Економија
ЕБОР: Финансиската интеграција на регионот, спас од кризата
Придобивките од интегрираниот финансиски систем на Источна Европа во светот на економијата ги надминуваат торшоците што беа истакнати со глобалната економска криза, се заклучува во извештајот на ЕБОР
Извештајот, исто така, вели дека глобалната економска криза ја нарушува брзината на економските реформи во источна Европа, но нема позначајни промени. Владите на земјите од Источна Европа остануваат посветени на економските реформи.Овие наоди се појавија во Извештајот на ЕБОР за транзиција за 2009 година, а се однесуваат на последиците од кризата на транзициониот регион, на земјите од Централна Европа и Централна Азиј каде ЕБОР инвестира, како и за целиот транзиционен процес на економска трансформација.Во Извештајот Транзицијата во криза? за 2009 година се заклучува дека економиите во транзиционите региони се соочуваат со тешки удари, но транзициониот процес како таков го издржува најтешкиот економски удар во последните неколку декади. „Основниот процес на раст во регионот останува недопрен“, коментира економистот Ерик Берглоф. „Како и да е, кризата ја истакнува слабоста. Има лекции кои треба да се научат“, додава Берглоф. Извештајот поставува специфични прашања за моделот на раст и за земјите од Централна и за земјите од Југоисточна Европа, каде брзата експанзија беше забрзана со финансиската интеграција и за земјите подалеку на исток кои зависеа од природните ресурси.Економистите од ЕБОР признаа де финансиската интеграција донесе и некои загуби, со охрабрување на кредитните линии, презадолженоста и трендот на девизно позајмување.Од друга страна пак, овој регион оствари добивка од високиот економски раст. Уште поважно што кога кризата конечно го достигна врвот, странските банки и резултантниот долг на финансискиот систем играа важна стабилизациска улога.„Базирано на овие податоци, јасно е дека обидот да се анулира финансиската интеграција ќе биде погрешно за излез од кризата. Регионот ќе се лиши себеси од изворот на добивка“, се вели во Извештајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

