Економија
Собранието го усвои Буџетот за 2010 година
Со 69 гласа „за“ и 14 „против“ пратениците го усвоија Буџетот за 2010 година. Од вкупно 96 присутни на Седницата, гласаа 83 пратеници.
Со 69 гласа „за“ и 14 „против“ пратениците го усвоија Буџетот за 2010 година. Од вкупно 96 присутни на Седницата, гласаа 83 пратеници.
Буџетот за 2010 година предвидува ревидирање на приходите за 4,8 милијарди денари или за 3,3 проценти и соодветно намалување на расходите за 4,7 милијарди денари или за 3,1 процент.
Најмногу пари или 85 милиони евра се кратат кај капиталните проекти, а за 23 отсто се намалуваат средствата на Агенцијата за државни патишта и за 30 проценти помалку добиваат министерствата за финансии и култура.
Владата на 10 јуни во предложениот ребаланс го намали буџетот за 4 милијарди и 700 милиони денари (76,4 милиони евра), и ги намали платите на премиерот и министрите за 10 отсто. Со ребалансот на буџетот не е предвидено зголемување на даноците и намалување на платите во јавниот сектор и се обезбедува 3,5 милијарди денари за здравство, пензискиот фонд и социјалната помош.
Целта е да се одржи и буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 отсто од БДП кое обезбедува оптимално ниво на дефицитот со што Владата ќе овозможи извесна буџетска поддршка на реалниот сектор, а ќе се обезбеди и да не се зголеми јавниот долг.
На почетокот на седницата во понеделникот вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека целта на ребалансот е да ја сочува фискалната стабилност, во корист на стопанството и граѓаните и да се одржи социјалната стабилност во време на криза.
За пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова ребалансот е потврда на неуспешните проекции на Владата.
„Овој ребаланс е прикривање на вистинската слика, вакви промашувања како што има оваа влада не се забележани вие не слушате никој друг освен себе си и оставате порака дека не сте сериозни“, рече Иванова.
Иванова пред изгласувањето на Буџетот, дебатираше за лошата состојба во образованието, здравството, стопанството, за неисплатените субвенции на земјоделците./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

