Економија
Студентите може многу да научат од економската криза
Светската економска криза, која ги зафати сите делови од светот, вклучително и Македонија, може да им послужи на студентите за изработка на магистерски или докторски труд
Ова во четвртокот во Скопје го порача Анри Боне, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“, која за студентите од економскиот факултет организираше панел дискусија на тема „Пазарни економии во криза кон закрепнување“.Настанот е организран со цел да им се даде можност на студентите, да слушнат мислење од експерти, но и од луѓе со искуството во пракса, рече Боне.Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд, Александер Тиман, истакна дека Македонија полесно ја почувствувала светската економска криза, во споредба со многу други земји, но додаде дека посотојат многу предизвици.Според него, посебен предизвик ќе биде подмирувањето на дефицитот на тековната сметка во платниот промет, во време на намален прилив на средства од странство и намалена активност на странски инвестиции.Тиман, сепак изрази оптимизам дека во наредната година ќе има услови за економски раст и за закрепнување.Македонската берза силно ги почувствува последицита од светската економска криза, што најмногу се одарзи врз падот на прометот и акциите, истакна Евита Иванова од Македонска берза.Таа појасни дека најнапред берзата доживеа бум откако странските инвеститори и фондови почна да инвестираат во акции на македонски компании, а кризата настана откако истите тие фондови почна да се повлекуваат од берзата, што предизвика реакција и кај домашните вложувачи.Иванова изнесе и статистички податоци, според кој во 2007 г. просечниот промет на берзата изнесувал 127 милиони денари со 575 трансакции, додека во 2009 г. дневниот промет изнесува 17,3 милиони денари, со 143 трансакции.Извршниот директор на Евролинк осигурување Александра Наќева-Ружин информираше дека вкупниот пиход на 12-те осигурителни компании во Македонија е помал од прометот на една од трите водечки банки.Пред студентите се обратија и поранешните министри за финансии Таки Фити и Трајко Славески, кои воедно се и професори на факултетот.Професорот Фити посочи дека невработеноста е еден од најголемите проблеми на Македонија и таа на долг рок може да се надмине само со континуиран економски раст од над пет отсто годишно.Според него актуелниот буџетски дефицит од 2,8 отсто е нормален за услови на рецесија и секоја одговорна влада би се одлучила на таков чекор.Проблемот не е во висината на буџетскиот дефицит, туку во структурата на трошоците, што во Македонија е проблем на сите досегашни влади, рече Фити.Професорот Славески на студентите им раскажа неколку искуства со кои бил соочен на позицијата министер за финансии, во време кога започна кризата.Тој рече дека имало и неколку конфликтни ситуации со раководсни луѓе на државни институции, кои имале апетитити за непродуктивни трошоци, и покрај тоа што буџетот бил веќе притиснат од светската криза.Славески се пофали дека со успешно реализираната еврообврзница во јуни, во голема мерка се стабилизирала состојбата со Буџетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Kонцесионерите мора да носат развој за граѓаните, кажа Божиновска и најави засилен инспекциски надзор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности.
На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери во државата, што директно влијае врз локалниот економски развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите во општинскиот буџет. Соговорниците разговараа за ефектите од зголемените концесии, како и за потребата од одржување стабилен баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.
Посебен акцент беше ставен на соработката меѓу општината и концесионерите, при што беше констатирано дека е важно доследното почитување на законските обврски и стандардите за работа, како и континуираниот дијалог со локалната заедница со цел одржлив развој на секторот.
„Развојот на рударството мора директно да се чувствува и на локално ниво. Нашата цел е општините да имаат реален бенефит, а компаниите да работат согласно највисоките стандарди и прописи“, истакна министерката Божиновска.
На средбата се разговараше и за унапредување на инспекцискиот надзор, при што беше најавено отворање на нова канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп. Новото присуство на инспекциските служби на локално ниво ќе овозможи поголем увид на терен, поефикасни контроли и навремено постапување, што ќе придонесе за дополнително зајакнување на довербата и транспарентноста во работењето.
Министерката Божиновска нагласи дека Министерството останува посветено на партнерски однос со локалните самоуправи, со јасна цел — развој на рударството како економски двигател, но со целосно почитување на прописите и интересите на граѓаните.
Економија
Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава
Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени.
Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор од 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка беше определена како Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија. Тие беа дополнително зацврстени со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври истата година. Со конституирањето на независната држава и со прогласувањето на монетарната самостојност во април 1992 година, Народната банка прерасна во самостојна централна банка, носителка на сите значајни функции на современото централно банкарство.
Во текот на изминатите осум децении, Народната банка работеше во различни општествени и економски околности, од периоди на стабилност и напредок до фази на длабоки трансформации. Притоа, постепено ги воспостави своите надлежности, функции и институционален интегритет на независна и современа централна банка на нашата држава.
Денес, Народната банка е модерна, професионална и кредибилна институција, со високо ниво на доверба кај јавноста и признат углед во меѓународните финансиски и централнобанкарски кругови. Преку доследно спроведување на своите законски цели – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, таа создава стабилни макроекономски услови и придонесува кон одржлив економски раст и развој на општеството.
Континуитетот, стабилноста и кредибилитетот на Народната банка се темелат врз професионалното знаење и искуство, интензивната меѓународна соработка, но пред сè врз трудот, посветеноста и одговорноста на генерации вработени и раководни лица кои го вградиле својот професионален век во институцијата. Токму оваа институционална зрелост ѝ овозможи на Народната банка успешно да се справува со сложени економски предизвици и периоди на зголемена неизвесност, оправдувајќи ја довербата на граѓаните како највреден капитал на секоја држава.
По повод јубилејот „80 години централнобанкарско работење“, Народната банка ќе оствари низа активности со кои ќе се одбележи богатото институционално наследство и ќе се афирмира улогата на централното банкарство во современото општество.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

