Економија
Мал пораст на прометот на македонската берза
Тргувањето на Македонската берза со хартии од вредност без поголеми промени во однос на претходниот ден. Прометот од тргување е во мал пораст кој на крајот на денот беше 20.242.693,00 денари.
Тргувањето на Македонската берза со хартии од вредност без поголеми промени во однос на претходниот ден. Прометот од тргување е во мал пораст кој на крајот на денот беше 20.242.693,00 денари. Двата индекси се во мал пад од кој најмногу изгуби индексот на јавно поседувани друштва кој падна за 0,95 проценти, додека индексот МБИ10 забележа пад од 0,95 проценти. Индексот за обврзници еднинствао забележа пораст на својата вредност за 0,07 проценти. Убедливо најтргувана хартија од вредност на целиот пазар беше обврзницата на Р. Македонија од денационализција од деветата емисија чиј промет изнесуваше 8,213,032,00 денари.. Просечната дневна цена кај обврзниците беше 78,01 проценти од номиналната вредност.. Вкупно беа истргувани 171,015 обврзници кои се реализираа преку 40 трансакции.Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше акцијата Алкалоид АД. Просечната цена изнесуваше 4.750,00 денари. Додека со нив се истргуваа 840 обична акција и при тоа реализираа 3.995.150,00 денари промет.Трета според обем на тргување од официјалниот пазар беше Гранит АД Скопје со промет кој беше далеку зад првте две нјатргувани и изнесуваше 2,831,150,00 денари. При просечна цена од 769,00 денари регистрирано беше само минимално намалување од 0,77%. Минималната цена изнесуваше 763,00 денари, а максималната 770,00 денари. Истргувани беа 3,682 акции кои се реализираа преку 17 трансакции.На редовниот пазар најактивно се тргуваше со акцијата на Тутунска Банка Скопје која оствари промет од 804,671,00 денари. Просечната цена од 4,326,19 денари значеше пад на својата вредност од 2,08%. Ценовниот распон се движеше од 4,300,00 денари до 4,361.00 денари. Истргувани беа 186 акции кои се реализираа преку 9 трансакции. Следуваше акцијата на Македонски Телеком Скопје со промет од 611,000,00 денари. Просечната цена од 500,00 денари значеше намалување од 2,00%. Истргувани беа 1,222 акции кои се реализираа преку 8 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија обврзници девета емисија 2. Алкалоид Скопје3. Гранит АД Скопје4. Комерцијална банка АД Скопје5. Стопанска банка БитолаХартии од вредност со најголем раст1 Р. Македонија обврзници од осмата емисија 0,412. Алкалоид АД Скопје 0,39%3. Комерцијална банка АД Скопје 0,04%4. ОКТА АД Скопје 0,02%Хартии од вредност со најголем пад1ОХИС АД Скопје 15,83%2. Реплек АД Скопје 8,3%3. Макошпед АД Скопје 4,73%4. Стопанска банка АД Скопје 4,49%5. Топлификација АД Скопје 2,99%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Со цена повисока од претходната до „ЕВН Хоме“ стасала само понудата на ЕСМ за набавка на струја
ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 добиле само една понуда и тоа од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
„Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.
Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.
Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот за 6,738%, кај екстра лесното масло за 6,741% и кај мазутот намалувањето за 3,944%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4085%
Економија
Државниот пазарен инспекторат на терен по најавените продажни акции: трговците да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски
Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања “Black Friday” акции, ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.
Целта е, како што е соопштено, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.
„Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски.
Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите.
Ги повикуваме граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk“.

