во период од 24 часа, анкетата за висината на минималната плата во Македонија ги даде следните резултати:
На прашањето; Колку треба да изнесува минималната плата, од 1.613 одговори, 45,2 % сметаат дека минималната плата во Македонија треба да се зголеми на 600 евра, 42 % од испитаниците сметаат дека таа треба да изнесува над 700 евра, а 12,8 % од испитаниците сметаат дека минималната плата во Македонија треба да изнесува 500 евра.
99,5 % од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) сметаат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на тековната година.
52,8 % од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) доколку не се зголеми минималната плата се спремни да протестираат, а 47,2 % се спремни да штрајкуваат, односно сите испитаници сметаат дека доколку не се зголеми минималната плата треба и да се протести и да се штрајкува.
Заклучокот од анкетата за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија е дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку потреба на работниците во Македонија“, нагласуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

