Економија
Стопанствениците бараат итна имплементација на антикризните мерки

Стопанската комора на Македонија е задоволна од континуираните консултации со Владата во сите свери на економската политика, посебно во делот за мерките против кризата.
“Што се однесува до третиот владин пакет мерки за таа цел, во него, содржани се голем дел од барањата на нашите членки, доставени во декември 2008 г., како предлог-мерки за унапредување на деловниот амбиент за 2009 г. Но, во услови на натамошно изострување на состојбите во реалниот сектор условено од економската криза, укажуваме дека сега најважното прашање е итната имплементација на истите во пракса“, велат од Стопанска комора. Третиот штотуку донесен Владин пакет мерки, главно се однесува на 3 сегменти, и тоа: ребаланс на буџетот, кој вклучува ревидирање на макроекономските проекции, пораст на БДП во 2009 г. од само 1%, наместо 5,5%, и прилагодување на сите параметри кон тие проекции, вклучувајќи и намалување на приходите и расходите на буџетот. Во овој дел за членките на Стопанската комора на Македонија најважното е со ребалансот на Буџетот да се задржи макроекономската стабилност, односно и натаму се задржи стабилен девизен курс на денарот. За бизнис заедницата, напоменуваат од комората, е најзначаен вториот сегмент, што се однесува на кредитна поддршка на претпријатијата. Стопанската комора на Македонија очекувајќи соодветни владини активности за што поитна импленетација на мерките од третиот пакет, како клучен императив за соодветно справување со економската криза и помош на фирмите во се повеќе изострените услови на стопанисување, и натаму во континуитет интензивно ќе ги следи состојбите во реалниот сектор. По барање на членките ќе доставува дополнителни аргументирани предлози, посебно за ефектите од горенаведените мерки, како и за проблемите кои се условени од спецификите кај големите фирми и трудоинтензивните дејности, кај кои кризата најсилно се манифестира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.