Економија
Русија ќе ја намали администрацијата за 100 илјади работни места

Русија во последните три години ќе ја намали јавната администрација за 100 илјади работни места, со што се надева дека ќе заштеди повеќе од милијарда евра, соопштил рускиот министер за финансии, Алексеј Кудрин.
Русија во последните три години ќе ја намали јавната администрација за 100 илјади работни места, со што се надева дека ќе заштеди повеќе од милијарда евра, соопштил рускиот министер за финансии, Алексеј Кудрин.
„Предвидуваме за три години повеќе од сто илјади места на федералните службеници да бидат скратени“, изјавил Кудрин, а пренесуваат руските агенции.
Кон крајот на јуни, рускиот претседател, Дмитриј Медведев, повика бројот на државните службеници да се намали за 20 проценти во период од три години.
Бројот на административци зчанително се зголеми кога шеф на државата беше Владимир Путин во 2000 година, кога достигна 1,5 милиони вработени.
Државната администрација, со голем број службеници константно пати од корупција што пак ја забавува модернизацијата на земјата што беше едно од ветувањата на претседателот Медведев./крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Интерес за батерии – се бара спас за струјата произведена од фотоволтаици

Сопствениците на фотоволтаици засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија.
На последната презентација на ФЕРОИНВЕСТ во Стопанската комора, присуствуваа 60 претставници од субјекти заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред се, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.
Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија.
Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.
Берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци.
Единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена.
(ПР)
Економија
Кафето станува скапо задоволство, цените допрва ќе растат

Цената на кафето, еден од најконсумираните пијалоци во светот, достигнува рекордни нивоа.
Зголемувањето на цените на кафето е првенствено резултат на сушата која ги десеткуваше приносите на зрна на најголемите плантажи во светот и го загрози целокупното производство, а потоа се и геополитичките тензии кои ги загрозуваат синџирите на снабдување. Најсвеж пример се царините на американскиот претседател Доналд Трамп, кои се закануваат да предизвикаат еден вид трговска војна, на која индустријата за кафе нема да биде имуна.
Најголеми производител на кафе е Бразил, одговорен за една третина од светскиот пазар. После него се Виетнам, Колумбија, Хондурас, Мексико, Виетнам, Перу… Нивниот главен адут во успешното производство на кафе е климата. Зрната кафе се исклучително чувствителни и бараат оптимални услови, поради што екстремните температури и суши се основен проблем во овие земји. Освен што го намалува приносот, се влошува и вкусот на кафето. Бразил е особено тешко погоден, каде земјоделците се речиси без залихи. Очекувањата се дека годинава ќе има уште послаба берба во Бразил поради долгите сушни периоди, најдолги од 1981 година. Затоа, се соочуваме со неизвесна сезона и континуирани поскапувања.
Состојбата на родот и климатскиот статус на Бразил и Виетнам ја одредуваат иднината на секоја шолја кафе што ја пиеме.
Арабика и Росбуста се двата најпопуларни типа на кафе. Околу 75 проценти од светското производство го сочинува Coffea arabica, а Coffea canephora останатите 25 проценти. Тоа се две растенија со различни вкусови кои бараат различни услови за одгледување, па затоа имаат различни цени.
Растенијата Арабика се многу попрефинети, растат само на големи надморски височини и бараат голема експертиза во одгледувањето, што ги прави скапи. Робуста е полесна и поевтина за одгледување. Поотпорен е на болести и штетници, а претпочита потопли услови. Исто така, дава поголем принос. Зрната се помали, но имаат повеќе кофеин и се користат главно за еспресо кафе. Арабика има попријатен вкус и умерена киселост, поради што нашла поширока примена.
Економија
(Видео) Костова: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка, папаја за владата – трошки за народот

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, кажа денеска на прес-конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
„Власта измислила сама да пресметува колку „чини животот“ на граѓаните и се обидува да го убеди народот дека со 400 евра може да се живее. Ама, граѓаните да не одат на одмор, да немаат можност ниту за кино или театар – тоа било луксуз според власта. Да се живее само за сметки и храна, и тоа од листата на препорачани производи од Владата. За Владата папаја, манго и аспарагус, а за граѓаните само трошки. За граѓаните да биде луксуз одморот, а власта да изнајмува цели авиони на грбот на народот“, вели Костова.
Според неа, целта на Владата е да го замени реалниот показател – минималната синдикална кошничка – со нова, владина креирана „просечна потрошувачка кошничка“, ама не за четиричлено семејство, туку за тричлено.
„Нема веќе „мама, тато, дада и бато“ како што најави премиерот за ПР – сега има само тројца, за бројките да изгледаат подобро. Зошто токму просечна кошничка? Затоа што се споредува со просечна плата, која расте побрзо и се прикажува секој месец. Минималната – еднаш годишно. Така ќе покажуваат „раст на стандард“, но само на хартија. Не и за граѓаните со минимална плата“, истакна потпретседателката на СДСМ.
Костова смета дека новата просечна кошничка ќе ги игнорира реалните трошоци.
„Ќе се сведува само на храна и сметки, без никаква рекреација, култура или достоинствен живот. Она што го содржеше синдикалната кошничка – како минимум за живот – веќе ќе го нема. Не затоа што не е потребно, туку затоа што Владата сака да прикаже помали бројки. А, токму просечната потрошувачка кошничка треба да мери просечен стандард, со реални трошоци за едно семејство, со пристојна исхрана, квалитетни производи, културен живот. Не само гол опстанок. Ова не е економска мерка, туку политичка манипулација. И уште една навреда за интелигенцијата на граѓаните. Бараме власта да се откаже од оваа срамна и скандалозна намера“, кажа Костова.