Економија
Влошена оценката за вкупниот процес на јавни набавки

Компаниите ја намалија оценката за вкупниот процес на јавни набавки во земјата. Просечна оценка е 2,80 за разлика од минатогодишната оценка од 2,93 (на скала од 1 до 5).
Компаниите ја намалија оценката за вкупниот процес на јавни набавки во земјата. Просечна оценка е 2,80 за разлика од минатогодишната оценка од 2,93 (на скала од 1 до 5).
Ова се резултатите од мониторингот на јавните набавки и од анкетата на фирмите за искуството во јавните набавки кој Центарот за граѓански комуникации ги објави денеска.
Од Центарот за граѓански комуникации велат дека во земјата се уште постои широк простор за унапредување на процесот на јавни набавки, особено од аспект на подоследно почитување на законската регулатива од страна на државните институции.
Презентирајќи го Кварталниот извештај за резултатите за периодот од јануари до март 2010 година, беше истакната и потребата од допрецизирање на законските одредби за да се стесни просторот за можни злоупотреби во практиката.
Од мониторингот на јавните набавки на централно и на локално ниво можеа да се констатираат неколку клучни наоди од кој и зголеменото користењето на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда; високиот процент на поништени постапки за јавни набавки (20% од мониторираните постапки)
Како едни од главните клучни наоди беа споменати и брзото зголемување на бројот на рамковни спогодби кои се склучуваат без прецизирање на начините на кои ќе им се доделуваат договорите на фирмите, непочитувањето на законската обврска за детално известување на фирмите за причините за избор на најповолната понуда или за отфрлање на одреден понудувач.
Како главни проблеми со кои се соочуваат фирмите во постапките за јавни набавки се, нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација, неправилно бодирање на понудите и фаворизирање на одредена понуда, користење на несоодветни критериуми за доделување на договорот, како и доцнење на наплатата на побарувањата за набавените средства и услуги.
Во спроведената анкета учествуваа претставници од одделите за јавни набавки на 138 фирми, членки на Стопанска комора на Македонија и на Сојузот на Стопански комори./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.