Економија
Голем раст на македонската берза, трите индекси во позитива
Прометот на македонската берза за хартии од вредност денеска оствари голем пораст кој вкупно изнесуваше 166,810,734,00 .
Прометот на македонската берза за хартии од вредност денеска оствари голем пораст кој вкупно изнесуваше 166,810,734,00 . Од овој промет 150,161,880,00 денари се реализира на Официјалниот пазар преку 4 реализирани блок трансакции помеѓу акциите на Коменрцијална банка АД Скопје со кои се истргуваа 48.216 обични акции од 3.050,00 денари како најниска цена до 3,190,00 денари како највисока цена од реализраниот блок. Исто така за одбележување во тргувањето беше и порастот на сите три индекси од кој најмногу порасна индексот МБИ10 од 3,70 проценти, индексот МБИД порасна за 2,28 проценти и индексот на обврзниците за 0,36 проценти.Како најтргувана акција на Официјалниот пазар во класично тргување беа обврзниците од деветата емисија на Р. Македонија кои реализираа 4,356,914,00 денари на промет кои се тргуваа по просечна цена од 77,50 проценти од номиналната вредност, и при тоа со нив се истргуваа 91,298 количина и при тоа оваа цена беше за 0,64 проценти поголема во однос од петокот.Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје која се тргуваше по просечна цена од 4,459,73 денари по акција, што преставуваше скок на својата цена од 1,31 процент, и при тоа со нив се истргуваа 834 количина на обични акции со што остварија промет од 3,719,417,00 денари на промет од 28 реализирани трансакции.Трета според обем на тргување од официјалниот пазар акцијата на Макстил АД Скопје со просечна цена од 208,71 денари што беше за 5,49 проценти поголема во однос од петокот, со нив се истргуваа 3,027 акции од 14 реализирани трансакции или вкупно реализираа 631,758,00 денари на промет.На редовниот пазар најактивно се тргуваше со акцијата на Македонски телеком АД Скопје која оствари промет од 1,493,399,00 денари. Просечната цена кај овие акции беше 494,34 денари кои се тргуваа во рамките од 480,00 денари до 500,00 денари или тоа беше скок за 2,03 проценти на својата просечна цена од минатата недела. Со нив се истргуваа 3,021 акции од 21 трансакција.. Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата Тутунска банка АСД Скопје со остварен промет од 478,436,00 денари, а се тргуваше по просечна цена од 4,020,47 денари по акција. Со нив се истргуваа 119 обични акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална Банка Скопје 2. Р.Македонија – Денационализација 09 3. Алкалоид Скопје4Македонски Телеком5. РЖ Макстил Хартии од вредност со најголем раст1 Топлификација 9,87%2. РЖ Арцелормитал ХРМ 7,68%3. Макпетрол 6,11%4. РЖ Макстил 5,49%5, Стопанска банка Скопје 5,40Хартии од вредност со најголем пад1. Лозар Пелистерка 34,50%2. УСЈЕ АД Скопје 3,00%3. РЖ Услуги АД Скопје 0,21%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

