Економија
Реновирани турбо-агрегатите на ЕЛЕМ
																								
												
												
											Два ревитализирани и модернизирани когенеративни турбоагрегати, лоцирани во скопската населба Железара, денеска беа пуштени свечено во употреба
Станува збор на проект на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), кој за оваа намена инвестираше 3,5 милиони сопствени средства.Двата агрегати, кои од денеска се вклучени во енергетскиот систем, имаат моќност од вкупно 30 MW.Капацитетот Енергетика, кој се наоѓа во комплексот Рудници и железарници, се предвидува да произведува до 160 GWh електрична енергија годишно , со истовремена можност за производство до 200 GWh топлинска енергија.Како погонско гориво ќе се користи природниот гас, кој досега на истата локација се користеше само за производство на топлинска енергија.На денешната свеченост присуствуваа македонскиот премиер Никола Груевски, Директорот на ЕЛЕМ Влатко Чингоски, пратеници и други гости.Притоа премиерот Груевски истакна дека решавањето на прашањето со снабдување со електрична енергија ќе ја намали нашата зависност од увоз на електрична енергија.„Знаејќи ја ваквата потреба, македонската влада преку државните енергетски компании, постојано инвестира и работи на осовременување на системот за енергетска поврзаност, изградба на нови капацитети и надградба на постоечките“, рече Груевски.Според него, придобивките од инвестицијата во капацитетот Енергетика се огромни, бидејќи се обезбедува пониска цена на струјата, а природниот гас кој се користи како погонско гориво ќе влијае врз намалување на загадувањето на природната околина.„Бенефициите за граѓаните и стопанството се огледаат и во тоа што топлинската енергија, која тука ќе се произведува, ќе може да ја користат и голем број на индустриски капацитети, а се планира и развивање на мрежа за топла санитарна вода за индустријата и домаќинствата, но и за потребите на оранжериите“, рече Груевски Тој најави дека ќе продолжат инвестициите на државата во енергетскиот сектор, кој е од клучна важност за развој на Република Македонија.„За сериозноста на нашите намери говори и најавата за капиталниот проект вреден 56 милиони евра за модернизација на најголемиот капацитет за производство на електрична енергија РЕК Битола во следните три години“, изјави Груевски.Чингоски изјави дека после подол период електроенергетскиот систем е збогатен со производствен капацитет, кој можеби е мал по обем, но е значаен по својата суштина.„Енергетскиот капацитет кој треба да ги зајакне перформансите на ЕЛЕМ во овој дел на градот, ќе влијае и на зголемувањето на производството на електрична, но и на топлинска енергија во функција на потрошувачите“, рече Чингоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
														Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.
Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
														Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
														Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

