Економија
Македонија треба да инвестира 2,3 милијарди евра во екологијата
Македонија во наредниот период ќе треба да инвестира огромни средства во областа на екологијата, кои се проценуваат на 2,3 милијарди евра, со цел да се усогласи со европските стандарди.
Македонија во наредниот период ќе треба да инвестира огромни средства во областа на екологијата, кои се проценуваат на 2,3 милијарди евра, со цел да се усогласи со европските стандарди.
Ова денеска во Скопје го истакна евроамбасадорот Ерван Фуере на церемонијата на започнување на проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за управување со отпад“.
„Проценетите трошоци на целосна имплементација и спроведување на европското законодавство од областа на Заштитата на човековата околина во Македонија изнесува 2,3 милијарди евра, што е над 1.000 евра по жител, односно околу 37 отсто од БДП, што е се разбира огромен предизвик за земјата“, изјави Фуере.
Тој укажа дека истовремено со инвестирањето во Заштитата на човековата околина државата ќе стекне и повеќе придобивки.Европската унија континуирано поддржува проекти во Македонија во областа на заштита на човековата околина, при што за повеќе намени од оваа област досега биле искористени околу 48 милиони евра“, информираше Фуере.
Говорејќи за денешниот настан, Фуере истакна дека иако насловот на проектот звучи премногу бирократски, неговото значење е суштинско за иднината на земјата од областа на екологијата.
„Со помош на овој проект ќе успееме да го подобриме управувањето со отпадот не само на централно ниво, туку и на регионално ниво“, изјави Фуере.
Тој ја потенцираше потребата од успешна соработка меѓу сите засегнати страни, општините, градоначалниците, претставниците на централната власт и сите актери вклучени во управувањето со отпадите.
Ресорниот министер за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи истакна дека целта на проектот што беше денеска промовиран е да се создаде кадар кој успешно ќе управува со регионалните депонии чија изградба е веќе планирана
Целта на овој проект е токму тоа, кога веќе ќе бидат изградени регионалните депонии, општините и локалните комунални претпријатија да имаат капацитети успешно да управуваат со нив, изјави Јакупи.
Тој најави дека Македонија се подготвува да аплицира за средства од третата компонента од ИПАРД за изградба на регионални депонии во источниот и североисточниот регион, за што ќе бидат потребни административни капацитети. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски
Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми.
Продолжуваме со повеќе активности за зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски.
„Силно се развива авиосообраќајот во Македонија.
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа.
Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.
Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот” напиша Николоски.
Економија
Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот
„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа .
Тој посочи дека, и покрај законскиот механизам за усогласување на минималната плата со растот на просечната плата и трошоците за живот, реалноста покажува дека динамиката на поскапувањето ја надминува динамиката на законското усогласување.
„Најзасегнати од ова се граѓаните кај кои минималната плата е единствен извор на приход. Со овој закон предлагаме утврдената минимална плата од 36.960 денари со цел да се зачува реалниот животен стандард и да се обезбеди достоинствен надомест за трудот на сите работници“, додаде Спасовски.
Тој посчи дека дека средствата за спроведување на законот, предвидени во износ од 7,5 милијарди денари, ќе се обезбедат преку пренамена во рамките на постојниот буџет, без зголемување на дефицитот и без ново задолжување.
„Станува збор за одговорна и внимателно планирана пренамена која обезбедува високи примања на работниците, а при тоа ја зачувува и финансиската стабилност на државата. Минималната плата е показател на тоа колку едно општество го вреднува трудот на работниците. Таа е прашање на социјална правда, економска стабилност и човечко достоинство. Ако трошоците за живот растат, платите мора да го следат тој раст“, рече Спасовски.
Тој повика на единство во носењето на законот: Барам од сите колеги, без разлика на политичката припадност, да застанеме заедно во носењето на ова законско решение. Со тоа испраќаме порака дека го слушаме гласот на работниците и синдикатите и дека обезбедуваме егзистенција за граѓаните.
Економија
(Видео) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска расправа во Собранието за предлог-законот за зголемување на минималната плата.
Битиќи остро ја критикуваше Владата за продлабочувањето на сиромаштијата, слабата контрола врз цените и отсуството на вистински социјален дијалог околу минималната плата од 600 евра. Тој предупреди дека растот на трошоците директно ја нагризува куповната моќ на граѓаните.
„Оваа динамика ни кажува едноставно дека куповната моќ се јаде одвнатре, односно постои изразена тенденција сиромаштијата системски да е толерирана. Во овие услови, Владата нема право да зборува за одржливост кога се отвора темата за плати, а да молчи за сопствените институционални потфрлања што директно ја гушат економијата“, појасни Битиќи.
Тој посочи дека наместо да преземе одговорност, Владата го префрла товарот врз работниците и синдикатите.
„Се соочуваме со последователно множество на институционални слабости што го креваат стопанството на колена, а потоа Владата им држи лекција на работниците и фирмите да се договорат, праќајќи порака дека од нејзината страна нема простор за достоинствени плати.“, рече пратеникот на СДСМ.
Во однос на социјалниот дијалог, Битиќи беше дециден:
„Трошоците на живот растат, синдикатите бараат решение, а одговорот што го добиваат е одложување, игнорирање и политичка острина кон барањата на работниците. Во таква клима, социјалниот дијалог не се одржува, туку се задушува. 600 евра минимална плата е линија под која државата не смее да се повлече. Цените и трошоците веќе покажаа дека сегашните политики на Владата произведуваат работничка сиромаштија. Да не го оставаме работникот сам да се бори со инфлацијата и слабата контрола на државата. Достоинството не се одложува, туку мора да се гарантира.“, заклучи Фатмир Битиќи.

