Економија
Индустриски Ладилник Тетово го зголеми прометот на берзата

Прометот на македонската берза за хартии од вредност забележува зголемена вредност како резултат на купопродажбата на акциите на Индустриски Ладилник Тетово.
Прометот на македонската берза за хартии од вредност забележува зголемена вредност како резултат на купопродажбата на акциите на Индустриски Ладилник Тетово. 140.402 акции од оваа компанија беа истргувани преку една трансакција чија вредност беше 56.160.800,00 денари, а цената по акција изнесуваше 60,00 денари. Вкупниот промет на целата берза изнесуваше 77.887.081,61 денари, од кои поголемиот дел (88,3%), или 66.751.216,00 денари беа реализирани преку купопродажбата на обични акции, а остатокот беше реализиран преку тргувањето со државните обврзници. Доминираше прометот на редовниот пазар кој изнесуваше 58.057.933,00 денари, додека на официјалниот пазар беше реализиран промет од 19.829.148,61 денари.Од официјалниот пазар најактивно се тргуваше државната обврзница за денационализација од деветата емисија, при што беше остварен промет од 9.134.119,94 денари. Просечната вредност од 78,00% беше без промена на дневна база. Цената на обврзницата се движеше во распон од 77,60% до 78,10%. Истргувани беа 190.175 обврзници кои се реализираа преку 41 трансакции.Втора најтргувана од официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална Банка Скопје со промет од 6.605.500,00 денари. Просечната цена од 3.096,81 денари значеше минимално намалување од 0,04%. Истргувани беа 2.133 акции кои се реализираа преку 8 трансакции. На најликвидните од официјалниот пазар се приклучи и Гранит Скопје со промет од 1.536.600,00 денари. Просечната цена изнесуваше 780,00 денари, што предизвика умерено намалување од 0,70%. Истргувани беа вкупно 1.970 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Покрај акцијата на Индустриски Ладилник Тетово која беше со најголем промет од целиот пазар, на редовниот пазар активно се тргуваше и со акцијата на Македонски Телеком Скопје која оствари промет од 732.325,00 денари. Просечната цена од 511,40 денари означи слаб пораст од 0,17%. Ценовниот распон се движеше од 510,00 до 515,00 денари по акција. Меѓу поликвидните од редовниот пазар беше и акцијата на Тутунска Банка Скопје со промет од 642.587,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.493,62 денари што предизвика поостар пад од 2,45% на дневна основа. Истргувани беа 143 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.Скопски Пазар Скопје објави неревидиран биланс на успех за периодот 01.01. – 31.03.2010 година. Според билансот, оперативните приходи за овој период изнесуваат 457.102.000,00 денари, што претставува намалување од 1,76% во однос на оперативните приходи од истиот период од минатата година. Оперативните расходи за првиот квартал од тековната година изнесуваат 444.432.000,00 денари, што е намалување од 1,35% во споредба со расходите од минатогодишниот прв квартал. Финансиските расходи за првото тромесечје од тековната година изнесуваат 10.036.000,00 денари, што претставува намалување од 29,3% во однос на финансиските расходи од првиот квартал од претходната година. За првиот квартал од 2010 година остварена е нето добивка од 3.242.000,00 денари, што претставува зголемување во однос на нето добивката од минатогодишниот прв квартал за 328%.Фершпед Скопје објави неревидиран неконсолидиран биланс на успех за период 01.01 – 31.03.2010 година. Според билансот приходите од продажба за првиот квартал од тековната година изнесуваат 776.527.000,00 денари, што претставува намалување од 19,2% во однос на продажбите од првиот квартал од претходната година. Оперативната добивка за првиот квартал од тековната година изнесува 37.061.000,00 денари. што е намалување од 27,8% во однос на оперативната добивка за истиот период од претходната година. Нето добивката за првиот квартал од тековната година изнесува 31.266.000,00 денари, што е намалување за 27,6% од нето добивката за првиот квартал од претходната година, како последица од негативните ефекти што ги предизвика економската криза.Во објавеното образложение за билансот на успех е наведено дека намалувањето на финансискиот резултат за тековната година е заради намалениот обем на работа од една страна и зголемувањето на трошоците од друга страна. Алкалоид Скопје известува дека неревидиран единечен и неревидиран консолидиран биланс на успех за периодот 01.01 – 31.03.2010 година ќе се објави на СЕИ-НЕТ на 30.04.2010 година во 14:00 часот.ТТК Банка Скопје на акционерското собрание одржано на 28.04.2010 година покрај донесените одлуки за усвојување на годишниот извештај за работењето во 2009 година, за именување на одбор за ревизија, за усвојување на ревизорскиот извештај за 2009 година, донесе и одлука за покривање на загубата за 2009 година. Искажаната загуба на ТТК Банка Скопје по годишната сметка за 2009 година во износ од 67.824.320,50 денари се покрива со:1. Од средствата на акумулирана добивка на банката во износ од 64.987.494,00 денари и2. Од средствата на законскиот резервен фонд на банката во износ од 2.836.826,50 денари.Прикажаната загуба по годишната сметка произлегува од дополнителна обврска за резервација на поголемо побарување по основ на продаден објект од преземените средства за наплата на побарување. ТТК Банка е регистрирана со акционерски капитал од 907.888.000,00 денари и оваа одлука не влијае на никаков начин на регистрираниот капитал на ТТК Банка.ТТК Банка Скопје објави соопштение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда чиј износ е помалку од 25.000 евра во денарска против вредност. На продажба се понудени 345 обични акции по номиналната вредност од 1.000,00 денари по една акција. Вкупната номинална вредност од 345.000,00 денари и вкупната продажна вредност на понудата е 296.000,00 денари. Намената на средствата – одржување на тековната ликвидност на банката.. Цената по која се нудат сопствените акции е 800,00 за една акција.Технометал Вардар Скопје на акционерското собрание одржано на 28.04.2010 година донесе одлуки за измена на статутот на друштвото, за усвојување на годишната сметка и за усвојување на финансиските извештаи на друштвото.Технометал Вардар Скопје донесе и одлука за распределба на чистата добивка остварена по годишната сметка на друштвото за 2009 година. Чистата добивка во износ од 431.888,80 денари, остварена за 2009 година се распределува:1. 15% од чистата добивка во износ од 64.783,50 денари за задолжителна законска резерва – општ резервен фонд,2. Остатокот од чистата добивка во износ од 367.105,30 денари да се пренесе во наредната година како нераспределена добивка. Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 28.04.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Статер банка Куманово – 5 приоритетни акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Индустриски ладилник Тетово 2. Р.Македонија – Денационализација 09 3. Комерцијална Банка Скопје 4. Гранит Скопје5. Алкалоид СкопјеХартии од вредност со најголем раст1 Машинопромет Скопје 140,00%2. Коста Абрас Скопје 20,00%3. ЕМО Охрид 3,23%4. Макстил Скопје 0,42%5. Македонски Телеком Скопје 0,17%Хартии од вредност со најголем пад1. ОКТА Скопје 8,01%2. Бетон Скопје 4,78%3. Прилепска Пиварница Прилеп 4,61%4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,78%5. Стопанска Банка Скопје 2,68%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.