Контакт

Економија

Тројката ЕУ-ММФ- ЕЦБ во Атина

Објавено пред

На почетокот на неделава во Атина пристигнуваат претставници на тројката ЕУ-ММФ( Меѓународен монетарен фонд) и ЕЦБ (Европска централна банка) , за да направат проценка на напорите за спасување на јавните финансии, направени од грчката влада, која се подготвува во четврток да го претстави буџетот за 2011 година во парламентот. Претставниците на трите институции треба да одлучат дали ќе и дадат зелено светло за исплата на третата транша од 9 милијарди евра – 6,5 од еврозоната и 2,5 од ММФ . Со или без планот ЕУ-ММФ дефицитот и проблемите си се наши сопствени проблеми.Грчкиот премиер Јоргос Папандреу не исклучува евентуално продолжување на рокот за исплата на 110-милијарди заем во евра, кој во мај и беше доделен на Грција од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија.„Фактот што денеска можеме да зборуваме за предоговарање, се должи на едно нешто: ја докажавме нашата сигурност, покажавме волја за промени. Ние, грчката влада и грчкиот народ ја докажавме нашата волја да се промениме. Во спротивно никој не би разговарал со нас евентуално предоговарање“ изјави вчера Папандреу во интервју за неделникот “Прото Тема” мислејќи на ригорозните мерки за штедење, донесени во мај во замена за доделување на 110 милијарди евра на Грција од земјите од еврозоната и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)  за да се избегне банкрот. /крај/бгн/ит

Економија

Општините за украсување за Нова година потрошиле 405 илјади евра

Објавено пред

За украсување за Новата 2021 година, општините потрошиле 40 % помалку пари од лани, а новогодишни пакетчиња купиле 56 институции. Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.

За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е сепак за 40 % помалку од лани. Од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година. 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а 3 општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година.

За разлика од дочекот на ланската година кога тендери за украсување имале Градот Скопје и седум скопски општини, за дочекот на оваа година тендери имале Градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар. Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава.

И годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми – Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на половина од тендерите имало само по една понуда. Новогодишни пакетчиња за 2021 година купиле 56 институции. 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 купиле пакетчиња во вредност под илјада евра за што не се спроведува тендер. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари.

Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими-Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Објавено пред

Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада.

На средбата, министерот за финансии ја запозна амбасадорката со концептот на СМАРТ финансии, во насока на зајакнување на планирањето, како и следењето на реализацијата на мерките кои се преземаат и нивниот импакт врз економијата и општеството. Министерот ги претстави и реформите кои се прават од аспект на буџетот и неговото извршување, како и Интегрираниот систем на управувањето со финансиите – ИФМИС.

На средбата стана збор и за изменувањето на Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал со Швајцарија со Протокол, согласно правилата на ОЕЦД, во насока на зајакнување на одредбите од постојната спогодба, фер даночен третман и поголема даночна транспарентност.

Министерот и амбасадорката дискутираа и за досегашната соработка помеѓу двете земји на економски план, како и искуствата за справување со последиците предизвикани од пандемијата Covid-19. Министерот за финансии посочи дека очекувањата за нашата економија за годинава се стабилизација и закрепнување. Преземените антикризни мерки и мерките кои допрва ќе се преземаат ќе придонесат за тоа, а се очекува и со слабеењето на кризата, довербата на инвеститорите да расте, како и забрзување на економската активност во целина.

Швајцарија е наш партнер за реформските процеси во земјава во областите на транспорт, животна средина, економски развој и демократско управување преку голем број на проекти кои се реализираат и кои допрва ќе се реализираат во земјава. Беше изразена подготвеност за поддршка на нови проекти кои ќе придонесат за подобрувањето на стандардот и демократско владеење.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Маркоска: Исплатени околу 48 милиони евра за поддршка на плати во последниот квартал

Објавено пред

Во последниот кавртал од 2020 речиси 48 милиони евра се исплатени за поддршка на исплата на плати, информираше на прес-конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Таа вели дека и во време на силна глобална економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ покажала дека се грижи и застанува зад секој поеднец и компанија која има потреба од помош.

„1,2 милијарди евра преку четири пакети економски мерки завршија директно кај граѓаните, кај компаниите. Една од најзначајните мерки од овие пакети е финансиската поддршка за исплата на плати за работниците вработени во компании погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. Со оваа мерка спасивме стотици илјади работни места и помогнавме десетици илјади компании. Според јавно објавените податоци, во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари, односно близу 48 милиони евра. Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании. Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени“, рече Маркоска.

Како што најави, во финална фаза се мерките од петтиот пакет чија реализација треба да почне наскоро со цел да продолжи поддршката за најпогодените од кризата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

ЕУ испрати инспекција во фабриката на „Астразенека“ поради доцнењето на испораката на вакцини

Белгиските регулатори почнаа истрага во фабриката за производство на вакцини на компанијата „Астразенека“ близу Брисел. Истрагата ја побара Европската комисија...

Македонија2 часа

Заев: Ако „Телеграм“ не ја затвори групата „Јавна соба“ ќе го блокираме да не се користи во земјава

Испративме категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на...

Македонија4 часа

Се очекува британскиот вид на вирусот да стане доминантен во Македонија

Откако беше откриен првиот случај на британскиот вид на коронавирусот, доктор Горан Кунгуловски вели дека тој во наредниве месеци најверојатно...

Македонија4 часа

Транспаренси: Македонија најлошо рангирана досега во борбата против корупцијата

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година објавен денес од Транспаренси интернешнл открива дека корупцијата придонесува за уназадување...

Свет5 часа

Гејтс откри колку пари вложил во вакцините

Бил и Мелинда Гејтс објавија годишно писмо на својата веб-страница во кое зборуваа за можните последици од оваа и идните...

Свет5 часа

Француската армија заплени рекордни 4,2 тони кокаин спакувани во 177 пакети

Официјални претставници на француската армија на карипските острови Мартиник и Гвадалупе објавија дека запленија рекордни 4,2 тони кокаин во блиските...

Свет5 часа

Трамп ужива во Флорида, Пенс стана „бездомник“

Додека Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во прекрасниот имот Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот поранешен заменик заврши на улица....

Топ6 часа

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за бесправно градење...

Свет6 часа

По 14 дена во карантин, СЗО конечно влезе во Вухан

Тимот на СЗО излезе од карантинот во Вухан за да започне со работа на терен за откривање на фактите за...

Свет7 часа

Белата куќа бара меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен...

Свет7 часа

„Астразенека“ и ЕУ пред договор?

Продолжува драмата околу средбата меѓу претставниците на „Астразенека“ и членките на ЕУ. Средбата заврши доцна синоќа, а еден твит сугерира...

Свет8 часа

Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката...

Регион8 часа

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00:28 часот во областа Петриња....

Македонија17 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет21 час

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет21 час

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија22 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија24 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија1 ден

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија1 ден

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Досие