Економија
Невработеноста во Унгарија се искачи на 11,4 отсто
Невработеноста во Унгарија се искачи на 11,4 отсто во периодот помеѓу декември и февруари, што претставува забележителен раст во споредба со 10,8 отсто во претходниот квартал, соопшти Државниот завод за статистика на Унгарија.
Невработеноста во Унгарија се искачи на 11,4 отсто во периодот помеѓу декември и февруари, што претставува забележителен раст во споредба со 10,8 отсто во претходниот квартал, соопшти Државниот завод за статистика на Унгарија.
Според официјалните податоци, во моментов невработеноста во Унгарија изнесува 11,4 отсто, во споредба со истиот период минатата година кога изнесувала 9,1 отсто.
Според податоците на Евростат, невработеноста во Унгарија е над просечното ниво на невработеност во земјите членки на ЕУ.
Минатата година во Унгарија, во просек 10 отсто од работоспособното население било невработено, што претставува зголемување од 2,2 проценти во споредба со 2008 година./крај/бгн/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Даночното затајување е предизвик на сите земји, клучно во борбата е соработката и размената на податоци
Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и размената на инфорамции е клучна во борбата со овој феномен, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.
„Даночното затајување е насекаде присутно, дури и во развиените земји, затоа поддршката е потребна на сите, не само на земјите како мојата. Кога се зборува за даночно затајување не е важно само законодавството што ќе се усвои, туку многу поважна е волјата на Владата да успее во борбата со него„, рече министерката.
Наведуваќи дека Македонија е членка на ОЕЦД од 2011 година и дека тоа што се уште има висок процент на економска даночна евазија, корупција, сива економија, криминал, значи дека се прави нешто погрешно.
„Овие пет месеци по преземаање на функцијата ги искористив да ги анализирам работите и забележав дека се започнува со политичката волја и даночната администрација. Како пример во 2022 година до нашата даночна администрација имало 24 барања за размена на податоци, а од наша страна само 5. Тоа го покажува интересот на нашата администрација за ова прашање. Затоа приоритет на новата Влада е да се бори со корупцијата и криминалот што претставуа еднинствениот начин како да ги зголемиме приходите во нашиот буџет. Имаме рамни и многу ниски даночни стапки и огромна сива економија и врз основа на тоа одлучивме дека е време да се работи на намалување на сивата економија. Во таа насока, а со цел ефикасно собирање на приходите потребно е да разменуваме инфромации и користење на сите капацитети што ни се на располагање“, истакна министерката и додаде дека даночната и царинската администрација се фокусирани на собирање на приходите и борбата со даночното затајување.
Министерката посочи дека размената на информации е многу важна и дека таа треба да се одвива автоматски, а не по барање, особено имајќи го предвид воведувањето на глобалниот минимален данок.
Министерката учествуваше на панел-дискусија посветена на напредокот на имплементација на стандардите за автоматска размена на информации.
Економија
Годишен раст на зелените кредити од 7,4 отсто заклучно со септември 2024 година
Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари, или 7,4%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија.
Според податоците на Народната банка, на крајот од третото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 20.350 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Заклучно со третото тримесечје од 2024 година, состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 19.355 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 995 милиони денари.
Уделот на зелените во вкупните кредити сѐ уште е на релативно ниско ниво, но од крајот на 2019 година, заклучно со третото тримесечје од 2024 година, се забележува промена од 2,2 % на 4,4 %.
Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки.
За таа цел, Народната банка, на својата веб-страница од 2022 година почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва, коишто можете да ги најдете на следнава врска.
Економија
„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики
Платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, е избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Плаформата на Халкбанк е еден од петте проекти, кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествно одговорна практика.
Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените. Преку креираниот „Пакет за жени“ што е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, банката веќе им овозможи успешен бизнис на голем број клиентки во земјата.
Преку платформата, Халкбанк реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањи за финансирање на женските бизниси, па се до организирање и давање поддршка на низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард, ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.
Проектот Partnership 4 Giving, кој AmCham го имплементира во рамките на USAID програмата, има за цел покренување колективна акција која ќе обезбеди позитивен ефект и ќе развие одржливи перспективи за корпоративна филантропија промовирајќи ги позитивните приказни на компаниите кои служат како пример за бизнис заедницата на полето на корпоративна одговорност.
(ПР)