Економија
Финансиската криза главна тема на самитот на Г-8 во Лаквила

Светската финансиска криза ќе биде главна тема на Самитот на Групата осум индустриски најразвиени држави во светот (Г-8), кој од 8 до 10 јули ќе се одржи во италијанскиот град Аквила
Самитот на Г-8 ќе започне со дискусии за финансиската криза, а соопштението, кое ќе биде објавени по првиот ден од средбата, веројатно ќе биде насочено кон индикациите за стабилизирање на водечките економии и ќе содржи позитивна прогноза за иднината на светската економија. На самитот ќе биде разговарано и за можните стратегии за излез од економскиот пад и покрај тоа што лидерите на Г-8 најверојатно акцент ќе стават на тоа дека е рано за промена на политиката за стимулирање на економијата.Италијанскиот премиер, Силвио Берлускони, кој изминатиот период беше вовлечен во серија секс скандали, кои доведоа и до распад на неговиот брак, изјави дека ќе го искористи долгогодишото пријателство со рускиот премиер Владимир Путин, за да помогне во подобрувањето на односите меѓу Русија и НАТО и ќе се обиде да ја исполни улогата на посредник во односите меѓу Вашингтон и Москва.Полицијата во италијанскиот град Аквила е ставена во состојба на зголемена готовност за да се справи со евентуална појава на земјотрес, за време на средбата. Во близина на градот ќе бидат распоредени хеликоптери, кои би ги одвеле претседателот на САД, Барак Обама и другите светски лидери во случај на земјотрес во Аквила, каде земјотресот во април загинаа околу 300 лица, а околу 60 илјади останаа без покрив над главата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.