Контакт

Економија

До 2020-та 21 отсто од енергијата од обновливи извори

Објавено пред

Од 13,8 отсто, учеството на обновливите извори на енергија ќе нарасне на 21 процент до 2020 година, најавуваат од МАНУ

Според Министерот за економија Фатмир Бесими, кој имаше обраќање на расправата за базната студија за обновливи извори на енергија, изработена од МАНУ, фокусот и целта на оваа стратегија е да развие производство на енергија од обновливи извори на енергија, што е значајно за одржливиот раст и за животната средина.„На овој план Македонија ќе има еден добар документ врз основа на кој ќе ја развива енергетиката во иднина и ќе се труди да биде во склад со стандардите на ЕУ во однос на обновливите извори на енергија,“додаде Бесими.Како што истакна министерот, во стратегијата се опфатени сите енергетски објекти кои произведуваат енергија од обновливи извори на енергија, како малите хидроцентрали, ветерните електрани, соларните електрани, био – масата, односно сите извори на енергија што гарантираат заштита на животната средина. Академик Глигор Каневче, еден од експертите кои работеле на стратегијата, изјави дека стратегијата за обновливите извори на енергија е работена паралелно со развојот на енергетиката во Македонија.„Обработени се сите видови на обновливи извори на енергија и дефиниран е целниот процент за 2020 година согласно правилата во Европската Унија кој ние како членка на енергетската заедница ќе треба да го исполниме. Од 13,8 отсто во 2005 година учеството на обновливите извори на енергија треба да нарасне до 21 процент до 2020 година,“ појасни Каневче.Обраќањето на Бесими беше дел од расправата за усвојување на стратегијата на МАНУ за развој на обновливите извори на енергија во Македонија до 2020 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Објавено пред

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта за 14 проценти, или 1,6 милиони барели на ден, изјави неименуван официјален претставник на руското Министерство за енергетика.
        
„Ја потврдувам нашата подготвеност да го намалиме производството на руска нафта за 1,6 милиони барели на ден“, изјавил официјалниот претставник на Кремљ.
        
Според некои извори, во новиот договор се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и други земји и се предвидува да се намали глобалното производство за 70 милиони барели на ден.Видео-сесија за падот на светските производство на нафта на земјите од ОПЕК се очекува да се одржи денеска.
        
Рускиот претседател Владимир Путин порано изјави дека Москва е подготвена да го намали производството на нафта само доколку другите светски производители на нафта, вклучително и САД, се согласат да го сторат истото.
        

Прикажи повеќе...

Економија

Инспекторатот за земјоделство: Увозот и извозот на земјоделски производи без застој

Објавено пред

Државниот инспекторат за земјоделство од 15 март до денес изврши 4.100 фитосанитарни прегледи, при што се овозможи и во вонредна состојба извозот и увозот на земјоделски производи да се одвива без каков било застој.

Од Инспекторатот соопштија дека сите погранични пунктови, како и пунктовите во внатрешноста на државата, секојдневно работат.

„Правните лица што го вршат извозот и увозот во Република Северна Македонија истакнаа дека се задоволни од ефикасноста на работењето на инспекторите, кои даваат значаен придонес во пласманот на домашните земјоделски производи. Само денес до 16 часот на граничниот премин Табановце извршени се 87 фитосанитарни прегледи од страна на инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 компании со 1.737 вработени

Објавено пред

Mинистрите во Владата на седница ја разгледаа и усвоија информацијата за барањата што ги исполнуваат критериумите од јавниот повик бр.1 за кредити од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот Ковид-19.

Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија АД да склучи договори за кредит со кредитобарателите што ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. Според информацијата на Развојната банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

Од овие 136 компании апликанти, 96 отсто се компании до 10 и компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија „Ковид1“ примарно ќе стигнат до микро и малите компании. Доставата на информации со обработени кредитни апликации, кои исполнуваат услови до Владата, ќе се одвива редовно на неделно ниво сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија „Ковид1“, односно од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), со цел намалување на последиците од коронавирусот Ковид-19.

Најдоцна до крајот на неделата Развојната банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Владата заради реализација на договорите за кредит.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет48 минути

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа скоро 2000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред.Според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, во...

Регион56 минути

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет1 час

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа4 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија13 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа15 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа15 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија15 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија16 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија18 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет18 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија19 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет19 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија19 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет23 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет23 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија24 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет1 ден

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет1 ден

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Досие