Економија
Макстил: 2010-та ќе биде подраматична година
Наредната 2010 година за металскиот сектор во Македонија најверојатно ќе биде потешка година, нарачките се намалуваат, а дополнителен товар ќе биде зголемувањето на цените на енергенсите
Ова во средата во Скопје го изјави еден од директорите на „Макстил“, Митко Кочовски, додавајќи дека прогнозите за вработените во металната индустрија за наредната година се неповолни.Единствено Кина има пораст во челичната индустрија и веќе достигна половина од светското производство, додека во останатиот дел во светот во челичниот сектор има сериозни падови кој што надминуваат 20 проценти.Запрашан како овие показатели ќе се одразат врз вработените во металниот сектор во Македонија, Кочовски одговори дека се очекуваат неповолни вести.„Престојат преиспитувања на сите трошковни ставки, прилагодувања на овие услови во кој што треба да работиме, а тие се тешки. Во овој момент не можам да дадам прецизен одговор, но ситуацијата ќе биде сложена“, изјави Кочовски.Тој најави дека претставниците на металниот сектор очекуваат наскоро средба со владата на која што подраматичноби би и го соопштиле тоа што ќе се случува на пазарот за челични производи.Нашите барања за наредната година се јасни. ќе бараме поправичен третман во енергетскиот биланс, ќе бараме понормални цени на транспортните услуги и ќе бараме пролонгирање на роковите за интегрални еколошки дозволи, кој што треба да се усогласени со европските директиви, рече Кочовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

