Контакт

Економија

Македонија 70-та во светот според квалитетот на живеење

Објавено пред

Македонија е рангирана на 70-тото место на годинешната листа најдобри земји за живеење што традиционално ја објавува меѓународниот интернет-магазин „International living“

Листата се изработува врз основа на девет критериуми: трошоци на живот, култура и слободно време, економија, животна средина, слобода, здравје, инфраструктура, безбедност и климатски услови. Земја каде што најубаво се живее е Франција, а по неа се Швајцарија, САД, Луксембург и Австралија. Во топ-10 се и Белгија, Италија, Германија, Нов Зеланд и Данска. Од државите во регинот, со највисок квалитет на живот е Словенија на 29. место, Грција е 38-ма, Бугарија 42-ра, а Хрватска е на 51 место. Пред Македонија се и Турција и Албанија на 65. односно на 66. место, а полошо рангирани се Босна и Херцеговина и Србија на 78. и на 99. место.Најлоши за живеење, според листата на „Intenational living“ на која се рангирани 195 земји, се Ирак, Авганистан, Јемен, Судан и Сомалија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Димковски: Жителите во општина Лозово, по 24 години, за првпат добиваат 8 нови асфалтирани улици

Објавено пред

Во Општина Лозово во тек се градежни активности за реконструкција и асфалтирање на улици и локални патишта. На увид на истите денеска дојде министерот за земјоделство,Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски.

„Со средства од Програмата за рурален развој во износ од 6.595.883,00 денари, ќе се реконструираат и асфалтираат осум улици во Општина Лозово од кои 6 се во село Лозово, една во село Дорфулија и една во село Каратманово. По асфалтирањето на овие 8 (осум) улици, жителите на територија на Општина Лозово, по 24 години од денот на Формирање на Општина Лозово за првпат ќе имаат асфалтирани улици“ – изјави министерот Димковски.

Исто така, со средства во износ од 18.578.789,00 денари од Програмата за рурален развој се реконструира и асфалтира локалниот пат кој ги поврзува двете соседни села с. Милино и с. Каратманово. Досега се релизирани околу 40% од вкупниот проект за асфилтирање на овој пат.

Директорот Бабовски посочи дека преку трите проекти во овој дел од државата ќе се реализираат инвестиции во вкупна кофинансирана вредност од близу 27,4 милиони денари, со овие средства за првпат се асфалтира локалниот пат Милино – Каратманово и на овој начин повторно го враќаме во функција патот кој поради калта и дупките беше заборавен и не се користеше. Преку овој локален пат, месното население добива нов, квалитетен и побрз пристап до Свети Николе и останатите градови. Исто така преку Програмата за рурален развој за првпат ќе се асфалтираат неколку улици во Лозово, Дорфулија и Каратманово, а партерно ќе се уреди и просторот околу црквата Св. Ѓорѓи во селото Гуземелци.

Ова е инвестиција со којашто конечно ќе се поврзат трите општини од Вардарски Плански Регион, и тоа: Велес, Лозово и Св.Николе.

Прикажи повеќе...

Економија

Украина сака Германија да управува со нејзините железници во рок од 10 години

Објавено пред

Украина планира своите железници да ги отстапи на „Дојче бан“ на десетгодишно управување, изјави денеска украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на настанот именуван како украинскиот појадок во Давос.

„Да, сакаме да ѝ дадеме на Германија контрола над железницата во период од 10 години“, рече Гончарук, а пренесува хрватски „Индекс“.

Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче бан“.

Премиерот тогаш рече дека станува збор за логично продолжување на планот за реструктукција на украинските железници, кој претседателот Володимир Зеленски го најави минатиот септември.

Гончарук истакна дека во овој случај не станува збор за изнајмување или продажба на украинските железници.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија во чест на Ајнштајн го искова најмалиот златник во светот

Објавено пред

Швајцарија искова толку мал златник што треба да се гледа од многу блиску за на него да се забележи ликот на физичарот Алберт Ајнштајн, кој се плази кон гледачот, пренесува агенцијата АП.

Швајцарската државна ковачница соопшти дека овој златник, со пречник од 2,96 милиметра, е најмалиот во светот. Тежината на кованата паричка е само 0,063 грама и има номинална вредност на една четвртина од швајцарскиот франк.

Од ковачницата информираат дека ваква паричка од вкупно 999 направени, ќе се продава по цена од 199 франци со специјална лупа, така што сопствениците ќе може во секое време да го видат ликот на познатиот физичар на аверсот од минијатурниот златник.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија2 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија2 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија4 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ4 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет5 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет7 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија7 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет7 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија8 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион8 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет8 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија21 час

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија1 ден

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија1 ден

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ1 ден

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 ден

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија1 ден

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Досие