Контакт

Економија

До 2020-та 21 отсто од енергијата од обновливи извори

Објавено пред

Од 13,8 отсто, учеството на обновливите извори на енергија ќе нарасне на 21 процент до 2020 година, најавуваат од МАНУ.

Од 13,8 отсто,   учеството на обновливите извори на енергија ќе нарасне на 21 процент до 2020 година, најавуваат од МАНУ.Според Министерот за економија Фатмир Бесими, кој имаше обраќање на расправата за базната студија за обновливи извори на енергија, изработена од МАНУ, фокусот и целта на оваа стратегија е да развие производство на енергија од обновливи извори на енергија, што е значајно за одржливиот раст и за животната средина.„На овој план Македонија ќе има еден добар документ врз основа на кој ќе ја развива енергетиката во иднина и ќе се труди да биде во склад со стандардите на ЕУ во однос на обновливите извори на енергија,“додаде Бесими.Како што истакна министерот, во стратегијата се опфатени сите енергетски објекти кои произведуваат енергија од обновливи извори на енергија, како малите хидроцентрали, ветерните електрани, соларните електрани, био – масата, односно сите извори на енергија што гарантираат заштита на животната средина. Академик Глигор Каневче, еден од експертите кои работеле на стратегијата, изјави дека стратегијата за обновливите извори на енергија е работена паралелно со развојот на енергетиката во Македонија.„Обработени се сите видови на обновливи извори на енергија и дефиниран е целниот процент за 2020 година согласно правилата во Европската Унија кој ние како членка на енергетската заедница ќе треба да го исполниме. Од 13,8 отсто во 2005 година учеството на обновливите извори на енергија треба да нарасне до 21 процент до 2020 година,“ појасни Каневче.Обраќањето на Бесими беше дел од расправата за усвојување на стратегијата на МАНУ за развој на обновливите извори на енергија во Македонија до 2020 година./крај/ко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Горивата поевтинуваат

Објавено пред

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на еуросупер БС-95, еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за половина денар и ќе изнесуваат: 57 денари, 59 денари и 49 денари за литар.

Малопродажната цена на ккстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво – 37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 денари на 23,260 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за економија беше усвоена Уредбата со законска сила која предвидува издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба.

Како што информираше министерот, издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во Третиот пакет мерки на Владата за поддршка на економијата, кој беше објавен пред две недели, а главната цел на оваа мерка е поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор.

„Имајќи го предвид фактот дека токму туризмот е една од најпогодените гранки од корона кризата, убедени сме дека домашниот туризам останува најголемата надеж за поддршка на оваа индустрија. Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои како што кажав немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари, односно според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари“, потенцираше министерот.

Постапката за добивање на ваучер предвидува откако УЈП ќе ги достави податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка потоа на истите преку електронска пошта ќе им биде доставен ваучер со QR KOD во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

„На истите граѓани кои ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која можат да ја користат во сите угостителски објекти за исхрана и во објектите каде ќе одмараат и во други угостителски објекти за исхрана, додаде Бектеши и кажа дека во исто време Министерството за економија ќе постави Платформа на која сите категоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата ќе ги презентираат своите капацитети за сместување, каде што граѓаните кои ќе добијат ваучери ќе може да изберат која од понудите ќе може да ја искористат односно ќе изберат каде ќе го поминат својот годишен одмор.

„Кога кажувам Категоризирани угостителски објекти мислам на сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи го и приватното сместување во нашата држава. Ја користам оваа прилика сите објекти кои не се категоризирани истото да го направат заклучно до 20 јуни за да истите можат потоа да аплицираат за користење на мерката и ќе може нивните понуди да ги прикачат на платформата со што граѓаните кои имаат ваучери да можат истите да ги искористат кај нив.

Подготовките за пуштање во употреба на оваа платформа на која туристичко-угостителските објекти ќе треба да се регистрираат се веќе се започнати, и истата ќе биде пуштена во употреба за две недели, односно на 15 јуни. Хотелиерите и угостителите потоа ќе имаат рок од 15 дена, односно до 30 јуни да ја постават својата понуда на платформата со што граѓаните кои што ќе добијат Ваучери ќе може да изберат каде ќе летуваат“, кажа министерот Бектеши и ги повика сите туристичко-угостителски капацитети кои не се категоризирани, да ги категоризираат своите објекти заклучно со 20 јуни за да можат да аплицираат и да ја прикачат својата понуда на платформата каде што граѓаните ќе може да ја видат понудата и да го искористат ваучерот кај нив.

Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.

„Во исто време сакам да информирам дека Министерството за економија заедно со Агенцијата за поддршка на туризмот во наредниот период ќе спроведе кампања ДОМА СИ Е ДОМА и PUSHIME NE VEND на која ќе ги промовираме туристичките потенцијали на Република Северна Македонија, но овој пат за нашите граѓани односно за домашните туристи“, кажа Бектеши.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.

„Имајќи го предвид искуството од претходните години со поддршката на домашниот туризам, успеавме да го зголемиме бројот на домашни туристи во Република Северна Македонија во просек по 7% годишно, со оваа мерка, и со кампањата за домашен туризам очекуваме бројот на домашни туристи и ноќевања во нашите туристички центри оваа година да го зголемиме за 50% и со тоа да им помогнеме на нашите хотелиери да ги намалат загубите од оваа криза.. Потенцираме дека ова не е последна мерка за опоравување од корона кризата и во периодот кој следува заедно со приватниот сектор ќе продолжиме со нашата успешна соработка и ќе носиме нови мерки и програми за опоравување на последиците од оваа криза“, кажа Бектеши.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска: Приходите во буџетот во мај се реализираат согласно поволното сценарио

Објавено пред

Приходите во буџетот заклучно мај се согласно поволното сценарио на Министерството за финансии, што значи дека патеката на движење беше соодветно проектирана и досегашната реализација се движи во линија со планираното, односно имаме позитивно отстапување или подобра наплата од околу 300 милиони денари на приходите од акциза, рече денеска министерката за финансии Нина Ангеловска во изјава за медиумите за извршување на буџетот од почетокот на годината заклучно мај, како и за неговото финансирање.

Од почетокот на годината заклучно мај, наплатата на приходите во буџетот е за 8,9% пониска на годишна основа. Наплатата на даночните приходи е за 12,9% пониска во однос на 2019 истиот период. Наплатата на придонесите има раст од 7,1% во однос на минатата година, што е показател дека годината започна одлично со раст на вработеноста и платитe, а во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги зголемија платите на околу 120.000 вработени, посочи Ангеловска.

Расходната страна е повисока за 7.9% од почетокот на годината заклучно мај, при што кај реализацијата на капитални расходи за првите 5 месеци бележи мал раст од 1.6% во однос на лани.

Во однос на Ребалансот, вкупните приходи се реализирани во износ од 37.3%, додека вкупните расходи 38% од планираното. Дефицитот заклучно со мај изнесува 18,9 милијарди денари или 2,8% од БДП.

-Важен аспект е дека во време на неизвесност и глобална пандемија која предизвика економски рецесии и во најголемите економии, кога има нарушување во синџирите на набавка, намалена економска активност и зголемена улога на државата во помагање на граѓаните и стопанството, ликвидноста на буџетот е стабилна и финансирањето е обезбедено под поволни услови – рече Ангеловска.

Остварувањето на буџетските приходи само во мај изнесува 12,7 милијарди денари што претставува годишен пад од 24% споредено со мај 2019 година. Даночните приходи во мај се остварија во износ од 6,5 милијарди денари или споредено со мај 2019 регистрираа пад од 28%, додека придонесите се реализирани во износ од 5 милијарди денари што е речиси на исто ниво со лани.

Во основното сценарио на Министерството за финансии, таканареченото поволно сценарио, проектираниот пад на даночните приходи за мај бил 31%. Ова значи дека патеката на движење беше соодветно проектирана и досегашната реализација се движи во линија со планираното, односно имаме позитивно отстапување или подобра наплата од околку 300 милиони денари на приходите од акциза, истакна Ангеловска.

-Како резултат на појавата и ширењето на коронавирусот, нужно зло беше да се преземат рестриктивни мерки кои имаат за цел заштита на здравјето на граѓаните, спречување на ширење на вирусот и нанесување неспоредливо поголема штета, хумана и материјална односно економска. Беше очекувано дека тоа ќе предизвика запирање на дел од економските активности и дека ќе го отежни функционирањето на некои синџири на набавка. Следствено на ова, падот на приходната страна беше очекуван.- вели Ангеловска.

Што се однесува до расходната страна во месец мај вкупните расходи се реализирани повисоки за 1.9 милијарда денари или 11% повеќе споредено со мај минатата година. Ова зголемување се должи пред се на поголемата исплата на субвенции и трансфери, односно исплата на мерката за справување со COVID-19 која се однесува на субвенционирање на плати во приватен сектор. Истата беше реализирана во месец мај во износ од 1.8 милијарди денари (или околу 30 милиони евра).

Финансирањето на дефицитот, како и на старите долгови кои доспеваат за враќање во износ од 685 милиони евра, ќе се покриваат со издадената еврообврзница во износ од еврообврзница од 700 милиони евра, заем од ММФ заем во износ од 176 милиони евра, заем од ЕУ од 160 милиони евра, заеми од Светска банка во износ од 140 милиони евра (од кои 57 милиони евра се предвидени да се влечат во 2020 година), како и повлекувања од други кредити за реализација на капитални проекти. Исто така предвидено е нето повлекување преку државни хартии од вредност од 250 милиони евра.

-Ова е најоптималното портфолио, најдобра комбинација согласно трошок и рочност, односно услови за понатамошно сервисирање на долгот. Еврообврзницата ја издадовме во вистинско време, што се огледа од побарувачката за истата која беше пет пати поголема од понудата, што е највисока во регионот од Југоисточна Европа од почетокот на кризата. Исто така, цената за еврообврзницата која ја постигнавме е 3,675% што е втора најниска камата од сите 7 еврообврзници кои се издадени од земјава. Треба да се има на ум и дека оваа евробврзница е издадена во време на криза, што значи дека доколку беше издадена во нормални услови каматата ќе беше значително помала помала- рече Ангеловска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија7 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија8 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија9 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија9 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион11 час

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија11 час

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија11 час

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија12 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија13 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија13 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија13 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет14 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет14 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет1 ден

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија1 ден

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие