Економија
Милер: „Јужен поток" ќе го зголеми транзитот на гас преку Бугарија

Волуменот на транзитирање гас преку Бугарија, по пуштањето во употреба на гасоводот „Јужен поток“ многу ќе се зголеми, рече претседателот на „Гаспром” Алексеј Милер.
Тој истакна дека Романија нема да може да го заземе местото на Бугарија во проектот „Јужен поток, но може да се приклучи на него во својство на еден од учесниците.
„Со Бугарија подготвуваме техничко и економско оправдување, имаме потпишан меѓувладин договор за реализација на проектот, а со Романија немаме ваков договор”, рече тој, одговарајќи на прашање дали Романија може да го заземе местото на Бугарија во овој проект. /крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
АДИССДП ќе гради комерцијални згради во Охрид, Битола и во Скопје

АД за стопанисување со станбен и деловен простор најава изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола и во Скопје.
„Интензивно работиме на нови комерцијални градби кои ќе ги понудиме по прифатливи цени на заинтересираните граѓани. Оваа година нè очекуваат активности за неколку комерцијални згради, во Охрид и Битола по две и една поголема локација во Скопје во делот на Јужен булевар“, изјави директорот на АДИССДП, Кристијан Трајковски, по денешната средба со министерот за транспорт, Благој Бочварски.
Според Трајковски, има интерес за комерцијалните градби на државата, бидејќи становите се по конкурентни цени.
„АД е регулатор на пазарот на цените на сите комерцијани објекти што се градат. Во општина Аеродром кај двете комерцијални згради почетната цена на наддавањето беше 850 евра. На последната продажба на зградата во Аеродром во тек на ископот на почетокот на градбата се продадоа 46 од вкупно 50 станбени единици, што зборува доволно за интересот на граѓаните за купување станови преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Цената од 850 евра согласно постапката и Правилникот по кој се продаваат овие станови порасна до 1.050 евра која е повторно конкурентна во однос на цената на приватните инвеститори“ – рече Трајковски.
Бочварски и Трајковски најавија и изградба на уште четири нови социјални згради во Пехчево, Дебар, Сарај и во Кочани. Во план се и преговори со Централно европската банка за поддршка на нов проект.
Министерот Бочварски информираше дека за оваа година од буџетот на Министерството за транспорт и врски проектирани се 134 милиони денари за изградба на социјални згради. На терен во тек е изградба на 574 станови во седум општини. Во Пробиштип се градат 48 станови, во Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16, а во Гевгелија 52 станови.
Економија
Бислимоски: РКЕ не носи одлука за крајна цена на водата, само предлага минимална и максимална цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека не носи одлука за крајна тарифа за цената на водата, туку определува минимална и максимална просечна тарифа во рамки на која советот на општината на предлог на комуналните претпријатија носи одлука за висината на тарифата за граѓаните.
„РКЕ во моментот има ограничена надлежност во однос на крајната тарифата на цената на водата на пиење. Според законските можности, РКЕ само предлага минимална и максимална тарифа за три години, а понатаму Јавните комунални претпријатија одбираат дали ќе прифатат една од тарифите или нема да прифатат ни еден предлог. Минималната тарифа обезбедува основно функционирање на јавното комунално претпријатие без ниедна инвестиција, додека во формирањето на останатите се вкалкулирани неопходните инвестиции за следната година. Во изминатите години сведоци сме дека општините најчесто се определуваат за минимална просечна тарифа, која не обезбедува инвестиции па се соочуваме со дефекти во водоводната мрежа. Поради оваа пракса, РКЕ бара во целост да ја преземе надлежноста за формирање на тарифата за вода“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Во однос на одлуката за просечната тарифа на општина Штип, од РКЕ информираат дека со утврдената минимална тарифа овозможуваат ЈКП „Исар“ да ја задржи истата цена како 2020 година.
„Во нашата одлука максималната цена е пониска од цената којашто ја побарале од ЈКП ‘Исар’. За домаќинства ЈКП ‘Исар’ побарале 46,68 денари, а минимална според нас може да биде иста како и сегашната, а максималната 46,39 денари. Дополнително ЈКП ‘Исар’ побараа зголемување на цената на отпадните води, но Регулаторна комисија предложи да се намали“, посочува Бислимоски.
Економија
Бесими: Годинава нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст

Годинава нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. На среден рок, очекувам повисоки стапки на раст на економската активност и достигнување на просечно ниво од 5% во следните 5 години, со паралелна фискална консолидација во насока на одржливост на растот, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ и е еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите.
На панелот на кој учествуваше министерот Бесими, учество земаа и вицепремиерите и министри за финансии на Хрватска и Унгарија, како и министрите за финансии на Полска и Бугарија. На форумот на Еуромани редовно учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, раководители на финансиски институции и инвеститори. Во дискусиите и анализите на учесниците, секоја година, вниманието е насочено кон најважните прашања за финансиските пазари и воопшто за економиите во Централна и Источна Европа и важи за редок настан од таков формат којшто овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставниците на институциите што донесуваат политики, така и на претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и на инвеститорите.
Министерот Бесими истакна дека годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1% во 2021 година, согласно основното сценарио. Ова сценарио претпоставува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети, поволни ефекти од економските мерки, како и зголемена доверба кај потрошувачите и инвеститорите.
Тој посочи дека редизајнирањето на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст-SmartER Growth Policies се цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување на побрз економски раст на среден и долг рок. Главна цел е на среден рок, како што посочи министерот, да се забрза економскиот раст од 2,6%, колку што бил просечно годишно во претходните десет години, на околу 5% просечно во следните пет години, а притоа да се постигне и фискална консолидација за да се обезбеди одржлив и инклузивен раст.
Министерот за финансии Бесими рече дека одговорот на пандемијата од страна на нашата Влада преку фискалната политика бил брз, внимателно таргетиран и значаен од аспект на поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население. Четирите пакети на економски мерки беа насочени кон поддршка на домаќинствата и нивната потрошувачка, помош за фирмите со цел одржување на работните места и подобрување на нивната ликвидност, но и нивна поддршка за инвестиции и извоз. Тој посочи дека државната помош преку различни мерки ќе продолжи и во 2021 година, со цел побрзо закрепнувањена домашната економија и создавање основа за забрзан економски раст на подолг рок.
Во однос на привлекувањето на странски директни инвестиции, министерот за финансии рече дека новите законски решенија се во насока на привлекување на инвестиции кои ќе продуцираат поголема додадена вредност. Тој посочи дека во изминативе години учеството на извозот на компаниите во ТИРЗ во вкупниот извоз на стоки од економијата постојано е во пораст, достигнувајќи 43,5% од вкупниот извоз во 2019 година. Министерот Бесими истакна и дека како резултат на странските инвестиции во зоните има подобрување во структурата на извозот, односно зголемување на учеството на производи со повисока додадена вредност, главно машини, транспортни уреди и хемиски производи, кое во 2019 година достигна 57,2% од вкупниот извоз, наспроти 17,3% во 2010 година.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира