Економија
ЕЛЕМ и МЕПСО бараат поскапување на струјата
По ЕЛЕМ и Македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО во предвидениот законски рок до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) достави барање за зголемување на тарифата за пренос на електрична енергија
Зголемувањето, како што посочуваат од МЕПСО, се бара заради тоа што компанијата има зголемени трошоци заради тековни и претстојни инвестиции во преносната мрежа кои ќе ги подобрат доверливоста и стабилноста на електроенергетскиот систем.“Од сегашната просечна продажна цена утврдена од РКЕ која изнесува 3,4436 денари за киловат час АД МЕПСО добива 6,3 отсто. Ако Регулаторната комисија во целост го прифати барањето, АД МЕПСО во иднина би добивал 7,9 отсто од просечната продажна цена на електричната енергија”, информират од компанијата.Минатата недела и првиот човек на Електрани на Македонија, Влатко Чинговски извести дека доставиле пресметки до Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на цената на електричната енергија за 10 до 15 отсто, но одтаму ги вратиле пресметките назад на доработка.„Сметам дека има простор за некаде 10 до 15 отсто да има корекција. Но тоа зависи само од регулаторот. Зборувам за крајната цена. Но тоа не зависи од нас, зависи како другите компании заеднички ќе ги распределат средствата во рамките на постојната цена“, изјави Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ.Откако ЕЛЕМ ќе ги достави новите бројки за трошоците, Регулаторната комисија ќе почне со пресметките за колку ќе се покачи цената и на електрани и на МЕПСО и на ЕВН Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

