Контакт

Економија

Славески се’ уште си се смета за министер

Објавено пред

Министерството за финансии и’ предложило на Владата да пристапи кон нов ребаланс на Буџетот, како што јавува Макфакс, рекол досегашниот прв човек на ресорот Трајко Славески. Салвевски се’ уште се смета за министер

dobivaj vesti na viber

Екс-министрот за финансии, Трајко Славески денеска информираше дека премиерот Никола Груевски деновиве му предвестил дека има намера да го смени.Славески истакнал дека премиерот на утрешната седница треба да даде образложение за причините за барањето за негово разрешување, а тој ќе го искористи деловничкото право да се обрати 15 минути пред пратениците.Тој напоменал дека тој се’ уште е актуелен министер за финансии, бидејќи единствено Собранието има право да го разреши од функцијата.Славески продолжува со својата политика за која инаку беше жестоко креиран од опозоцијата, и ја повторил вчерашната изјава дека во случаи на екстерен шок потребно е повниметален пристап кон неесенцијални трошоци.Запрашан дали изградбата на споменици ја смета за неесенцијални трошоци, Славески одговорил дека започнатите проекти околу културното наследство треба да бидат завршени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Компании

Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“

Објавено пред

Месец август секогаш со себе ги носи најубавите летни попусти на сите фаворити од колекциите пролет-лето ‘22!

dobivaj vesti na viber

И оваа сезона вашите омилени брендови од Fashion group со неодоливи дополнителни попусти кои се причина плус за уште едно неверојатно шопинг искуство во нашите продавници и online shop!

Пред завршување на летната сезона и почеток на новата, сега е совршено време да си ги набавиме сите парчиња што толку ги посакувавме по цени како никогаш досега.

Финалното сезонско намалување е како создадено за нова тренди чанти од Guess по неодолива цена, најубавите street style комбинации од SuperDry, безвременските парчиња од Mango за целото семејтво и чевлите од Geox кои ќе ве одведат на најубавите летни дестинации со кои ќе ја заокружиме најстилската летна сезона досега.

Мажите и овој пат уживаат во класиците на нивниот апсолутен фаворит брендот Boss.

Како и досега така и овојпат, брендовите Bitsiani и Dan John ќе ви ја олеснат потрагата за вашиот изглед да не остане незабележан на најубавите настани кои толку многу ги сакаме.

Ве очекуваме во продавниците на Fashion&Friends и online shop заедно да ги создадеме сите модерни и кул комбинации сега на дополнителни намалувања!

Воедно, овој период од годината е совршена прилика да ги подготвите вашите најмили со сите удобни и кул комбинации од Okaidi, за сите предизвици кои ги очекуваат!

И за крај не заборавајте да ги пронајдете сите Women’secret костими за капење сега на супер попуст со кои ќе заокружиме уште едно модерно и тренди лето со Fashion Group!

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

ЕСМ: Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40 oтсто зголемено производство

Објавено пред

РЕК Битола и РЕК Осломеј произвеле за приближно 40 проценти повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани.

dobivaj vesti na viber

Од ЕСМ информираа дека од јануари до јули 2022 година термоелектраните произведоа 1559 гигавајт часови електрична енергија, додека од јануари до јули 2021 година произвеле 1126 гигавајт часови. Зголеменото производство, велат, се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство, и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите.

„Во истиот период, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25% и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија“, информира од Електраните.

ЕСМ ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека истите ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси.

Прикажи повеќе...

Економија

Ист гејт мол му посакува добредојде на H&M, големо отворање на 18 август 2022

Објавено пред

Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист гејт мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро.

dobivaj vesti na viber

Посетителите на Ист гејт мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2 шведскиот моден бренд ќе и се претстави на македонската потрошувачка публика со најновите колекции за деца и тинејџери, мажи и жени.

,,Возбудени сме што конечно можеме да му посакаме добредојде на H&M во семејството на Ист гејт мол. Од денес Скопје се наоѓа на мапата на светските метрополи каде H&M има свои продавници. Ќе биде прекрасен ден на отворање на првата и единствена продавница на H&M во Македонија. Отворањето ќе биде вистински убав настан за лансирање на брендот на нашиот пазар, по примерот на останатите светски метрополи. На денот на отворањето, брендот ќе подели многу подароци вклучувајќи и попусти до 50% на селектирана облека и обувки. Со отворањето на H&M, во комбинација со останатиот бренд микс, Ист гејт мол се позиционира како водечки трговски центар на пазарот, каде потрошувачите можат да уживаат во сосема поинакво потрошувачко искуство” – изјави извршниот директор на Скопје Ист гејт, Игор Давков.

Ист гејт мол е единствениот трговски центар на пазарот каде водечките модни брендови, како H&M, Индитекс и ЛПП се присутни со своите целосни портфолија, најнови концепти и најголеми формати на продавници. Овие модни брендови во комбинација со над 200 останати, го позиционираат Ист гејт мол како најголем трговски центар во нашата земја.

Ист гејт мол е трговски центар од последната генерација на трговски центри, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Не е пријатно, но провокации имало секогаш, рече Маричиќ за исвиркувањето на македонскиот јазик на забавата за Рамковниот договор

На вицепремиерот Бојан Маричиќ не му било пријатно кога чул како група граѓани на прославата за Рамковниот договор ја исвиркаа...

Македонија2 часа

Таравари бара формирање техничка влада

Потпретседателот на Алијанса за Албаниците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари бара итно формирање на техничка влада. Во објава на...

Македонија2 часа

Каде и да сме, мора да бидеме горди дека сме родени во Македонија, порача Стојменова, која стана министерка во словенечката влада

Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и вонредна професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, од неодамна е министерка за дигитализација...

Македонија3 часа

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

Тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување...

Свет4 часа

Шолц: Војната е на Путин, а не на рускиот народ

„Граѓаните на Русија не ја почнаа војната, но мора јасно да кажеме дека ја поддржуваат“, изјави во понеделникот вечерта финската...

Европа4 часа

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет4 часа

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет4 часа

Алигатор убил жена откако не сакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет5 часа

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува „Јонхап“. Лансирањето се...

Свет5 часа

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија17 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ18 часа

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија22 часа

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија23 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија23 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија23 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија24 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија1 ден

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион1 ден

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...