Контакт

Економија

Девет правни и физички лица пријавени за изградба на хотел во општина Центар

Објавено пред

Девет фирми и приватни лица се пријавиле на јавното наддавање кое денеска се одржа во Министерството за транспорт и врски за градежна парцела од 8.745 квадратни метри за изградба на хотел во Општината Центар.

Оваа парцела е опфатена во Деталниот урбаниситчки план „Центарлно зеленило покрај Вардар-Парк 2“. Почетната цена на јавното наддавање изнесуваше 61 денар за еден квадратен метар, а на крајот на наддавањето таа достигна 2.500 денари за еден квадратен метар.

За најповолен понудувач е избран Марјан Јованов кој понудил највисока цена, односно за целото земјиште ќе треба да плати 21.9 милиони денари или 358 илјади евра.

Според законските прописи, најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето. Доколку не го стори тоа во законски пропишаниот рок земјиштето не се оттуѓува. По извршената уплата се склучува договор за оттуѓување на градежното земјиште, а со договорот понудувачот се обврзува да го солмизира истото, да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект, како и да го изгради според рокот за градење согласно Законот за градење. Доколку објектот не се изгради во договорениот рок, договорот се раскинува./крај/со/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Германската компанија „Ипротекс“ ќе инвестира пет милиони евра во ТИРЗ Скопје

Објавено пред

Германската компанија „Ипротекс“ и Дирекцијата за технолошко-индустриски зони го потпишаа договорот за државна поддршка, со кој оваа германска компанија, дел од групацијата Innotech & Iprotex, се обврза на инвестиција од пет милиони евра и отворање минимум 30 работни места во ТИРЗ Скопје 1. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термоизолациски материјали.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, посочи дека станува збор за прва инвестиција за 2021 година, скромна по обем, но важен чекор во однос на реализацијата на инвестициските планови. Тој додаде дека се воведени и нови механизми за отвореност и нови практики во функционирањето на ДТИРЗ.

„Првпат презентираме планови и делови од државна помош, која за оваа компанија ќе биде до 50 % од реализираните инвестициски трошоци и субвенции со удел од 20 %, како и даночни и царински ослободувања. Кај оваа компанија имаме значително поместување во однос на платите. Просечната плата што ‘Ипротекс’ веќе им ја исплаќа на вработените е 10 % над просечната плата во ТИР-зоните и 11 % над просекот во преработувачката индустрија. Нашата цел е зголемување на платите на работниците ангажирани во индустриските зони за 30 до 50 % до 2024 преку зголемена продуктивност на трудот. Со странските инвеститори веќе разговараме за сет мерки со кои ќе инвестираме во програми и вештини кои се насочени директно кон луѓето, а ќе придонесат кон продуктивност на компаниите“, рече Деспотовски.

Управителот на „Ипротекс“ во Македонија, Блаже Левовски, рече дека фирмата е формирана во 1999 година и дека има шест фабрики што се на четири континентни и две продажни претставништва.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка: Структурата на меѓународната инвестициска позиција на македонската економија е поволна

Објавено пред

Народната банка ја објави анализата „Меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, со посебен фокус на македонската економија“ на Дијана Јаневска-Стефанова. Во анализата акцентот е ставен на големината и структурните карактeристики на меѓународната инвестициска позиција (МИП), која претставува разлика помеѓу финансиските побарувања што земјата ги има од странство (остатокот од светот) и финансиските обврски кон странство. Притоа се укажува на сѐ поголемото значење на овој показател во периодот по глобалната финансиска криза поради што тој е вклучен и во анализите на одржливоста и ранливоста на надворешниот сектор на меѓународните финансиски институции и на другите носители на политиките.

Во анализата е даден кус осврт на МИП на земјите од регионот во периодот пред и по глобалната економска криза од 2008/2009 година. Кај сите земји во регионот МИП има негативна вредност, што значи дека сите економии имаат поголеми обврски кон странство отколку побарувања, што е и за очекување имајќи ја предвид фазата на економски развој и потребата од надворешно финансирање на економиите во форма на странски директни инвестиции, заеми и слично.

Динамичката анализа покажува проширување на негативната позиција во периодот пред глобалната криза, а во посткризниот период главно се забележува подобрување. Структурно гледано, пред кризата се забележува дека најголема улога за промената на МИП имаат директните инвестиции, а ефект имаат и тековите што создаваат долг. Во посткризниот период директните инвестиции и натаму растат, но побавно, а тековите што создаваат долг се помали поради процесот на раздолжување, карактеристичен за овој период.

Од аспект на одржливоста на екстерната позиција, според еден од ретките нумерички показатели за МИП од процедурата за нерамнотежи на Европската комисија (МИП-одредница  -35 % од БДП), повеќето анализирани земји се наоѓаат над оваа препорачана граница. Имајќи ги предвид недостатоците при формирањето единствен нумерички показател за земји со различно ниво на развој, Меѓународниот монетарен фонд во своите редовни извештаи квалитативно ја проценува екстерната позиција на секоја земја.

„Имено, за целосна слика, покрај висината, треба да се земе предвид и структурната поставеност на МИП по инструменти, која во нашиот случај е поволна поради високото учество на директните инвестиции од речиси 90 %. Во согласност со наведеното, оцените на ММФ за македонската економија не упатуваат на поголеми ранливости во надворешниот сектор“, се заклучува во анализата.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Кинескиот милијардер и сопственик на „Алибаба“ се појави во јавноста по повеќе од три месеци

Објавено пред

Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, објави видео на интернет, со кое заврши неговото речиси тримесечно исчезнување од јавноста, што доведе до шпекулации за неговиот статус и деловната империја.

На видеото, кое трае 50 секунди, Ма им честита на наставниците поддржани од неговата хуманитарна фондација, но не го коментира своето исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговата група „Алибаба“ и групата „Ент“ се под надзор на инспекцијата.

Видеото се појави на кинеските бизнис-вести и на други интернет-страници, објави АП.

Некои странски медиуми, како британски „Глобал тајмс“, го објавија видеото на своите социјални мрежи.

Ма последен пат беше виден на 24 октомври кога ја критикува финансиската инспекција на самитот во Шангај.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет2 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија3 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ3 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет3 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет4 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија4 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет17 часа

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет17 часа

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија18 часа

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија18 часа

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Македонија20 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија23 часа

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија23 часа

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија1 ден

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија1 ден

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет1 ден

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија1 ден

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија1 ден

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет2 дена

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Досие