Контакт

Економија

Договорот меѓу Русија и Бугарија за „Јужен поток" има потреба од промени

Објавено пред

Меѓувладиниот договор меѓу Русија и Бугарија за гасоводот „Јужен тек ” од јануари 2008 година треба да се промени за да можат и компании од други земји-членки на Европската унија (ЕУ) да добијат пристап до гасоводот, изјави претставничката на ЕК Маралина Холцнер.

„Овој меѓувладин договор има потреба од промени. Тој треба да биде усогласен со законодавството на ЕУ”, рече таа пред новинарите во Брисел.

Барањето да се обезбеди пристап на трети правни лица до гасоводните капацитети се содржи во Третиот енергетски пакет, одобрен од властите на ЕУ на крајот од 2009 година.

Официјално третиот пакет треба да стапи на сила во март 2011 година, но е предвиден адаптивен период од две години./крај/риа/ит



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Милевски: РЕК „Битола“ го води принуден управник и произведува политичка струја

Објавено пред

„РЕК Битола работи со минимален капацитет со тоа се доведува снабдувањето на струја среде грејна сезона.РЕК Битола, има принуден управник, в.д. управник, тутор на генералниот директор на РЕК Битола или што има ? Ова прашање се слуша последните неколку месеци низ Битола, откако во РЕК Битола производството на електрична енергија од ден на ден е со помало и понеизвесно дали ќе работи РЕК Битола, или поради немање на јаглен ќе се исклучат сите три блока“, изјави Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

Според него, човекот за кој се зборува дека е принуден управник, е Љубчо Кижевски, помошник директор за производство на АД ЕЛЕМ Скопје, кој сега е во функција на генерален директор на РЕК Битола.

„Кижевски често шета во РЕК Битола со придружба на физичко обезбедување, за на висок тон да сее страв меѓу вработените со закани за казнувања или бркања.Вработените се сомневаат дека тој однос е последица на неговата нестручност зошто моменталниот проблем е немањето на јаглен, а принудниот е електро инжинер. Но, сега за битолчани остануваат неразјаснети многу прашања : зошто на генералниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, кој има над дваесет годишно работно искуство во комбинатот него му е испратен „принуден стручњак” кој никогаш нема работено во РЕК Битола и е кадар на РЕК Осломеј кој не работи повеќе години и секогаш работел полошо од РЕК Битола и е пред затворање? Дали Кижевски е испратен од генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски да го контролира Ќурчиевски како директор на РЕК Битола, како претседател на Општинската Oрганизација на СДСM во Битола? Дали со присуството на Љубчо Кижевски во РЕК Битола се подобри состојбата за производството или резултатот од неговата работа е повторно поплавен рудник, празна депонија и минимално производство на електрична енергија?

ВМРО-ДПМНЕ- Битола како конструктивна опозиција му предлага на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, поранешен пратеник на СДСM и поранешен претседател на Општинската организација на СДСM во Битола внатре партиските борби да ги решава во рамките на партијата, а не преку работењето на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола каде жртви се стабилноста на енергетскиот систем на државата, вработените и сите граѓани на Република Македонија. Ова ќе го постигни само ако си поднеси оставка на сегашната функција од причина неспособност и комплетно да си се посвети на својата политичка кариера која изгледа дека е на залезот, а со тоа и на РЕК Битола ќе му обезбеди барем посветла и подобра иднина“, изјави тој.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поевтинува

Објавено пред

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 како и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,268 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099%, дизелот има намалување за 1,215%, екстра лесното масло исто така има намалување од 1,321 %, додека кај мазутот има зголемување од 1,124% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,740%.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Аутлет-акција во „Нептун“ – Голема распродажба по неверојатни цени за огромни заштеди!

Објавено пред

Само од 25 до 31 јануари во сите  продавници на „Нептун“ има аутлет-акција, голема распродажба на производи од сите категории по неверојатно ниски цени за огромни заштеди!

#АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN. Не  пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер аутлет-цени на производи од сите категории, АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, изберете од најдобриот избор и уживајте во OUTLET понудите!

Покрај оваа аутлет-акција, активни се и многу други промоции во кои има супер понуди! Може да купите Apple уреди со попусти и до 24 рати без камата, LG производи со големи попусти и до 24 рати без камата, Samsung најнови производи на пред-нарачка и попуст, и акции со премиум уреди за големи заштеди.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг-опрема, смартфони и ИТ-уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ49 минути

Џудо федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички кои му биле ученички,...

Македонија4 часа

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија5 часа

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Македонија5 часа

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението. Oд кабинетот на Пендаровски информираат...

Македонија6 часа

Царовска: Законска обврска е да ја организираме матурата за учениците кои се пријавија за полагање

Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието,...

Топ6 часа

Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11 часот...

Македонија8 часа

Новиот британски вид на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика...

Топ8 часа

Казни од по 2.000 евра за скопјани затекнати на групна прослава во стан во Капиштец

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казни од по 2.000 евра за лица кои не ги почитувале мерките против...

Свет8 часа

Во пукање во Индијанаполис петмина мртви, меѓу кои и бремена жена

Пет лица, вклучително и 19-годишна бремена жена, се убиени во пукање во северниот дел на Индијанаполис. Еден малолетник е тешко...

Топ8 часа

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоупотребувал малолетни ученички

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено...

Регион9 часа

Брисел денеска расправа за дистрибуција на вакцините за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за ажурирањето на стратегијата за дистрибуција...

Европа9 часа

Од денес заострени мерки во Австрија, задолжителна маската ФФП2

Откако дневниот број на новоинфицирани во Австрија остана на постојано високо ниво, но и поради појавата на британскиот вид коронавирус,...

Свет10 часа

Бајден ја укина одлуката на Трамп и си донесе своја – нема влез во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, повторно воведе рестрикции за влез во САД за повеќето луѓе кои не се Американци, а...

Свет10 часа

Документарен филм од 2017 година фрла ново светло на приказната за потеклото на коронавирусот

Институтот за вирусологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе долго време се наведува како можен...

Спорт1 ден

Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен...

Спорт1 ден

Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија

Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското...

Македонија1 ден

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион1 ден

Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19 развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“...

Регион1 ден

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Топ1 ден

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце кое потекнува од 2001 година

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле оружје...

Досие