Економија
Јапонија со огромен јавен долг
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/ca15bf49-3411-48e1-981e-de7692b52de7.jpeg)
Јапонија е пред колапс, а новиот премиер се плаши дека земјата наскоро може да ја зафати истата состојба како и во Грција, пишуваат британските медиуми.
Јапонија е пред колапс, а новиот премиер се плаши дека земјата наскоро може да ја зафати истата состојба како и во Грција, пишуваат британските медиуми.
„Нашиот јавен долг е огромен…Нашите јавни финансии се полоши отколку во било која друга развиена земја“, рекол Наото Кан на првото свое обраќање пред јавноста.
Јапонскиот долг моментално е два пати поголем од брутодомашниот производ.
За Кан тешко е да се води фискална политика ако економијата се потпира само на издавање државни обврзници.
„Како и конфузијата во еврозоната, што почна од Грција, и во Јапонија, може да се случи колапс ако не се занимаваме со јавниот долг и ако изгубиме доверба во пазарот на обврзници“, смета Кан
Премиерот на Јапонија не ги открива деталите за фискалните промени што има намера да ги воведе за да ја оживее јапонската економија по неколку години на стагнација. Тој додека беше министер за финансии се залагаше за зголемување на даноците, мерка што е многу непопуларна во Јапонија, пишува БиБиСи./крај/ббс/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи е предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/Mickoski-kolicka-market.jpg)
Секој маркет на својата веб-страница да ги објави цените на сите производи што ги има, ќе предложи денес премиерот Христијан Мицкоски на седница на Владата, на која ќе одлучуваат за воведување мерки за намалување на цените. Оваа мерка е негов предлог, но какви мерки ќе се изгласаат, премиерот рече дека ќе извести по денешната седница на Владата, на која Државниот пазарен инспекторат треба да ја презентира анализата на цените.
„Еве една мерка што ќе ја предложам, сите синџири на овие супермаркети, хипермаркети да имаат јавна веб-страница, транспарентна, на која ќе ги објават сите цени на сите производи што ги имаат во своите маркети. Да може граѓаните јасно да видат колкави се цените и самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот. Ќе можеме и да ги следиме ние тие трендови, да правиме некој хистограм на движење на тие цени“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во Владата.
За тоа какви мерки за намалување на цените ќе бидат донесени, премиерот најави дека ќе извести по седницата оти не бил видовит, како што рече, за да знае кои предлози ќе бидат прифатени.
Економија
ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/narodna-banka-860x5761.jpg)
На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата во непроменет максимален износ од 400 милиони евра до 31 јануари 2027 година. Покрај нејзините девизни резерви, коишто се на историски највисоко ниво од 5 милијарди евра, репо-линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност што ѝ овозможува на Народната банка флексибилно да се справи со потенцијалните регионални шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра.
Народната банка ѝ изрази благодарност на ЕЦБ за продолжувањето на можноста за пристап до репо-линијата. Продолжувањето на можноста за пристап до репо-линијата обезбедува значителна поддршка за политиките на стабилност коишто ги спроведува Народната банка, се истакнува во соопштението.
Народната банка, како што појаснуваат, доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19, во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централните банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата. Народната банка беше предводник и иницијатор меѓу централните банки од регионот за обезбедување пристап до дополнителни средства, за зајакнување на заштитните механизми, и покрај стабилното ниво на девизните резерви и солидната ликвидност на банките. Во изминатиот период, и покрај повеќе последователни кризи, не беа користени средства од репо-линијата.
Економија
Од полноќ поскапуваат дел од горивата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/goriva-696x391.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 7.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,198%, кај дизелот намалувањето е за 0,043%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,055% и кај мазутот зголемувањето е за 1,452%.
Од 11.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,011 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,542 ден/кг и сега ќе изнесува 48,011 ден/кг Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.