Економија
За бензини и дизел годинава ќе потрошиме 500 милиони евра!

Македонија годинава ќе потроши 850.000 тони нафтени деривати. Ова го пресметале планерите во официјалниот годишен енергетски биланс што го изготвува Министерството за економија
Според проценките на оваа државна институција овластена да прави проценки, годинава е планирано потрошувачката на бензини и дизел горива да порасне за 5 отсто во споредба со лани. Моторните бензини кои народски ги подредуваме под термините безоловен и супер бензин се проектирани на околу 500.000 тони. Притоа, поголема е проекцијата за потрошувачка на дизел горива и таа изнесува околу 351.000 тони, а бензините се проектирани на 130.000 тони. Во структурата мазутот е проектиран на 280.000 тони, а керозинот на помалку од 8.000 тони. Во структурата е проектирана и потрошувачка на биогорива и таа изнесува 25.000 тони, што претставува раст од 500 отсто во споредба со планираното количество за 2008 г. Цената на суровата нафта на светските берзи од почетокот на годинава бележи закрепнување кое се трансформира во постојан и благ раст. Според енегетскиот биланс, ако не расте просечната цена на литар гориво, годинава Македонија ќе потроши околу 170 милиони литри супер или безоловен бензин. Претворено во пари ова значи дека Македонија годинава ќе потроши барем 170 милиони евра на моторни бензини.Дизел горивата се поевтини на пазарот, но затоа има многу повеќе корисници на овие нафтени деривати. Планерите од Министерството за економија претпоставуваат дека оваа година ќе потрошиме повеќе од 351.000 тони од овие горива. Нивната пазарна цена најчесто е десетина процентни поени пониска од цената на моторните бензини. Просечната годишна цена на овие деривати изнесува над 42 денари за литар. Мора да се напомене дека во земјава нема валидна официјална статистика што може да се земе како точна при утврдување на просечната цена на дериватите иако тој податок би требало да го објавува Регулаторната комисија за енергетика. Математиката покажува дека годинава е планирано Македонија да потроши повеќе од 456 милиони литри дизел горива. Ако се земе просечната цена од 42 денари за литар, излегува дека за таа намена ќе се потрошат повеќе од 314 милиони евра.Од ова произлегува дека годинава за дизел гориво, супер и безоловен бензини ќе потрошиме повеќе од 500 милиони евра!Повеќе во анализата на Форум во новиот број на неделникот кој излезе денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.