Контакт

Економија

Македонците имаат помалку време за одмор и од Јапонците

Објавено пред

Празниците и продуктивноста

dobivaj vesti na viber

Тезата дека зголемувањето на бројот на неработни денови негативно влијае врз економијата со оглед на тоа што се намалува бројот на работните часови паѓа во вода доколку се направи споредба со платеното отсуство што го имаат водечките економски сили во Европската Унија. Имено, работниците во Италија, Франција, Германија и Шведска имаат десетина денови повеќе за одмор и празнување отколку работниците во земјаваПишува: Коста СИЛЈАНОСКИМакедонските работници имаат помалку време за одмор отколку работниците во повеќе развиени земји од Европа и во светот и по воведувањето на измените на Законот за празници. Со новата регулатива што беше воведена пред две години, сите македонски работници без разлика на верската определба празнуваат 11 дена. Ако на оваа бројка се додадат 21 ден, колку што изнесува просечниот годишен одмор во земјава, излегува дека македонскиот работник има 32 дена платено отсуство од работа што е помалку од европскиот просек кој изнесува 34,4 дена. Тезата дека зголемувањето на бројот на неработни денови негативно влијае врз економијата со оглед на тоа што се намалува бројот на работните часови паѓа во вода доколку се направи споредба со платеното отсуство што го имаат водечките економски сили во ЕУ. Имено, работниците во Италија, Франција, Германија, Шведска имаат десетина денови повеќе за одмор и празнување отколку работниците во земјава.  ПЛУС И МИНУС ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРАЗНИЦИВладата на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 г. со измени на Законот за празници реши да го скастри неработните денови за првомајските и за новогодишните празници од два на еден ден. Така, првомајските празници се сведоа на 1 Мај, а Нова година на први јануари. Владата го образложи ваквиот предлог како усогласување на регулативата и одбележувањето на овие два празника соодветно на европската и светската практика за празнување и неработни денови. Според показателите и искуствата од други земји, во 2005 г., Нова година е празник кој се одбележува на 1 јануари, во повеќе од 220 земји во светот, а на 1 и 2 јануари – во седум земји во светот, меѓу кои е и Република Македонија. Според показателите во 2006 г., Денот на трудот, како празник на 1 мај се одбележува во повеќе од 160 земји во светот, а на 1 и 2 мај во седум земји во светот, меѓу кои е и Република Македонија. За сметка на овие кастрења, се зголемија празнувањата на верските празници, но првпат се воведе и 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, како државен празник. Со новите законски измени македонските граѓани, односно православните верници, Велигден го празнуваат четири дена. Неработен ден не е само вториот ден на Велигден, туку и Велипеток. Првиот ден на Рамазан-Бајрам е неработен за сите граѓани, без разлика на верската и националната припадност, а не само за муслиманите. Како нови државни празници се воведени: 24 Мај – Ден на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември – Ден на св. Климент Охридски. Православните христијани ги слават и 6 Јануари – Бадник, 19 Јануари – Водици, Велипеток, Духовден, 28 Август – Голема Богородица. Католиците неработни денови имаат за Божиќ, Велигден и Празникот на сите светци, според грегоријанскиот календар. За верниците од муслиманска вероисповед неработен е и Курбан-Бајрам. Албанската заедница го слави 22 Ноември, Денот на албанската азбука. Првиот ден на Јом Кипур е неработен за Евреите. СЕ ЗАБОРАВА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПОЕНИ Иако, навидум изгледа претенциозно и шаренолико, со воведувањето на новиот календар на верските празници за граѓаните од различна вероисповед, Македонија доби огромни политички поени од партнерите во ЕУ поради начинот на кој се спроведува регулативата за гласање со Бадентерово мнозинство. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Извештајот за напредокот на Република Македонија од 2007 г. “аплаудира на фактот што Владата и Собранието на Република Македонија ставаат сè поголем акцент на признавањето на мултиетничкиот карактер на државата и фактот што тоа придонесе за донесување закони што овозможуваат таквата различност да функционира, како што е донесувањето на измените на Законот за државни празници на 8 февруари 2007 г., со коишто се утврдуваат различните етнички и верски празници и постигнатиот договор за 45 нацрт-закони што може да се донесат само со Бадентерово мнозинство”. Практика на празнување верски празници има во сите европски земји, меѓутоа Македонија со измената на Законот за празниците всушност покажа дека е водечка земја во однос на почитување на правата на малцинствата и во однос на препознавање на интересите на помалите етнички заедници. ДУРИ И ЈАПОНЦИТЕ ИМААТ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА ОДМОР Доколку се изземат верските празници кои важат само за работниците од одредена вероисповед, Македонија има помалку денови за празнување дури и од Јапонија, земја која е една од најголемите економски сили во светот. Работниците во оваа источна земја имаа 14 неработни дена за различни празници како што се Денот на здравјето,Денот на културата, Денот на децата и други. Јапонците во просек имаат 26 дена за годишен одмор. Така, со вкупно 40 дена платено отсуство тие во текот на годината имаат 8 дена повеќе одмор отколку работниците во Македонија. Многу повеќе неработни денови на располагање отколку работниците во земјава имаат работниците од европските економски сили. На италијанските работници во просек им следуваат 42 дена за годишен одмор, а во годината имаат најмалку 11 дена за празнување. Оваа бројка варира од град во град, бидејќи Италијанците неработно ги прославуваат и патронатите на градот во кој живеат. Во Франција има 12 празници, а работниците законски имаат на располагање 37 дена за годишен одмор. Германија на сојузно ниво има 9 празници, а работниците имаат право на 35 дена годишен одмор. Работниците во Шведска, пак, за празнување и за годишен одмор имаат 44 дена. Овие земји се меѓу десетте најголеми економии во Европа и во светот, што е доволен показател дека бројот на работните денови во текот на една година не влијае врз економската активност. Напротив, аналитичари во светот велат дека на тој начин се зголемува продуктивноста на населението и се поттикнува раздвижување на различни економски дејности, како што се трговијата и туризмот во самите земји и надвор од нив.  ЕДЕН ДЕН ПРАЗНУВАЊЕ ЧИНИ ОКОЛУ 7 МИЛИОНИ ЕВРА Македонските работодавци и Владата еден ден празнување ги чини околу 7,3 милиони евра. На крајот од минатата година, просечната дневна заработувачка во земјава била 754 денари. Ако се земе предвид дека празничните денови влегуваат во законски гарантирано платено отсуство, грубата математика покажува дека околу 600.000 работници, колку што има во Македонија, за еден ден празнување земаат вкупна дневница од околу 7,3 милиони евра иако не одат на работа. Тоа значи дека за 11 празници во Македонија, кои важат за сите работници без разлика на вероисповедта, работодавците и Владата годишно одвојуваат безмалку 80 милиони евра. Станува збор за сума која не е за потценување. Меѓутоа, светските аналитичари велат дека, всушност, се работи за финансиска инјекција која влегува од еден економски сектор во друг без да има негативни ефекти врз рентабилното работење на работодавците. Според нив, работниците кога празнуваат ги трошат тие пари и повеќе на различни туристичко-угостителски услуги, а голем дел од нив завршуваат и во прехранбената индустрија.

Вкупно платено отсуство во Македонија и други земји споредено со европскиот просек просечен платен одмор        празници    вкупно платено отсуство                Македонија        21                11        32                    Италија        42                11        53                Шведска        25                19        44                    Франција        37                12        49    Јапонија        26                14        40Германија        35                9        44Европски         /                /        34,4просекСите неработни денови во Македонија во 2009 г.1 Јануари (четврток), Нова година.7 Јануари (среда), прв ден на Божиќ.20 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден.1 Мај (петок), Ден на трудот.24 Мај (недела), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 Мај (понеделник) е неработен ден.2 Август (недела), Ден на Републиката, односно 3 Август (понеделник) е неработен ден.8 Септември (вторник), Ден на независноста.20 Септември (недела) Рамазан-Бајрам, првиот ден на Рамазан-Бајрам, односно 21 Септември (понеделник) е неработен ден.11 Октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 Октомври (понеделник) е неработен ден.23 Октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба.8 Декември (вторник), Св. Климент Охридски.Неработни денови за православните6 Јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ19 Јануари (понеделник), Богојавление (Водици)17 Април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден5 Јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден28 Август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)Неработни денови за католиците13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден1 Ноември (недела), Празникот на сите светци25 Декември (петок), првиот ден на БожиќНеработни денови за муслиманите27 Ноември (петок), Курбан-Бајрам, првиот ден на Курбан-БајрамНеработни денови за заедниците22 Ноември (недела), Ден на албанската азбука27 Јануари (вторник), Свети Сава – за Србите8 Април (среда), Меѓународен ден на Ромите23 Мај (сабота), Национален ден на Власите28 Септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур – за Евреите28 Септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците21 Декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3, сега го зголемуваат на 4.9 проценти

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма велеше дека јавниот долг од крајот на 2023 година достигнал 62,1% од БДП, и дека ќе преземе мерки за фискална консолидација, земјата да има умерено ниво на задолженост. Со новиот ребаланс на буџетот, наместо намалување на јавниот долг, тој ќе биде зголемен на 4.9% уште во првата година од мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Благој Бочварски, денес на Комисијата за финансирање и буџет.

dobivaj vesti na viber

-Потоа, велеа дека инфлацијата ќе ја намалат на 2%, а денес слушаме дека таа е 3.5%. Јасно е дека ќе се кратат сретсва од веќе предвидени проекти.
Пиар програмата на власта е едно, а реалноста е друго, рече Бочварски.

Тој потенцираше дека СДСМ ако не ги зголемеше платите и пензиите на граѓаните во време на кризи и инфлација, тешко дека ќе преживеаа граѓаните, особено со минималната плата од 9 илјади денари, каква што беше во времето на ДПМНЕ, а од каде нивните стручњаци велеа дека не е добро да се покачуваат платите.

-Колку за споредба, во 2017 минималната плата беше 9 илјади денари, а денес таа е 22.500. Просечната во 2017 беше 22.500, а денес е 41.100. Пензиите се зголемија за 6.500, а сега имаме бомбастични најави за зголемување од 5 илјади денари, за кое ни останува да видиме дали ќе се случи“, рече Бочварски.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка

Објавено пред

Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.

dobivaj vesti na viber

„Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм“, соопшти Трипуновски.

Тој во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што главна тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.

Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, кај екстра лесното масло 2,096 % и кај мазутот намалувањето е 3,565 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,2688 %.

Од 27.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС-95                  81,50 (денар/литар)

Моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС 98                             83,50 (денари/литар)

Дизел-гориво            ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            74,00 (денари/литар)

Масло за горење      екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)               72,50 (денара/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 44,656 (денари/килограм)

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,101 денар/кг и сега ќе изнесува 44,656 денари/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ за Балансерот: Тоа е опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5%...

Топ9 часа

Пратеници на службените електронски адреси добиле заканувачки пораки

МВР соопшти дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024...

Македонија11 часа

Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

Министерот за јавна администрација, Горн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и...

Економија12 часа

По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават...

Македонија13 часа

До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено...

Македонија13 часа

Наместо Скопје, прашина на подножјето на Водно – што се случувало во сеизмолошката станица за време на скопскиот земјотрес

Денес, 26 јули, одбележуваме 61 година од скопскиот катастрофален земјотрес, кој остави длабоки траги во историјата на градот Скопје. Земјотресот...

Македонија14 часа

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог…

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на...

Македонија15 часа

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја –...

Македонија15 часа

„Вреди“ го прозва Али Ахмети откога СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, дали ова ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од...

Македонија16 часа

Почвата кај Берово не се смирува: утрово регистриран уште еден земјотрес

Земјотрес од 3,1 степени утрово е регистриран во околината на Пехчево и Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се...

Свет17 часа

Камала Харис до Нетанјаху: Ставете крај на војната во Газа

Американскaта потпретседателка Камала Харис, која се очекува да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како...

Свет17 часа

(Видео) Американска пратеничка со говорна мана одржа говор користејќи глас со вештачка интелигенциј

Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во...

Топ1 ден

Починато бебе во Богданци: подолг период било хоспитализирано

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе....

Топ1 ден

Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена...

Македонија1 ден

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија1 ден

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 дена

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија2 дена

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија2 дена

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...