Економија
Високиот раст на платите ја водат Словенија кон Грција и Шпанија

Растот на платите во јавниот сектор и задолженоста на словенечката економија може да се спореди со Грција, Шпанија и Ирска.
Растот на платите во јавниот сектор и задолженоста на словенечката економија може да се спореди со Грција, Шпанија и Ирска, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на текстови во словенечките медиуми во врска со предупредувањата кои по повод деветдневниот штрајк на јавната администрација ги изрече гувернерот на словенечката централна банка, Марко Крањец.
Крањец предупредил дека платите во јавниот сектор во словенија од 2007 година до 2009 пораснале за повеќе од 20 проценти. Ако продолжи тој тренд, според него, земјата ќе се доближува кон растот на платите во Грција и Ирска, а ќе се оддалечи од просечниот раст на платите во Европа. Тој истакнал дека Словенија во тој контекст била истакната како проблем на неодамнешниот состанок на министрите за финансии и економија во ЕВропската Унија.
Бизнис весникот „Финансе“ наведува дека за Словенија е шокантен и податокот од кварталниот извештај на Европската Комисија за состојбата во евро-зоната. Во извештајот стои дека компаниите во евро-зоната во финансиската криза влегле веќе задолжени, а компаниите од Словенија ги рангира на прво место според натпросечната задолженост во однос на европскиот просек .
Словенечката централна банка во врска со денеска прекинатиот штрајк во јавниот сектор не сака да коментира дали може ваквите настани да влијаат врз евентуалното намалување на кредитниот рејтинг на земјата, но сепак последиците од штрајкот на долг рок ги оценува како негативни, пишува љубљанскиот весник „Дневник“./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска во посета на Бирото за метрологија: Точните и доверливи мерења се основа за економскиот развој и заштитата на потрошувачите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска го посети Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството, со цел да се запознае со тековните активности и предизвици на оваа институција. За време на посетата, министерката Божиновска се сретна со директорот на Бирото, Седат Рушани, и вработените во лабораториите.
Една од главните теми на разговор беше одржувањето и развојот на националните еталони и сертифицираните референтни материјали, кои се од суштинско значење за обезбедување на мерната точност во различни индустрии и научни истражувања.
Министерката истакна дека Министерството ќе продолжи да ја поддржува модернизацијата на лабораториите и опремата на Бирото, со цел да се обезбеди усогласеност со меѓународните стандарди и конкурентност на македонските производи на глобалниот пазар.
Ова Биро е задолжено за испитување на квалитетот на горивото, златото, верификација на мерила водомери, мерила на електрична и топлотна енергија, хомологација на возила и друго.
Беше дискутирано за важноста на инспекцискиот надзор над употребата на законските мерни единици и калибрацијата на мерилата, како и за потребата од континуирана едукација и обука на кадарот во Бирото. Министерката Божиновска нагласи дека точните и доверливи мерења се основа за економскиот развој и заштитата на потрошувачите, и дека Министерството ќе вложи напори за зајакнување на капацитетите на Бирото за метрологија.
Во текот на разговорите, министерката побара детален извештај за досегашните активности на Бирото, вклучувајќи ги и предизвиците со кои се соочува институцијата. Таа истакна дека е неопходно да се идентификуваат и адресираат сите потенцијални неправилности или пречки кои можат да влијаат на ефикасноста на работата на Бирото.
Министерката Божиновска ја потенцираше важноста на транспарентноста и отчетноста во работата на сите институции под надлежност на Министерството. Таа изрази очекување дека Бирото за метрологија ќе продолжи со својата посветеност кон одржување на високите стандарди во своето работење и ќе преземе соодветни мерки за надминување на сите идентификувани предизвици.
Економија
Се намалува цената на мазутот, бензините и дизелот остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 17.02.2025 година.
Од 21.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,190 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,019 ден/кг и сега ќе изнесува 46,190 ден/кг
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,898%, кај дизелот за 0,788%, кај екстра лесното масло е за 0,720% и кај мазутот намалувањето е за 2,060%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7247%.
Економија
Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денара, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.
Со изнајмен стан од 60 квадратни метри таа изнесува 79.148 денари, е истакнато во соопштението.
Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и за греење 6.096 денари или 9,6 отсто. За лична хигиена и за одржување на хигиената во домот треба да се одвојат 2.195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.844 денари или 7,6 отсто.
За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.592 денара или 7,2 отсто, за образование 7.036 денари или 11 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денар или 6,5 отсто, а за други стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.