Економија
Ставрески и Славески на средби со претставници на ММФ и Светска банка

Во Вашингтон, вицепремиерот Ставрески и министерот Славески на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка им ги претставаат најновиот пакет мерки на Владата и ребалансот на Буџетот за 2009 г.
Вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески и минитерот за финансии Трајко Славески, кои од завчера престојуваат на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, се сретнаа со потпретседателот на Светската банка задолежен за Европа и Централна Азија, Такатоши Като и со заменик-директорот на ММФ, Руд Треферс, јавува дописникот на МИА од Вашингтон. Најавени се и средби на Ставрески и Славески со извршниот директор во Светската банка, Ејџ Бакер, шефот на Мисијата на ММФ во Република Македонија, Вес Мек Гру и со регионалниот директор во Светска банка, Џејн Армитаџ.Министерот Славески од Вашингтон во изјава за новинарите го повторил ставот на Владата дека во моментов Република Македонија нема потреба од некој пообврзувачки аранжман со ММФ, додавајќи додаде дека доколку во текот на годината се укаже влошување на економската ситуација според сите параметри, секако ќе биде легитимно да се побара поблиска соработка со Фондот. Според министерот Славески, најважна е фундаменталната политика на државата и најновото кратење на расходите на максимум е сигурно и она што би го побарал и ММФ од Македонија. Славески го посочил примерот на Србија кога иако е склучен аранжман со Фондот, тоа не претставува гаранција дека состојбите веднаш ќе се подобрат. Новиот пакет влдини анти-кризни мерки, како што истакнал министерот за финансии, значи поддршка за македонското стопанство, со цел да се оствари барем минимална стапка на раст која е проектирана на еден отсто од БДП. Славески потенцирал дека новопроектираните приходи во Буџетот ќе се реализираат според новата проекција на растот, а потребните 120 до 150 милиони денари за финансирање на дефицитот, кој е проектиран на 2,8 отсто од БДП, ќе се обезбедат од државни записи, што според минсиетрот е редовна практика во Македонија, како и средства од странски извори на начин што ќе биде исплатлив. Славески ги спомнал еврообврзниците, билатерален заем со една банка или заем од неколку банки.Во однос на последните проекции на ММФ за раст од минус два проценти во Македонија, министерот Славески изјавил рече дека ММФ новите проекции ги базира на општата состојба во светот како целина. Додавајќи дека кога Владата ги прави проекциите прави попесимистички проекции за да се види што значи еден или два проценти поени повеќе или помалку што, пак, на општата проекција на приходите би значело премногу намалување или зголемување. „Станува збор за еден процентен поен нагоре или надолу на БДП што при вака дизајниран даночен систем на приходи значи некаде повеќе или помалку 300-400 милиони денари“, истакнал министерот за финансии Трајко Славески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Свечено отворање на новата поставка во Музејот на Народната банка посветена на културното наследство претставено на македонските банкноти

Денеска во Музејот на Народната банка свечено ќе биде отворена изложбата В/редности и вредности, којашто е кураторски обид за селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари, од 1996 година до денес. Изложбата е организирана како дел од активностите со коишто Народната банка ја одбележува 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот како национално платежно средство.
Поставката, преку осум микроцелини, секоја посветена на засебна банкнота, го опишува и го толкува културно-историското наследство употребено како предлошка за создавање на нивниот дизајн. Поставката ги вклучува охридската Изида, златниот накит на лихнидските дами, виничката икона, боите на Шарената џамија, македонскиот афион, односно археолошкото, уметничкото, архитектонското и природното наследство на овдешните простори.
Изложбата е поддржана од страна на седум македонски музеи, коишто обезбедувајќи пристап до артефактите, овозможија да бидат претставени пред пошироката јавност како обележја на македонските пари.
На свеченото отворање ќе се обратат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, академик Абдулменаф Беџети и професорот на Архитектонскиот факултет, Митко Хаџи-Пуља.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста од утре, 8 јули, и ќе биде достапна за посетителите следните шест месеци, секој работен ден од 9 до 15 часот. Влезот е бесплатен.
Економија
Лајен: Европа мора да се подготви за целосно прекинување на испораките на руски гас

Европската Унија мора да се подготви за потенцијално целосно суспендирање на испораките на руски гас, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Ова е причината поради која Комисијата работи на вонреден европски план. Во текот на јули ќе го претставиме тој план и потребните инструменти за негова имплементација“, изјави Лајен на седницата на Европскиот парламент во Стразбур.
Таа ја обвини Русија дека ја користи енергијата како оружје, истакнувајќи дека сега 12 земји од Европската Унија се директно погодени од делумно или целосно исклучување на рускиот гас, пренесува „Спутник“.
Шефицата на Европската комисија изјави дека земјите членки на Европската Унија имаат свои национални програми за вонредни состојби, но неопходна е и поширока европска соработка и заеднички акции на сите 27 земји членки.
„Мораме да бидеме сигурни дека во случај на целосно исклучување, гасот ќе продолжи да стигнува онаму каде што е најпотребно. Мораме да бидеме сигурни дека можеме да се потпреме на европската солидарност. И мораме да го заштитиме единствениот пазар, како и индустрискиот синџир на снабдување“, рече Лајен.
Таа исто така истакна дека Европската Унија ја намалила својата зависност од руските енергетски извори.
„Се оддалечуваме од Русија за да се свртиме кон сигурни извори, кои влеваат доверба“, рече таа, наведувајќи дека од март увозот на енергетски производи во Европската Унија од различни земји, со исклучок на Русија, е зголемен за 75 проценти во споредба со претходната година.
Според неа, увозот на течен природен гас од САД во ЕУ е речиси тројно зголемен, додека увозот на гас од Русија е намален за една третина во однос на минатата година.
Економија
Цената на горивата не се менува, се намалува само цената на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.07.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.7.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,501%, кај дизелот за 1,699%, кај екстра лесното масло за 2,028% и кај мазутот за 2,898%.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг.
Од 7.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 108,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС – 98 110,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 2,649 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,412%.