Економија
Сопствениците на приватни бизниси со зголемено ниво на стрес

Повеќе од половина од сопственици на приватни бизниси во светот се под голем стрес, покажа интернационалното истражување на експертскиот тим на Грант Торнтон (Grant Tornton).
Повеќе од половина од сопственици на приватни бизниси во светот се под голем стрес, покажа интернационалното истражување на експертскиот тим на Грант Торнтон (Grant Tornton).
Околу 55 отсто од сопствениците на приватните бизниси изјавиле дека нивното ниво на стрес е зголемено во изминатава година, се наведува во заклучок на Интернационалниот Бизнис Извештај спроведен од експертскиот тим на Грант Торнтон, во кој беа опфатени 7400 компании од 36 земји од различни делови во светот.
Истражувањето покажува дека под најголем стрес се менаџерите во Кина со 76 отсто, потоа Мексико со 74 отсто, Турција со 72 отсто, Виетнам со 72 отсто и Грција со 68 отсто.
На дното на табелата се најдоа Шведска со 23 отсто, Данска со 25 отсто, Финска со 33 отсто и Австралија со 35 отсто.
Според податоците на истражувањето се чини дека високото ниво на стрес е поврзано со стапката на пораст на БДП.
Во земјите во кои се очекуваат најголеми стапки на раст, како во Кина, Индија и Мексико, сопствениците на приватните бизниси чувствуваат високо ниво на стрес, но и во земјите во кои се очекува најниско ниво на раст, па дури и негативни трендови, како во Грција, Ирска и Шпанија, нивото на стрес е исто така на високо ниво.
Додека во брзо растечките економии стресот е резултат на желбата да се одржи чекор со динамичниот раст и развој, во рецесионите економии стресот се должи на загриженоста на бизнисмените за опстанок на нивниот бизнис./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.