Економија
Полска од ММФ побара проширување на кредитната линија

Владата на Полска испрати молба до Меѓународниот монетарен фонд – ММФ, во која побара за уште осум милијарди долари да и биде проширена кредитната линија. Во официјалното соопштение на ММФ се наведува дека првиот заменик директор, Џон Липски ја поддржал иницијативата на полската влада, пренесуваат светските агенции. ММФ во мај годинава на Полска и одобри кредит во висина од 20 милијарди долари, кој ја искористи тнр. „флексибилна кредитна линија“, што им е достапна на земјите со добри економски показатели. Средствата од кредитот се наменети за зголемување на девизните резерви на Полска и се депонирани во Централната банка. Полска е единствената членка на Европската Унија која во 2009 година ја избегна рецесијата. Владата во Варшава и покрај тоа е принудена да се бори со буџетскиот дефицит, кој оваа година би можел да биде осум отсто од бруто домашниот производ. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.
Економија
Одржана работна мисија на Светската банка во Народната банка: натамошна поддршка за унапредување на решавањето банки

Финансиски експерти од Центарот за советување за финансискиот сектор (ФИНСАК) при Светската банка остварија средба со гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и со надлежните тимови на Народната банка. На средбата се разговараше за досегашните и за идните активности во рамките на техничката поддршка којашто Центарот за советување за финансискиот сектор веќе подолг временски период ѝ ја дава на Народната банка.
Во фокусот на оваа техничка поддршка е операционализацијата на функцијата за решавање банки, во согласност со новиот Закон за решавање банки. Активностите во овој домен се насочени кон подготовка на упатства, работни процедури и алатки што ќе ѝ овозможат на Народната банка ефикасно и навремено да ги спроведува своите надлежности во оваа важна област. Станува збор за практична поддршка при градењето на капацитетите потребни за подготовка на плановите за решавање банки и при оценувањето на можноста за нивно решавање, соопштуваат од Народната банка.
Покрај ова, како дел од пошироката соработка, се разгледаа и сегашните активности поврзани со управувањето со климатските ризици од страна на банките. Техничката поддршка од ФИНСАК во оваа област вклучува помош за подобрување на супервизорските пристапи преку вградување на климатските фактори во процената на ризиците на банките, како и за воспоставувањето на климатските стрес-тестови за банкарскиот систем.
Соработката на Народната банка со ФИНСАК е долгогодишна и од неа досега произлегоа значајни постигнувања, особено во делот на подготовката на подзаконските акти коишто произлегуваат од Законот за решавање банки. Решавањето банки претставува важен инструмент за заштита на финансиската стабилност, којшто овозможува контролирано справување со проблематични банки без нарушување на интересите на депонентите и на даночните обврзници. Народната банка и натаму активно ќе работи на зајакнување на регулативата и на институционалниот капацитет во согласност со најдобрите меѓународни практики, со цел да обезбеди сигурен и отпорен финансиски систем, се додава во соопштението од Народната банка.
Економија
100.000 во твојот џеб за 15 минути! Сѐ што ти треба,на дофат на рака со Mint Visa Card

Во светот каде времето е сѐ поважно, Mint Visa картичката доаѓа како одговор на потребата за брз и едноставен пристап до финансии. Процесот на аплицирање е целосно дигитален и трае само неколку минути, по што одобрените средства се веднаш достапни на картичката. Ова ги елиминира долгите чекања и сложената документација, овозможувајќи им на корисниците да ги решат своите финансиски потреби веднаш.
Со Mint Visa од 100.000 денари преку Mint Credit, конечно имаш картичка што го следи твоето темпо – спремна за само 15 минути. Брзо. Безбедно. Секогаш достапно.
Mint Visa картичката ти стои на располагање 24/7. Аплицирај денес и добиј ја твојата Mint Visa.
• 100.000 денари достапни веднаш.
• Без депозити, без бескрајни формулари.
• Потполно онлајн преку One ID – каде и да си.
Зошто Mint Visa?
• Смарт шопинг – Плати безбедно на сите интернет продавници.
• Спонтано патување – Резервирај билети и хотели брзи и едноставно.
• Секојдневна сигурност – Подготвен си за сите непланирани трошоци.
• За 15 минути си спремен да купуваш – Онлајн, во продавници, каде и да си.
Заборави на комплицирани процедури и бесконечна документација. Со Mint Visa, добиваш пристап до 100.000 денари, точно тогаш кога ти се најпотребни – за што и да посакаш.
Без чекање. Без хартија. Без нервози. Само сигурен пристап до средства, токму кога ти требаат.
Добиј ја твојата Минт виза картичка во една од нашите филијали или преку Mint Credit платформата или јави се на 15 107 за повеќе информации.
ПР