Контакт

Економија

Гардијан: Светските банки опстанаа поради парите на мафијашите

Објавено пред

Лондонскиот весник „Гардијан“ тврди дека глобалниот финансиски систем во неодамнешната економска криза во светот опстанал благодарение на парите од организираниот криминал.

dobivaj vesti na viber

Лондонскиот весник „Гардијан“ тврди дека глобалниот финансиски систем во неодамнешната  економска криза во светот опстанал благодарение на парите од организираниот криминал. „Водечките светски банки, на кои во сегашната економско-финансиска криза очајнички им беа потребни парите, посегнаа по парите на мафијата, па поголемиот дел од неверојатните 352 милијарди долари профит од трговијата со дрога во текот на тоа време е вклучен во глобалниот економски систем. Валканите пари на тој начин се испрани,“ тврди лондонскиот дневник. Иако сево ова звучи неверојатно, продолжува весникот, сето тоа е признато уште минатата година од шефот на агенцијата на Обединетите Нации која се бори против трговијата со дрога и организиран криминал во светот. Огромен дел од глобалната економија, по некои пресметки дури и една петтина, отпаѓа на организираниот криминал – трговијата со оружје, дрога и луѓе./крај/бл/гуа/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Англиска компанија бара партнери за соработка од Македонија

Објавено пред

Сојузот на стопанските комори на Македонија го споделува барањето на компанијата „Марион трејдинг“, со седиште во Обединетото Кралство, која е специјализирана за дистрибуција на источноевропски прехранбени производи.

dobivaj vesti na viber

Моментно бараат сигурен деловен партнер за набавка на производи од ферментирана зелка.

Нивниот годишен обем на набавки за овие производи е приближно 1.000 тони и сакаат да воспостават долгорочно партнерство со доверлив доставувач, велат од Стопанската комора.

Сите заинтересирани компании за соработка може да се пријават најдоцна до 20.2.2025 година до 14 часот на следниот имејл: [email protected]

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска со претставници на германската банка КфВ: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претставници на германската банка КфВ, на која се разговараше за можностите за идни инвестиции во енергетскиот сектор, како и за поддршката на банката во процесот на трансформацијата на АД ЕСМ во рентабилна и модерна компанија.

dobivaj vesti na viber

На состанокот претставниците на КфВ ја потврдија својата посветеност за соработка со Македонија во областа на одржливата енергетика. Тие ја истакнаа важноста на стратешките инвестиции, кои ќе придонесат за модернизација на енергетската инфраструктура и забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија.

Банката КфВ веќе учествува во значајни енергетски проекти во земјата, како што се финансирањето на втората фаза од ветерниот парк во Богданци и изградбата на фотонапонската електрана „Битола 2“. Овие инвестиции, вредни 55 милиони евра, ќе обезбедат дополнителни капацитети за обновлива енергија зајакнувајќи ја енергетската независност на земјата.

Ветерниот парк во Богданци, со новите турбини, ќе го зголеми своето производство на електрична енергија, а фотонапонската централа „Битола 2“, која ќе биде завршена во 2027 година, ќе произведува до 90 GWh годишно – доволно за снабдување 20.000 домаќинства.

Од банката КфВ ја нагласија заложбата за поддршка на македонската влада во исполнување на климатските и енергетските цели усогласени со европските стандарди.

Средбата заврши со согласност за продолжување на соработката, особено во делот на инвестиции во обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Визионерски се работи да се зголеми сточниот фонд, во новата програма предвидени се зголемени субвенции

Објавено пред

„Ако пред десетина години сточниот фонд на крупна стока во државата изнесуваше околу 260.000 грла, денес по седум години погубни политики на минатата власт сточниот фонд изнесува нешто помалку од 140.000 грла“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од собраниска говорница одговарајќи на пратеничко прашање.

dobivaj vesti na viber

„Имаме сериозен пад на млекопроизводство, тоа е се резултат на погрешни политики, лоша земјишна политика, неисплата на субвенциите, без конкретни мерки и програми. Но, тоа време заврши и изминатите 6-7 месеци како власт работиме интензивно како да го вратиме сточарството во Република Македонија и млекопроизводството меѓудругото како еден од најважните производи“, појасни министерот.

Трипуновски додаде дека субвенциите не се намалени туку напротив се зголемени.

„Во минатогодишната Програма субвенцијата за грло крупна стока изнесуваше 12.000 денари за крава и 5 денари за литар млеко предадено во преработувачки капацитет. Оваа година во Програмата за 2025 година поддршката изнесува за грло 8.000 денари и 6 денари за литар предадено млеко во преработувачки капацитети“, истакна тој.

Посочи дека ако една крава има просечно лактација од 6.000 литри во текот на годината, ако се помножи 6.000 литри со 6 денари субвенција која што е предвидена во Програмата за 2025 година тоа се 36.000 денари. И кога на тие 36.000 денари се додадат и дополнителните 8.000 денари за грло крава се добива сума од 44.000 денари.

Министерот додаде дека според старата Програма субвенцијата изнесуваше 12.000 денари по грло и субвенција од 5 денари за предадено литар млеко, тогаш сточарите земале само 42.000 денари.

„Оваа година за првпат ја воведуваме мерката за оставено женско теле, односно можност за зголемување на основното стадо на секој еден фармер. Сумата која што ќе ја добие секој еден фармер за оставено женско теле е 3.000 денари дополнителна субвенција“, најави Трипуновски.

Тој нагласи дека Министерството визионерски работи на зголемување на сточниот фонд во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што...

Македонија32 минути

АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај...

Македонија42 минути

СДСМ е против промена на државниот грб

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче. „Ние...

Македонија2 часа

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија2 часа

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ4 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа6 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет7 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа7 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет7 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет7 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија17 часа

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија23 часа

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија24 часа

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија1 ден

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија1 ден

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија1 ден

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...