Економија
ФАО ќе и помага на Македонија во управување со земјоделското земјиште
Управувањето со земјоделско земјиште во државна сопственост и водењето на ефикасна земјишна политика во Македонија целосно ќе биде помогнато од страна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО)
Управувањето со земјоделско земјиште во државна сопственост и водењето на ефикасна земјишна политика во Македонија целосно ќе биде помогнато од страна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
За таа цел денеска во Скопје министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и заменик регионалниот директор на ФАО Фернанда Гуериери потпишаа договор за спроведување на Проектот за поддршка во управувањето на државното земјоделско земјиште.
Притоа министерот Димовски информираше дека станува збор за двегодишен проект вреден 340.000 американски долари.
„Во рамки на проектот ќе се изврши преглед и ревизија на политиките и Законот на управување со земјоделско земјиште во државна сопственост со цел обезбедување поголема транспарентност и подобрување на механизмите на давање на земјиште под закуп“, изјави Димовски.
Тој најави дека Владата наскоро ќе ја објави точната бројка на узурпирано државно земјиште.
Претставничката на ФАО истакна дека овој проект треба да ги обезбеди елементите и капацитетите за ефикасна употреба на земјоделско земјиште.
„Работиме за да ги видиме земјоделците како самовработени управувачи кои се способни да се прилагодат на тековните предизвици во земјоделскиот сектор“, рече Гуериери.
Според неа еден ваков проект има огромно значање за Македонија, во која околу 40 отсто од населението го има земјоделството како основно занимање. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

